Годинава изборов за песна на евровизија ќе биде собир на аматерство. Никој од поискусниве пејачи не се пријавил очигледно. Башка со 6 песни малку ми е тажничок изборон, кога ќе споредиме со Србија пример. Од пријавениве ги знам Виктор, Андреа и Лара, за другиве прв пат слушам. Лара ја знам зошто ја претераа со промоции до степен што ми стана антипатична и не ми се слуша ништо од нејзе. Андреа ми изгледа ко ептен кул лик, се надевам бар дека ќе има убава песна, башка е и вокално ептен способна. Ама како што кажа некој погоре, ќе победи песната за која што мама и тато платиле најмногу, да бидеме реални. А за тоа типувам на Лара. И да, океј е аматер да пратиш на Евровизија, имало многу успешни. Ама ние сме Македонија, кај нас никој нема да се замара да ги спреми за кога ќе отидат таму да бидат претставителни и како што треба. Повеќево никад немале настап пред толкава публика може да ги фати трема и толку треба, ко пример со Eye Cue, што беше тоа луѓе... И не е дека плукам само, него реално мислам дека имаме нешто подобро да понудиме. Пример лично ако еве сакаме да праќаме некој млад, Funk Shui се супер, имаат ептен искуство, башка алтернатив рок бендчиња често проаѓаат океј на евровизија. Влатко Лозановски со стварно убава песна исто би поминал одлично.
Единствен што според мене треба да оди на Евросонг (мислам дека еднаш беше) е Влатко Лозаноски. Човекот има харизма, глас, шарм, карактер. Знае како треба на бина и како да комуницира со публиката. А ова денес дечиштава се некои мамини мази што со пари сакаат да се пробијат во музичкиот свет. Да, играат улога и парите во некои сегменти на музиката, но главниот сегмент е гласот, па пороа идат другите особини што ги набројав погоре за Лозано.
И јас типувам за Лара. Ем поради постојаното форсирање, но и поради болдираниве кои речиси секоја година се креатори на нашата евровизиска песна. Од друга страна, жал ми е што од 40-тина песни ќе имаме шанса да чуеме само 6. Требаше да биде како во Србија, да се даде подеднаква можност на сите. Ова воопшто не оној национален избор кој јас го замислував.
Мојата прва реакција беше кои се овие и од каде тоа ние имаме 47 композиции, се пејачи во државава, а естрада 0 во моментов. Немам против што се анонимуси и некој што не се знае, ако е квалитетен и добар треба да се прослави. Настрана ова, ми смета што немаме прилика да ги слушнеме сите 47, зошто само 6 и врз која основа се избрани овие 6. Друга работа е кога веќе даваат ние да избираме, не знам како ќе се претставени песните, ама искрено сакам да им видам сценска изведба, не спот или аудио само, затоа што пример Јана убава песна, ама сцената ја изеде.
Песните ќе бидат објавени како lyrics видеа ако не се лажам. По примерот на Бугарија (2021) и Романија (2020) по сè изгледа.
Песните ќе и бидат претставени на јавноста во специјалното издание на Стисни Плеј вечерва со почеток во 22:00ч, а паралелено ќе бидат и поставени на онлајн платформа каде што јавноста ќе може да ги прегледа и да гласа за својот фаворит. Врз основа на Конкурсот за избор на национален претставник и композиција за Евровизија објавен во декември минатата година и согласно Правилникот за национален избор на песна и претставник, стручното жири при Македонската Радио Телевизија селектираше 6 современи композиции за кои Македонската Телевизија потоа изготви лирик видеа. Во оваа форма, песните ќе и бидат претставени на јавноста во специјалното издание на Стисни Плеј вечерва со почеток во 22:00ч, а паралелено ќе бидат и поставени на онлајн платформата https://evrovizija.mrt.com.mk каде што јавноста ќе може да ги прегледа и да гласа за својот фаворит. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена, односно од вечерва 28.01.2022 до петок 04.02.2022 година. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката. „Видно возбудена, а сепак спокојна со шарени мисли во главата.“ - вели Кали, а за нејзината песна “Love & Light” опишува дека носи моќна и актуелна порака, која секој од нас треба почесто да си ја повторува — сите ние сме создадени од љубов и светлина, но за среќа треба труд и борба. „Живејте пооптимистички со свртени стрекли од моралниот компас во вистински правец“ - порачува таа. Виктор Апостоловски ќе ви претстави многу самоуверена тема, насловена “Superman”, a за Евровизија вели дека сонува од дете. „Тоа е сцена која отсекогаш сум сакал да ја освојам и мислам дека Superman носи таков заразен грув што сите ќе ве размрда. Се надевам дека публиката ќе ја почуствува енергијата што сакаме да ја донесеме на сцена, пораката што сакаме да ја пренесеме и ќе вибрира на нашата фрекфенција.“ - вели Виктор. За “Flower of Sorrow” Лара вели дека со возбуда и нетрпение чека публиката премиерно да ја слушне и истакнува дека и е исклучително важно слушателите да ја почуствуваат емоцијата која песната ја носи. „Многу ми е мило што песната успеа да влезе во изборот и има реални шанси да биде одбрана за претставничка песна на Евровизија. Ова е прилика што ја чекам долго време и со нетрпение го очекувам резултатот.“ - изјави Јон Ајди. За тематиката на својата песна “Dreams” вели дека е отсликување на една дилема меѓу сонот и тешкотиите во реалноста, но сепак со весела мелодија и се надева дека публиката ќе ја доживее како среќна песна. Андреа пак не крие дека со денови мисли на моментот кога “Circles” ќе се пушти во етер и кога конечно дојде денот, таа не е возбудена, туку превозбудена. Вели: „Домашната публика сега повеќе ме познава, што значи дека до некаде имаат очекувања, затоа се надевам дека ќе ги достигнам тие очекувања, а можеби и ќе ги надминам. Одвај чекам да видам што мисли публиката за “Circles”.“ Подеднакво возбуден е и Ris Flower кој се натпреварува со песната “Flying to Berlin”. „Со нетрпение го очекувам моментот кога македонската публика ќе ја почуствува огромната енергија и емоција испреплетени во мојата песна. Во целиот тим владее возбудлива атмосфера. Верувам дека пораката која ја носи песната ќе допре до секого.“ - истакнува тој. Бидете со програмата на Македонската Телевизија вечерва во 22:00ч, гледајте Стисни Плеј и поддржете ја песната која сметате дека најдобро ќе не претстави на Евровизиската сцена во Торино годинава. Победникот ќе го имаме на 04.02.2022. Среќно! https://mrt.com.mk/node/69477