Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреа со Circles ќе нè претставува на Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 21 јануари 2022.

  1. Pure_Evil

    Pure_Evil Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Според судбината на оние кои излегоа од такви шоуа до сега откривме еден тон неверојатни таленти и ги уништивме со одвратни песни пред да започнат кариера.
    Мислам дека поише ни требаат нови автори и продуценти.
     
    На Glowy, fast_and_curious, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  2. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Воопшто не е точно.
    Од сите млади пејачи Лара убедливо највеќе ми има излезено во sponsored, после нејзе некаде Калина. Така и имам слушнато за нив, ама кога ги видов какви се ми станаа одбивни.

    Реално ако си е квалитетна песната, воопшто не и е потребна таква реклама од секој ќош да ми излегува.
     
    На venus♡ и Traveler91 им се допаѓа ова.
  3. Pure_Evil

    Pure_Evil Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Некаде погоре го објаснив и ова дегутантно е да се повторувам на вакви оркестрирани муабети. Еве најсвеж пример Слаткар има нова песна провери дали е спонзорирана.
    За тоа што ви пречи дека излегуваат констатиравме дека постои многу едноставно решение и се вика hide add. Тоа што некој ви станал антипатичен затоа што го има на спонзорирана објава е исто така ваш проблем. Не на оној кој спонзорира. И на јутуб би излегуваат секакви реклами па пак го користите и не ви е антипатичен.
    И на крај тоа зошто ви излегува Лара, а не Цеца да речеме, или најновиот албум на некој бенд од Нова Гвинеја го одредуваат алгоритмите на вашите активности на интернет. Така што иако не сте свесни потајно сакате да ја гледате :)
     
    На Опортунист му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.151
    Пол:
    Женски
    И така да е, после сите скандали и вреѓање буквално секоја година, храброст и лудост е да се пријавиш.
    Конечно последниве години имаме добри песни и вокали, овие се млади и надежни нека одат нека се испробаат, ако ништо друго барем нема да не' избрукаат. Посекако бодирањето често е по комшиска линија и пласманот не зависи од квалитетот.

    Минатата година мислам дека победниците ги подигнаа стандардите и за песна и за изглед, не очекувам некој да воодушеви годинава.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Дај бе отвори си тема Лара и пишувај таму, знаеме дека ти е фаворит, утепа на темава, само анти реклама и правиш исто како и спонсорството на инстаграм.

    И те молам не споредувај со Слаткар!
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Да
    ги сумирам

    Лара-Млако, не ми е за на Евровизија оваа песна... Да и беше во стилот на "некогаш ќе помине" ќе навивав за неа, вака... Сори Лара :D

    Јон :inlove: 2ра фаворит после Андреа, иако баш баш не е за на Јуровижн, ама не се знае... Може ќе се прослави :P преубав глас, нежна песна, ја бендисвам многу

    Кали Не и ја ни запамтив песната, значи сосема неприметна

    Оној со Берлин:x, не ми се допаѓа
    Исто и за песната на Виктор, лично воошто не ми се допаѓа:nod:

    Андреа ми е. Бр1:l: ја имам поодамна наслушано со песната "i know" и ептен светски звучи.
    Евровизиската и е полн погодок од прва ми влезе во уШе8-|
    Се надевам ќе победи, а ако она не победи се надевам на Јон
    А ако и Јон не победи, тогаш среќно на победникот :rofl::rofl::rofl:кој и да е:hai:
     
    На senjorita-v, M@C@, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Ништо посебно, дури и разочарувачки се сите.
    Незнам дали никој нормален не се пријавува, или пак толку немаме квалитетни пејачи, ама ова е стварно мизерно.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    11.637
    Пол:
    Женски
    Ја преслушав и македонската верзија на Лара. И тоа двапати ја пуштив, да видам што испуштам, бидејќи прочитав дека е мнооооогу подобра.
    Искрено мене ми се речиси исти, ајде може за нијанса македонската е подобра, ама сепак, млако.

    Како и да е, кој и да биде изберан, ќе ја добие мојата поддршка.
     
    На sweet-cherry, Guns N` Roses и RedRevolution им се допаѓа ова.
  9. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Да се потсетиме на нашите претставници до сега.
    Вака кога се навраќам од денешна гледна точка, прво Тамара (без конкуренција) па после неа Калиопи 2012 ми се ежење, а добри се скоро сите.

    За жал доста од претставниците што сме ги пратиле се одлични вокали со утнати песни, на пример, Тоше (RIP);(, Калиопи (вториот пат), Тијана, Васил, Влатко Л., Каролина (вториот пат), Ѓоко... What a waste of talented musicians. :(

    Не требаше на пример Есма (RIP);(, да оди воопшто, барем не штом немаа смислено некое песниште кај што можеа да го уклопат нејзиниот стил на музика, она беше ужас белосветски.

