Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреа со Circles ќе нè претставува на Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 21 јануари 2022.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.702
    Допаѓања:
    16.279
    Пол:
    Женски
    Ама не сеа, стварно некои членови претерувате. Убава е песната на Андреа, треба да се дообработи и ќе биде топ, се надевам дека ќе се снајде на сцена затоа што нема толку искуство и ќе ми биде многу драго да влеземе во финале,ама која е потребата да се навредуваат останатите кандидати па и тие што гласале за нив. Мене фаворит ми беше Виктор на другар ми Андреа, него песната на Виктор не му била за на Евровизија и што сега требаше да ми рече глупа една, сељанка со заостанат мајндсет . . . Индиректно тие што сме стегнале лајк за Виктор горе на прашалникот не правите магариња, мислам осет малце. Најинтересно е тоа што на истите што песната на Виктор им е дно дна, истите тие се попалија за Локо Локо на Хјурикејн, ама нее тоа не беше шунд (facepalm).
     
    На Ivan4e04, Need for Speed, FridaodaMk и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Trepidation

    Trepidation Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    bukvalno ne te razbiram
     
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.591
    Пол:
    Женски
    До негде ги разбирам политичариве наши|(
    Да се избереше Супамен пак ќе гракавте.
    Крајот да не можи да ни го најди чоек.
    Шо луѓе ќе бевме бе ејјј:headbang:
     
    На Srckata28 и Glowy им се допаѓа ова.
  4. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.634
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека организацијата на цела емисија беше катастрофа. Како што веќе пишавте, и јас очекував изведба на песните во живо.

    Што се однесува до гласањето, не знаев дека странско жири ќе гласа, стварно се изненадив. Ама некако мило ми е, повеќе за ништо не им верувам на луѓето во нашата држава.
    Гласовите од публиката ме изненадија. Не толку високите бројки на Кали и Виктор, колку последното место на Лара.

    За настапот на големата сцена, мислам дека најважно е да се направи сцена со добри елементи. Нешто различно, посебно. За стајлингот не ми е гајле, нека биде и во сако и во дуксер, и во пиџами ако сака. Ни коса, ни шминка не мора да средува како за свадба на сестра.
    Сметам дека треба да се појави токму таква каква што е.
    Исто и изврдбата, емоциите, изразите. Да, треба да има некаква подготовка, секако, ама нека ја изнесе со такви изрази и емоции како што таа ја доживува.

    Мене Андреа ми беше фаворит од почеток. Се фаќам самата како ми се врте песната во глава и си ја потпевнувам.
    За вокалните способности не можам да коментирам, се надевам дека ќе даде се од себе и ќе не претстави во најдобро светло.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    јас се уклучив на пола емисија некаде.
    Идејата за странско жири според мене беше супер.
    Искрено годинава мислам дека стварно се потрудија да покажат дека нема местенки.

    И организацијата во тој поглед беше сосема коректна. (y)


    Да не бидеме толку критични и да пискаме на секој избор дека се местело.

    Песните се тие што се.
    На Андреа реално беше најубава од понудените. Си направи убава песна, па сметам дека Со мала доработка и вежби, мислам дека може добро да не претстави.

    Мое чудење е за пејачот Виктор со Супермен. Не ми е јасно како зема огромен број на гласови од публика? :?: Дали е познат некој овој Виктор , или едноставно толку лош вкус имаме? Не ми е јасно стварно? Немам ништо против дечкото, ама едноставно песната и однесувањето не се за национален избор.:(
     
    Последна измена: 5 февруари 2022
    На Saliii, staycalm, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.222
    Пол:
    Женски
    Боса нека излези :D
    Мајтап настрана

    Слични ми се некако со Андреа, ова ти е класично добра песна, добар настап облека ништо посебно, вокал одличен и апсолутен победник.
    Светлосни години сме далеку од ова.
    А чоекот што сметам дека требаше да победи со ова песна a не со Believe.
    Имаше се за победа, вечна болка ми е ова сите години:D
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Пак нема да е НОВИНАР....
    Од МТВ барем би требало да имаат стандард за зборот новинар некој, да не се брукаат.

    @Bezimenka90 на апарати, гледам не победила Супермен.... Тажна ли си жено?
     
    На Bezimenka90, GirlRose, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Като сесре оти вакво предавство...

    Не можеме, како да поддржиш било што од МТВ организирано, просто е од старт утепано :D
    Последен пат кога сум поддржала било што од МТВ било Мечето Ушко што даваа во недела вечер :D
     
    На Ugly Duckling, Glowy, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  9. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Да и мене тоа ме зачуди. А презимето како и е?
     
  10. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Па и сношти беше на сцена, или тоа не се смета?
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.613
    Допаѓања:
    39.139
    Пол:
    Женски
    Амин за ова, како се имаат фатено за евровизија како де е најголемото зло и фестивал кај што се трошат најмногу пари, еј, кое преувеличување.

    Мене ми е јасно дека на луѓето никогаш нема да им се угоди, каков начин на гласање и да има пак нема да е релевантен за компетентното мислење на македонската публика, и сите шест да отидеа пак ќе се најдеше забелешка.
     
