Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреа со Circles ќе нè претставува на Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 21 јануари 2022.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    25.159
    Пол:
    Машки
  2. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Немој со тие "селски" финти:envy:
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
  4. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно, секогаш ќе се најде нешто за да се измрчи тој што не претстаува до крај, кој и да победеше буквално ќе се најдеше нешто.

    На Твитер Андреа ја распнаа дека напишала my country, а не Macedonia, да пишеше North Macedonia, ќе ја распнеа за North, оваа северџанка ваква таква.

    Странското жири не чинело, да беше македонско жирито одма ќе се скокнеше наместена е работата. Тука мрт можеше да поработи да побара од жирито да изгледа попрофесионално, а не како што беа видеата, прекин од дрва цепење. И ете ако толку пречи што е фул странско, еден двајца нека стават наши.

    После правилото ако е 50:50, како што гледав на официјалната страна на Евровизија, ако некој има ист број на гласови, победник се смета тој што добил поени од поголем број на држави, значи ни жири ни публика. Кај нас сите добија поени и ова не може да се спроведе, ама сигурно при изборот биле известени во ваква ситуација дека жирито имало предност, тоа можеби требаше и на почеток да го кажат. Иако сметам дека публиката треба да одбере дека сепак последниве години публиката го носи победникот.

    Крајот не може да ни се фати.
     
    На Ivan4e04, Saliii, f.girl и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.611
    Допаѓања:
    39.127
    Пол:
    Женски
    Гласовите од народот се патем нереални.Сите видовме дека може да се гласа колку пати сакаме, така што тоа паѓа во вода. Калина има 7000 и кусур гласови а нема ни толку прегледи на песната.Сум за почитување на тоа што сака народот, ама да беше гласањето легитимно.
     
    На Snowflake92, fast_and_curious, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.284
    Допаѓања:
    12.359
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со напишаното, освен за “џебот”. Впрочем со кои пари ќе настапува Андреа во Торино? Со државни секако, МРТ е државна институција, финансирана од државата, т.е. од парите на граѓаните. Сакаш да кажеш дека народот треба да преплати за да можи да има некаков удел во гласањето?

    А во однос на релевантноста на гласањето, веќе кажаа дека ги елиминирале неважечките гласови. Сеа то Виктор шо имаше најповеќе и Кали на второ место, кажува колку си “најмиле” да гласаат или пак навистина уживаат популарност бидејќи еве војна настана по социјалните мрежи.
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.450
    Пол:
    Женски
    Озбилна си? Баш си за нигде.
     
    На Saliii, Indiegurl, Rioers и 3 други им се допаѓа ова.
  8. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Никој не им е крив што секогаш паѓаат на исти работи, што не напишала Macedonia или па нека стави знамето и терај работа.

    Реков и претходно желудникот ми се превртува кога ќе прочитам мојата земја, едноставно на многумина тоа им е одбивно.
     
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Само на нашиве не им се бендиса песнава, се бунат зошто Виктор не сме го пратиле. А пусти Виктор си направи сеир со песнава, си доби еден куп views, го дознаа нови луѓе, му се изнасмеа Европа ама му е гајле, bad reputation is better than no reputation нели? Бар се збори за него.

    На странциве им се допаѓа песната од Андреа, сите се согласуваат дека треба само да се работи на сценски настап, секогаш таму утнуваме и дека може да се направи да биде изведбата навистина супер.

    Македонче не е македонче ако не се исплука по избраниот. Одма се почна со муабети ете она е лгбт, лезбејка не брука, сРаМоТа е. Ко божем нејзината сексуална определба да има врска со нејзиниот вокал. Полни со предрасуди и омраза се луѓево.
     
    На Amellie13, Ivan4e04, Saliii и 22 други им се допаѓа ова.
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    3.587
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за гласањето.
    МРТ е одговорна за гласовите, има народни пари и треба да обезбеди релевантно гласање ама кога веќе не е способна за тоа треба да се најдат други начини. Со СМС сигурно немаше да има толку многу ботовски гласови уште па ако беше цената за гласање соленка. Поентата ми е дека менталитетот ни е таков. Зошто да гласаме од инкогнито и од 100 уреди? Дека барањето дупки во правилата ни е хоби а од друга страна па и кога ни се може зошто да не, така? Затоа викам организација дно.

    Иначе нема поента тоа да беа реални гласови, особено на таа плавата. И потплатените гласови не се релевантни и затоа пак се враќам на муабетот со СМС.
     