    Сосем просечна ама супер евровизиско хитче ми беше Русинка на Влатко (RIP и тој кутриот).;(

    Не знам за вас, ама мене едни од најсимпатичните ми беа Некст Тајм, имаа и супер изведба и супер песниче.

    Тоа ми е вака општото гледање на досегашната наша евровизиска историја.

    Зошто го ставив ова во темава.
    Затоа што сакав да ги споредам со овие сега што се кандидати за евровизиската сцена.
    Искрено? Песниве може лесно да се вбројат меѓу најпросечните што сме ги праќале.

    Така да, финале би било поклонето со било која од песниве. Ама ќе навиваме , секако. :D:D:D


     
    На Ugly Duckling и Pure_Evil им се допаѓа ова.
  10. Pure_Evil

    Pure_Evil Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Намерно не ги спомна Јаневски и ХХЛ? :)
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.403
    Пол:
    Женски
    Кое видео? Има ново некое?

    Нов, млад пејач што сака да се пробие нормално дека ќе се рекламира. Не е Бијонсе што нема жив што не ја знае, Лара е.Кој и да е од нашиве пејачи, нормално дека ги презентираат песните, ако порано повеќе се рекламирале на тв сеа на социјални мрежи ќе искачаат каде што повеќе луѓе ќе ги видат, не знам што е толку страшно што се фативте за постовите по инстаграм.
    Уствари не е само за нашава земја, за цел свет важи, ако сакаш да се пробиеш наоѓаш начин да се рекламираш, нема да ти дојдат луѓето дома да те слушаат.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.147
    Пол:
    Машки
     
    На senjorita-v и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.403
    Пол:
    Женски
    Убава ми стана песната ама не знам изразиве што ги прави....:D
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.296
    Пол:
    Женски
    А што и фали на однесувањето? И на изразите? :?:

    Иначе, ги ислушав песните и сите ми се... мех... ВеЧ виЃено од пред 100 години отприлика.
    Кога веќе се глупираме, бар да биде целосно... затоа јас сум супермен да оди :rofl: (иако не знам дали ќе му помине песната, пошо е копија на гангам стајл)
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.147
    Пол:
    Машки
    Имаше пишано дека ова и' е меѓу идеите за настап на Евровизија.

    Со ваков настап не може таму, нема импакт.
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.296
    Пол:
    Женски
    А шо треба да прави според тебе? Повеќе емоции да покаже или ко здрвена марија да дреме? Или емоцииве што ги покажува не се соодветни?
     
    На Panicarka21 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Па да, Владо Јаневски имаше солидна песна и сосема солидна изведба, своевремено, потоа Евровизија отиде во сосема друга насока и не ми е споредлива песната со тоа што сега може да пројде на Евровизија. До тогаш Евровизија држеше некое ниво на сериозност, потоа се сменија критериумите..

    А ххл нема па зошто да ги спомнам, да речам сироти шо убава песна укакаа, или шо убаво испеаа, само уште некој да знаеше песна да им напраи?:rofl:
    Ни тоа ни тоа.(facepalm)
     
    На Pure_Evil му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.147
    Пол:
    Машки
    И повеќе емоции да покаже, и повеќе соодветни движења, не само панични движења според инстинкт. Со оваа песна не може сама да е на сцена. Треба повеќе ефекти.

    Знам дека не е спремно се тоа и затоа во оваа фаза не се објавува евентуален сценски настап.
     
    На senjorita-v и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.296
    Пол:
    Женски
    Според мене, ваков тип песна не можеш да ја отпееш со однапред припремени изрази на лице или пак емоции. Песната се доживува и како таква се пренесува на публиката. Така што... најдобар настап ќе биде оној кој ќе му дозволи на изведувачот да ја испее и интерпретира песната како што ја доживува.
    Пропратни сценски настапи и ефекти се друго и истите немаат врска со фацијалните експресии на изведувачот.
    Што знам... можеби грешам, ама мене најубави балади ми биле оние кои изведувачот ги интерпретира со најмногу емоции. И се гледа кога истите се изглумени :!: На пример Каљопа... она за се паѓа во несвест :rofl: и секаТ има исти емоции |(
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.147
    Пол:
    Машки
    Не можеш за настап на Евровизија ништо да оставиш на случајност :) Сите се претходно мнооогу вежбани и спремани, вклучувајќи и однесување на сцена.
     
    На senjorita-v и RedRevolution им се допаѓа ова.