Исто. Ако ептен се бира меѓу песните на Лара и Андреа, подобро нека биде песната на Андреа. Иако и двете песни ми се мех. Не знам, кој и да се избере, мислам дека годинава нема да имаме некој голем успех. Ќе видиме, може грешам...
Јон со песната може само да предизвика некој да заспие, ама ако треба да се бира од машките поарно он да иде отколку Виктор или Рис. Поарно досадна успаванка отколку идиотско истакнување на егото. Од девојките, или Андреа или Кали.
Сите песни имаат потенцијал за доработка, освен онаа на Виктор. Таму тоа е тоа, со текстот нема шо да се праи. И не знам зошто ама јас мислам дека сите можат да се најдат таму и да звучат ок. Ама сакам бе малку нашиве да почнат да се борат за 1во место, а не само пуста надеж за финале. Абе да ПО БЕ ДИ МЕ СА КААААМ!
Не бе луѓе, Тамара е жив пример дека квалитетот се цени. Да беше повеќе сакана дома, да ја ценевме ние, да имаше ултра силно лобирање и заинтересираност од наша страна, можевме до врвот. Тврдам! И ако, пак нека има на ти-дај ми со гласовите, доволно е сите да ти дадат поени, а повеќето 8, 10 и 12, ете ти победа, има простор и за тоа, ама што е добро, си крцка.
Хахах смешки, овде имаше вмешано политика, требаше да се промовира “North” , затоа ја напикаа на првите места.
Абе види, мене ми се свиѓаат сите песни. А уствари ни на Рис ни на Јон песните не се за Евровизија, иако се највише мој стил. Ич не се таму, ама реков ќе звучат ок, ништо повеќе.
Мене толку ми се одмилија песните, шо буквално сеедно ми е кој ќе отиде, особено знаејќи дека тесно ќе биде за пласман во финалето. Шо можеби е и подобра опција отколку да се резилиме со 0 поени од телевоутинг на крај. Не ми е јасно, кога ги комонираат/пишат песните, не им паѓа на памет да видат изминатите години шо се пласирало високо или пример шо е популарно на музичката сцена денес? Или чекај од нафатлин ќе извадиме нешто, ќе го рециклираме и нека тера таму некој тинејџер, па повеќе среќа нареден пат.
Луѓе не се зафркавајте, никому не сме му толку битни за да ни го "промовира" името. Кој фактор е земја од 2 милиони жители, ко прво. Второ некој на најголемиот европски фестивал ќе го промовира нашиот политички проблем. Ве молам. __________________ Абе ејјјјјј тука срцето од чорап сум си го вадела луѓееее! Дајте ве молам направете место за кралицата.
А ти стварно ли мислиш дека сме толку важни некому? Да бевме, немаше и име да ни се смени и јазик и самоопределување да ни виси на конец. Тамара кога ќе ја викне песнава, вознесува. Може за инает само да зборите. Си заслужи 1во место, и повеќе од телевоут заслужи. Кралица!
Се сеќавам колку бев возбуден, на моменти ми се плачеше од возбуда и среќа... Можеби секој не го доживува ова вака, но како евровизиски фан.. Не можам да опишам Не верувам дека во наредните неколку години ќе имаме пак таков успех. Јас не мислам дека беше победничка песна, ама, требаше да бидеме во Топ 5, за жал бевме underrated од televoting. Тоа беше според мене единствено наше претставување кадешто и песната и сценскиот настап ни беа погодени.
ф а к т и Тогаш +/- ми се врати пак изгубената желба за Евровизија. Онака ко ќе видиш дека имаш нешто квалитетно да понудиш. Па и Васил после ептен силен вокал иако песните беа мех, ок едната поќе од другата, едната беше океј. И сега Виктор има шанси со Супермен да е. Се ежам од помислата.
Кој бе, дома бевме 6 души друштво, од кои као само ја гледам Евровизија, а они као не се замараат и дури мислат дека и не треба да учествуваме. Абе ВРИШТЕА НА СЕКОЈ ПОЕН У ХОР!
Многу погрешно размислуваш. Баш спротивно, да бевме толку неважни немаше да смениме ниту име ниту се и никој немаше да се замара со нас. Ќе бевме ко Молдавија, Лихтенштајн и сличните небитни, али јбг таква ни е местоположбата. А дека Евровизија е дел од политиката преку која индиректно се праќаат пораки е јасно. Србија победи баш кога се оддели Косово. Украина победи кога започна конфликтот со Крим. А на Дима Билан жирито апла му ја украде победата, и редица други случаеви. На Тамара навистина и беше топ песната, и ќе поверував во се, само да не беше баш истата год откако го променија името. Се утепаа од зборење норд, да не заборавиме и Тамарче им пееше во тогашната кампања, па настапот на Евровизија и беше некаква награда за тогашните нејзини ставови. Ништо не беше случајно.
Да, жири од скоро 40 држави и даде по некој поен на Тамара бидејќи го сменивме името. Е до толку сме битни. Како ви имаат логика овие аргументи јас не можам да сфатам.
Песната на Андреа си ја вртам секој ден, одлична ми е. А металка сум, и не слушам таква музика, но „погоди“ нешто во мене. Лара е предосадна, до минута ќе ислушам и гасам, не можам... Кали има моќен вокал (во минатото пеела и рок) и ми фаќа уво, но некако тој жанр беше популарен на Евровизија пред 10+ години. Од маживе никоја не ми се допаѓа. Виктор резили, туѓ срам ме фаќа кога го гледам...