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.284
    Допаѓања:
    12.359
    Пол:
    Машки
    Мислиш ако се СМС не може да се потплатат? Да, можеби ќе биде малку потешко да се натера некого, ама не невозможно.

    Пак ќе кажам, гласовите беа сведени на 30000. Се вртеа бројки многу поголеми, поназад во темава. Ако одиме со теории на заговор, што ако “жири комисијата” беше потплатена? Никој не знаеше кој ќе биде во жири, ниту пак имаше јавен избор членовите или одлука. Со овој пристап кон гласањето, до недоглед ќе одиме со полемизирање.
     
    На Snowflake92, Glowy и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  12. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Луѓе престанете со плљчење.
    Андреа беше најдобра и го праќаме најдоброто.

    Какви местенки, државни парк и глупости. Треба да ја подржиме како наш кандидат бидејќи може многу да понуди.
     
    На Saliii, moon_lover, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.489
    Допаѓања:
    12.571
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, од овие кандидати Андреа беше најдобра, го има тоа што се бара на Евровизија како комплетна слика на еден кандидат, иако уште првиот ден гласав за Виктор, некако ми беше многу звучна песна и неколку дена во себе си ја пеам, знам дека песната на Виктор не е Евровизиска, сакав да сменам глас, ама не ми се замараше толку да менувам ИП адреса и пак да гласам, победи најдоброто од понуденото и тоа е сосема океј.. По искуството од мината година на Русија и Украина видов дека на Евровизија тралалајки како на Виктор добиваат само од публиката гласови, од жирито ништо не добиваат..
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Најдобра беше, затоа што другото не беше ни приближно до добро за на Евровизија. За да се врти на радио, додека чекаш на семафор во кола, може да се каже дека е одлична. Има разлика од општо најдобра и најдобра од понуденото.
    Од друга страна, песната на Виктор, од глупа, поглупа не можеше да биде, ама останува во меморија и не може да те остави рамнодушен. Ако се брукаме, барем да се брукаме со нешто што ние сме го избрале. Не е прв пат, да се прати нешто што е чиста трагедија. Не знам зошто упорно секоја година се пријавуваме, процентуално повеќе завршуваме во полуфинале, него што сме учествувале во финале.
     
    На christinnn и Traveler91 им се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    25.159
    Пол:
    Машки
    Значи ај секое мрчење може да го разберам до негде, ама овие патриотиве на живци ми идат. Идете у три лепе, disrespectfully :l:
     
    На Trepidation му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    5.095
    Не можам да ве сфатам најискрено со размислувањава и со меѓусебниве навреди на најмизерно ниво.
    Зошто ако некој гласал за Виктор одма по дифолт е сељандура?! Како го одлучувате ова не ми е јасно, а и кои сте ВИЕ да кажувате за вкусот од другите? Требаше да си се задржите на коментари за овие тн. ‘песни’ меѓу кои требаше да бираме претставник за Евровизија, а не да се пукате меѓусебно кој бил сељак, а кој пе*ер.

    Не знам воопшто зашто ни мачкаа очи да гласаме НИЕ кој сакаме да оди кога на крај изборот го направија други. 8000 гласови разлика не е малку. Да се потсетиме дека на Манескин лани победата им ја донесоа гласачите како мене и тебе. Само во Македонијава никогаш нема да се слуша гласот на народов, затоа си патиме откако сме ‘осамостоени’.
     
    На Bezimenka90, IM.TMKQ, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Песната на Виктор останува во глава заради музичето ама не знам како може да ви е океј менс рајтс активизам во песна кај што се збори " I can be with your mother" такво нешто не треба да се потхранува и да се пушта на евровизија, никој веќе не зборел за правата на мажите леле леле ;(
     
    На Ivan4e04, JuLleE, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Мислам дека целата песна нема поента, така да не би навлегла воопшто да ги студирам стиховите. Наменета е за чиста забава.
     
    На IM.TMKQ, Glowy и christinnn им се допаѓа ова.
  19. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Ти си за нигде бе. Што се пријавувала на евровизија ако не сака да пее во живо, оваа на ова обична сцена не сакаше да пее, којзнае што ќе направи во Торино…
     
    Последна измена: 5 февруари 2022
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.848
    Пол:
    Женски
    Тој сам го изјави тоа за правата на мажите :D
     
    На Mantub, staycalm, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.