Да бидам искрен, јас сум. Иако од почеток песната негова ми е најлоша, не очекував дека до толку може да е сељак. Се пријавил да претставува држава на Евровизија, во најавата за песната се уби од зборење како за него Евровизија е нешто многу големо, а во меѓувреме лајка твитови дека евровизија е скапана без музички вредности, и против претходни претставници. Не можам да сфатам која е логиката. И на крај овој да победи? Брука.
Кога беа Битола финалистите од Мк идол, во бившо Де Ниро мислам ги имаа донесено, одамна постоеше местово заборајв, јас и пола клас напалени чупиња чекавме посебно за него на најголемиот студ да излези за да се сликаме. Сигурно имаме чекано двете заедно, баш убо ми текнува на целата ситуација. И преразочарани си заминавме, Викторче истрча брзо брзо во комбето да не го силуваме и ништо од слика. Не го ни видов асолно, а колку бев само заљубена во него. Исто и правев групи на фб за него од типот Виктор Апостоловски повеќе од Христијан Тодороски мајмунот, За сите оние кои го сакаат Виктор итн итн.. Сега ми е срам, скапоцено време профуцкав на Супермено. То е таа битолска линија бе, си влечи. Од кал да е, Битолчанец да е. Затоа и поштено за него си гласав.
Некако многу беа во филм дека се Кели Кларксон, а не обични дечиња на Идол. Ептен ги маваше тој филм долго време
Огромна грешка што се пријави со Англиската верзија. Ем има повеќе емоција, ем има автентичност, ем многу повеќе симпатии ќе собереше од Македонската публика. Штета.
Па добро бе, ко што одиш на работа си ја плукаш работата, шефот, колегитеа пред нив се преправаш, мора да работи нешто
Подобра е македонската верзија да, но тоа не го менува фактот дека песната не е за Евровизија. Пак фали нешто, тотално еднолична композиција е. Ќе се изгуби помеѓу вокалите кои ќе се помоќни од нејзиниот. А знаеме дека сигурно ќе има изведувачи кои ќе растурат вокално на сцената. Балада на настан како Евровизија може да пратиме само со артист кој има моќен, продорен и чист глас. Како што беше случај со Калиопи и Тамара.
Добра е. Инаку сега ги слушав песните од националните избори во Израел и Литванија. Шо да се каже, ко да ни е потребна временска машина, бар едно 5 години да не мрдне понапред. Литванците ќе изненадат со нешто уникатно ми се чини.
Пријатно изненадување е македонскава верзија. Многу поголема емоција се постигнува. Подобар успех би се постигнал со оваа. А и убаво е што има некаков уникатен изговор и при обично зборување, кое вака доаѓа до израз, за разлика од англиската каде реално изговорот е малце климав.
Ушите да им ги јадете и на Андреа и на Јон, секогаш мора некоја конзерва ваков муабет да напраи баш за најдобрите Мене сеа на второ-трето слушање ми влезе у уво песната на Јон, не знам како ми се провлече, баш ваков софт алт-рок стил обожавам
Не само за најдобрите, се изначитав сѐ и сешто за сите шесторица, ко животот да им зависи од тоа што погаден муабет да извадат. Јон ми е најслушан од сите уште пред изборов. И ич не ми е криво што нема да влезе. Мислам идејата со пријавувањето им е да го дознае поише публика. Ако сум у право, секоја им чест затоа што им успеа.
Е мене и новава верзија од Лара ми е тапа. И се гледа дека неа ја форсираат и неа ќе ја изберат, стручното жири ќе заврши работа. Слободно, не мора да влеземе во финале.
Веќе и sponsored на Инстаграм излегува. Форсирање на максимум. Некој друг излегува sponsored? Мене досега само Лара.
Ја пак ќе кажам. Татко ѝ на Лара платил за сите па нека јадам и бан И стварно не ми е јасно што е проблемот со спонзорирање на песните. Таков е денешниот маркетинг, за разлика од порано кога мафтаа со кафиња, лименки кока кола/пиво у сред спот.
Не знам што сте се згнале кој и колку платил. Така функционираат работиве, ако нешто не сакаш да глеаш стисни "сокриј ја објавата" и мирна Босна.