Утре (04.02, Петок), во 21:15 на МРТ1 започнува Стисни Плеј, емисијата преку која утре во тој период ќе дознаеме кој е победникот на "За Евросонг 2022", а со тоа и личноста која ќе нè претставува на овогодинешната Евровизија во Торино, Италија!
зошто да не и е? Лани Тикс на МГП во полуфиналето пееше на Норвешки, Ut Av Mørket, во финалето на Англиски, Fallen Angel.
Затоа што ова е провидна тактика за привлекување гласови. Треба да е недозволено до крајот на гласањето да се објавуваат нови верзии. После ваква игра дефинитивно не ми е сеедно дали ќе победи Андреа или не.
И мене ме ми е јасно како некои очигледни работи неможете да ги сфатите. Многу јакото жири Доволно е да тргнеме од нашето за кое се крстиме секоја год по кој основ се избрани тие членови. Така што ништо поразлично не се ниту другите. Е баш тие таквите диригирано и политички гласаат. Затоа секоја година се случува да бидат форсирани некои песни од жирито за да на крајот да освојат малку гласови. На некои изгледа не им е јасно дека нема политика само во нашата држава, туку има и надвор и тоа во многу сфери.
Каква шпанска серија направија со ова гласањево Требаше да има гласање 20/30 минути и потоа жири и толку. Ова на ништо не личи
Кали во никој случај нема добиено толку легитимни гласови.. Така да, најверојатно победува Виктор или Андреа од онлајн гласањето.
Сите се тепаат за Лара и Андреа. Лара имала гласови, море Кали ќе испанде со врските. Леп и провод во Италија