Се знае дека е наместено, тоа е сигурно. Исто така, се знае дека било кој од нив може да си направи сам илјадници гласови на свое конто (плус реалните што ќе гласат за него/неа).
Им пишав порака на мрт и еве што ми вратија: Гласовите се регуларни и се сметаат како еден глас од една иста IP адреса, без разлика дали се гласало од еден или повеќе пребарувачи. Дополнително, сите гласови испратени од нереални пребарувачи (incognito mode и сл.) се нерегуларни и неважечки. Гласањето е се уште во тек и истото завршува утревечер во 20 часот. Поздрав, Eurovision Macedonia Team
Малку нереално ми е да гласале толку многу луѓе, знаејќи дека многумина не се замараат воопшто и ниту знаат дека има гласање (иако ќе ми биде мило ако бројкиве се вистински во однос на вкупен број на гласачи), а нереална ми е и разликата во гласови, песните се горе-долу тука некаде, никоја не се двои толку многу за да има толкава драстична разлика во број на гласови.
Мене ме многу буни што Лара има убедливо најмногу прегледи на песната на youtube, дури и македонската верзија за кратко доби повеќе прегледи од оргинал верзиите на Андреа и Виктор, а според гласовите реално, слабо. Од друга страна пак, Лара секад има доста прегледи на нејзините песни, па многу можно да нема тоа никаква врска со гласањето. Шознам..
Би требало да оди Виктор добра му е песната и сценски би се претставил ок, за ваков скап циркус како Евровизија е таман. А дефинитивно не сакам да оди онаа шо филозофираше дека најпрво пропеала после прозборела Андреа, ептен одбивна е.
Ме заинтересира со бројов на прегледи и ги разгледав. На youtube убедлива е Лара, Андреа, Јон и Супермен се приближно тука, па Кали и Рис на крај. А според прегледите на play.mrt каде се објавени целосно песните Супермен има најмногу, Јон и Андреа приближно исто, па Лара, па Кали и Рис скоро ист број на крај. И според прегледиве нерални испаѓаат гласовите. Ќе видиме вечер.
Врз бројот на прегледи на youtube големо влијание има спонзорирањето. Јас мислам пресудно ќе биди мислењето на комисијата, а не бројот на гласови.
А на инстаграм, Андреа и Виктор мислам дека имаат најмногу прегледи. Уште една перспектива, јас мислев дека Лара е фаворит на публиката, а анкетава на темава ме изненадува. Којзнае што ќе се случи, којзнае.
RIS FLOWER - “FLYING TO BERLIN” - 2632 KALY - “LOVE AND LIGHT” - 70326 LARA - “FLOWER OF SORROW” - 9288 YON IDY - “DREAMS” - 7912 ANDREA - “CIRCLES” - 25021 VIKTOR APOSTOLOVSKI - “SUPERMAN” - 53524 Моментална состојба на гласовите. Најјако ќе е ако МРТ не ги смета за невалидни фејк гласовите, а мислам дека нема..