Мене искрено, иако ми е јасно како се претворени поените, не ми е јасно дали имало потреба да бидат евровизиски во случајот
И правилно што жирито имаше предност, затоа што ОВИЕ РЕЗУЛТАТИ НЕ БЕА ВАЛИДНИ. Можеше да се гласа по повеќе пати. Лично гласав од телефон 5 пати без инкогнито, од био линкови на Инста профили. Плус Инкогнито. Плус од други уреди можеше. Така што, овие гласови од публиката губат на вредност. Ако имаме пак Национален избор, се надевам дека гласањето ќе е преку смс. Old but gold.
Точно, многу грозно реагираа на песната. (Најголемиот дел од публиката). А тоа е доказ дека не треба нашата публика ништо да одлучува. Еве и вечерва се покажа. На овие стави им турбо фолк во конкуренција, тоа ќе победи.
Од публиката гласовите се: Виктор Апостоловски со Superman освои 12.621 гласови Андреа со Circles освои 4.300 гласови Јасно е кој е убедливиот победник избран од македонскиот народ.
Мора да промрчам малку. Нејасни ми се правилата каде што странското жири се зема ко пресуден фактор место гласовите од телевоутинг. Знам сеа некој ќе рече дека може да се праат местенки со онлајн гласовите али и господинот Мјолнар од Исланд може се јавува од соседното студио 2 у Мтв, ху ноуз Песничето е убаво, на плејбек добро звучи девојчето али немам големи очекувања. Како и да е со среќа нека и' е, се надевам ќе и' помогне у натамошната кариера
Кога веќе се настојуваше на тажаленкиве барем таа на Лара да беше. Башка и најавуваше дека ќе пее на македонски.
Можеби јавниот сервис го аплоуднал последниот крик на технологијата па прави совршени монтажи Шала на страна каква беше организацијата денес не ме чуди да прогласија погрешен победник..
И јас прво гласав регуларно за Андреа, па по второ слушање се заљубив у песната и цела дискографија на Јон, па отворив инкогнито и гласав и за него, еве да си признаам Иначе баткава Виктор уствари сакал да прати длабока "men's rights activism" порака... Мажи, you matter and you can do anything - you can tik, you can tok, you can boom boom bang
Аи, тие микрофон немаја а не па грин скрин. Македонска работа сме, секогаш циркузи има па почнавме на се' да се сомневаме. А на ФБ одма почнаа коментарите против Андреа. Ко ви реков лудост е да сакаш доброволно да одиш на Евровизија. Ете млада, одлична, одма и' ги сечат крилата вака, одма демотивација.
Аман бе луѓе, најдобриот победи ако ги ставиме сите критериуми на лист и доста више споредувате дајте и поддршка малку на девојката.
Поддршка Андреа од мене! Верувам во девојката па и да не победиме барем да не ми е криво што ќе се прошета низ Италија и ќе ги запознае Монескин
Божо бе Ви благодарам на честитките, ќе ја претставам Македонија во вистинско светло Текст: Божидар Божиновски Аранжман: Зоран Ѓоргиев Стајлин: Иснифарис Џемаили
Страшно е колку прост народ имаме. Стари госпоѓи се расправаат по fb дека нивниот фаворит изгубе и виновна им е Андреа, со многу погрдни зборови ја навредуваат и напаѓаат, срамота за годините што ги имаат... Толку...
Не ве разбирам. Девојчето немало искуство, ќе се изгубело на сцена, ...И што? Па и да ја заборави песната големо чудо. Ние колку добри и искусни пеачи пративме и пак не беа доволно добри за овој шунт наречен евровизија. Дај олабавете малку. Што и да направи не е важно. Со среќа Андреа, ти посакувам да си пројдеш супер во Италија.
Не ми се верува шо глеам. Луѓево петиција ќе почнуваат Виктор да го праќаме. Оној па Дарко Влогс сељандурата ако не објави стори нема жив да остане.