Се шалам де. Не сум до толку. Лошо го изразуваат револтот. Не треба да се потценува нејзиниот талент заради неферските правила на МРТ. Дефинитивно би била супер претставник да имаше подобра песна. Оваа не ми баш евровизиски тип.
Знам, исто. Спојлер: Не отворај Се надевам овај пат нема да е залудно чекањето. За нас си победник! Свака чассс. Не сум манијак, се зафркавм, последен пат ветувам.
Од изборов на песни најдобро ќе беше да не учествуваме. Туку бар нека ја средат во стајлингот, јакнава ме потсеќа како ко бевме помали па ти купуваат поголемо за догодина да го носиш. И подочници до земја…
Само да напоменам дека при вакво изедначувања на Евровизија се дава предност на публиката. Ама не, мора тука исклучоци...
Мене не ми е јасно од каде излезе оваа лавина од негативни коментари за Андреа. Секако дека никад ништо не ви одговара, ова ќе беше кој и да го избереа. Како да чекавте резултати да го насочите вашиот песимизам. Хаос.
Какви се не коментари ќе прочитам, па нормално дека ќе ја средат како што ги средуваат сите за на сцена.
"I can play with your body" активизам на нивоУ. Од кога ја изваде таа ПМС песната со текст "Ние сме жртви на тие приказни тажни" и доби критики милион, гледам уште продолжува со mеn's rights.
Имав некое претчуство дека Андреа ќе оди. Гласав за Виктор песната ми е ептен интересна и можеше да се изведи и осмисли баш супер настап таму. Незнам како би прошла на сцена баш требаше да испее да видиме какви вокални способности има во живо. И пак и пак со жалопојка то ми е криво, секоја година истото еден ко статуа дреми и пеј. Виктор беше сигурен победник ако немаја исто гласови. 12 илјади за Виктор гласале ама стварно песната е интересна и влегува во уши. Штета...
Релевантно е што на тој начин креираме слика дека сме лгбт држава. Сепак ова е Балкан, не е Западна Европа. Треба да испраќаме претставник што ќе ја претставува државата. Евровизија не е Валандово фест па пеачите лично да се промовираат
Ај ќе се правиме дека не разбираме. Значи не ми е гајле кој што е ама за евровизија е апла дека тие што се поддржувачи многу боље проаѓаат