    На staycalm, Glowy, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.987
    Допаѓања:
    133.706
    Вчера емисијата беше дно. Таа едната слабата кашлаше додека ја водеше емисијата. Беше облечена у алишта најмалку 10 броја поголеми. Некако имам чувство дека имаат една гардероба у МТВ и сите си облекуваат што најдат, па на овие денеска им се погодиле алиштата за нова година од Петранка Костадинова и Благица Павловска.
    Пејачите не пееја. Не знаеме во живо што ќе биде од нив.
    Среќа викнале странци да гласаат. Онлајн гласањето им беше утка и мислам свесно беше направено така, не верувам да се толку глупи на толку ит луѓе, комшијата да го прашале ќе помогнел.
    Песната е убава, девојката да ја средат малце, нека се освести дека треба да пее у живо не да паѓа у несвест вчера на бина да ја држат у сред МТВ.
    Нека ја промовираат песната и да имаат јака бина, не да идат наораде дека е лезбејка, тоа е веќе застарено, ама оваа може ќе каже дека е деј, сеа тоа е модерно, за гласови. Ама оди песна да пее не да кажува каков секс сака и како се осеќа, треба да пее.

    Мило ми е што не е Супермен, ептен опа гангам стајл беше.
    Мислам дека океј е оваа што ја одбраа, ама да и се посветат малце.
     
    На Ivan4e04, fana, dipsidipsidipsi и 10 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.310
    Пол:
    Женски
    Добро што не гледав вчера, само ќе се нервирав. Луѓево не сватија дека Евровизија е шоу , а баш се надевав дека Виктор ќе победи, ќе направеше бум таму. Затоа и никогаш нема да влеземе веќе во финале :swear:
     
    На venus♡, senjorita-v, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас искрено се сомневам дека Виктор би направил бум.
    Дечкото е премногу стегнат за да излезе бар малку од комфорт зоната и да направи нешто спектакуларно. За песната не правам муабет.

    Честитки до Андреа, се надевам нема да ја саботираат нашиве, бидејќи преочигледно е дека годинава сме на дно со буџет.

    [​IMG]
     
    На Bezimenka90, crimson, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Машки
    Културата и свесна во Македонија е на најниско можно ниво, затоа секој паметен избега од државата поради ваквите работи. Патем, кога веќе настана ваквата ситуација, секој од учесниците пред да испратат песна на конкурсот сигурно ги имаат прочитано правилата (исто како кога потпишував барање за кредит - ги читаш условите). Сигурно во делот на условите е наведено дека при ист број на гласовите предност ќе имаат гласовите од стручното жири - и штом конкурирале со песна за да се борат да бидат претставник на Македонија на Евровизија сигурно се слогласиле со тоа и биле свесни дека ако се случи такво нешто треба истото да биде прифатено (што и се случи со Андреа и Виктор, и со тоа Андреа е избрана за претставник). Мислам треба да имаме свест, и да и посакаме среќа на Андреа да и дадеме поддршка и девојката да го даде најдоброто од себе, а не по социјалните мрежи (од стари до деца) да плукаме по Андреа. Без разлика кој/а освен Андреа ви бил/а фаворит сега треба на Андреа да и се даде поддршка и да престанат плукањата по социјалните мрежи, девојката не ви е виновна ништо :)

    Затоа и не сакам да губам време на фејсбук баш од вакви причини, седнале и само коментираат се прават најпаметни.
     
    На moon_lover, Glowy и M@C@ им се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    Очај беше емисијата вчера... чемер и јад. Организација 0. Идните претставници така си дремеа у позадина. Мислам дека се знаеше дека ќе победи Андреа, пошо по чему таа објава на инста пред 4 дена, дека пробуваат идеи за сценски настапи, а гласањето беше во тек ?! Гласањево и конкурсов ко реда-ради беа...
    Нејсе, по мое песната на Виктор беше catchy, ама во исто време поише глупа него catchy, можда и он си велел, секако нема да победам, па дај да напраам една заебанција чисто онака...
     
    На Snowflake97 и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ако се раководиме што странците сакаат на Евровизија, неретко се пишува за нашиот катастрофален сценски настап.
    Кога веќе си делат од колачот, пардон од државната цицка, може некогаш да инвестираат и во позадината. Не е само фрли го пејачот на сцена, па нека пее. Јана за грев беше, со глупави ефекти, па ехо, па запросување, Ај кју со очите извезени на цицка, не знаеш дали баба и везела гоблен, па го натакнала. Кајмаковски мислиш во црнечки затвор, сапунот му паднал. Единствено лани нешто што повеќе направија, али песната беше жалосна.
    Не е лоша песната на Андреја, далеку од добра, само за подобар пласман може и да се потрудат повеќе како ќе биде изведена.
    Сепак стојам зад себе, за ваков тип на натпревар, треба да го почитуваш зборот на народот. Драстично повеќе поени имаше за Виктор.
    Сума сумарум, не очекувам ништо поразлично од претходните Евровизии.
     
    На venus♡, Snowflake97 и Glowy им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.452
    Пол:
    Женски
    Ги има ли некој гласовите од публиката што ги претставија вчера?
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20220205-105713_Chrome.jpg
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.591
    Пол:
    Женски
    Да, во нормални услови треба да се послуша гласот на народот ама ние во секој поглед сме далеку од нормалното така да одлуката дека гласовите на жирито треба да бидат пресудни е валидна. Знаеме сите од каде, колку и како можеше да се гласа .. јер македонче ако не најде дупка во “законот“ , кој?

    Се на се, многу лоша организација почнувајќи од гласањето па се до прогласувањето. Ако веќе не можат да се организираат добро, не требаше да се дозволи на публиката да гласа како и секоја година. Според мене најдобро решение е оној македонскиот лек “џебот“ ака со СМС, е така гласовите можат да бидат повеќе релевантни.
     
    На crimson, Albertos, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.