Баш ми е мило дека победи Андреа. Виктор мислам дека ќе се снајдеше таму, ама искрено онаа песна имаше ужасен текст, немаше како да се оправи. Андреа звучи одлично во живо, сега треба да работи на тремата за да не ни се повтори она со Еye Cue. Мислам со доработка на песната, вежбање, смислување добар сценски настап, добар оутфит, можеби со вокали позади имаме шанси да биде навистина супер. Да бидеме реални оваа песна беше најдоброто од понудените за на Евровизија.
Зошто Андреа, зоштооо??? Толку години пуштаме песни и никако да научиме дека со тажаленки не стигаме до финале, освен ако се работи за некој ептен квалитетен вокал од типот на Тамара или Калиопи. Ужас!
Денешните спонзори беа Дадар и уште еден, не запамтив име, претпоставувам дека е креатор!? Се надевам и се молам да не е одговорен за стајлингот на Андреа на сцената. Кошмари имам уште сега. Сори.
Немаат толку пари за да го платат Дадар да оди да ги шминка на Евровизија, не се грижи.. А и човекот толку лошо шминка, очобол е..
Ми олесна што не го избраа Виктор. Јас прва би гласала за ваква откачена песна ама ова беше мизерно, застарено, копија на гангнам стајл. Затоа не ми се свиде. За Андреа гласав а нема да ми пречеше и Лара. Останатите без некој потенцијал.
Фановите на Виктор на Фејсбук се жалат како 12.000 гласови се претвораат во 12 поени, а 4000 во 8. Луѓево немаат ни гледано Евровизија еј...
И јас очекувам нешто вака. И без многу движења и само неколку ефекти позади. Многу може да нѐ чини настапот. Ама ајде може ќе изненади.
На Тамара песната врвот и моќта ги доживеа со настапот во живо. Според снимките од Youtube како пее Андреа во живо мислам дека добро ќе ја изведе песната. Најмногу ми сметаше самата организација на емисијата од страна на мрт денес, демек ајде да направиме нешто, да се пушти во етерот. Требале да смислат да договорат со сите кој и да победи ќе пее во живо или пример сите ќе испеете во живо отколку двапати реклами да одат, сигурна сум така збунето немаше да изреагира Андреа ако знаеше однапред.
Бум бум, зурли и тапани, нешто што не било до сега прикажано на Евровизија...Буквално би поминала и во финале, башка има и тело и стил.