Дај ургирај да се затвори побрзо и тука Виктор заводил во гласови, ова веќе е претеризам, не се трпи!!!
Кој и да го избереа ќе го поддржев, и Кали и Јон, било кој да беше избран, затоа што е наш преставник, сепак вложиле и труд и средства, а секој вложен труд е вреден за почит. Мене ме неревира тоа што секогаш ќе се најде некој паметен да го критикува туѓиот избор и да го наметне својот со тоа што ќе ги омаловажи овие другиве со спротивно мислење а истите тие бараат почит . Тоа не е само во оваа тема во секоја тема е истото, отвори во темата корона, вакцини, политика, религија, во секоја тема е присутно.
Абе како можи да сте вакви, пресериозни??? Единствено можам да закажам сесија за на психолог од песната и сценскиот настап на Андреа. Жива депресија, уште коси да почне да си корни. Не ми е привлечно ни за слушање ни за гледање. Ако веќе праќавме балада, Лара беше многу подобра. Ама ајде, веќе одлучено е. Со песната влегуваме во финале само ако го решиме спорот со Бугарија и почниме преговори со ЕУ. И со Виктор ќе беше горе долу исто, ама барем ќе знаевме дека мнозинството со гласање сме го избрале, а не некое жири од странција.
Буквално. Ама и двете страни се оди ептен во крајност. Сите се артисти и имаат некаква своја автентичност. На Евровизија се победувале од Лорди, Лорен, Нета, Кончита, Дункан па и на крај Манексин. Андреа победи тоа е тоа. Виктор е изведувач со свој стил, ништо длабоко и тоа е. И на самата анкета се гледа тука дека гласовите Андреа и Виктор тие се. Не сфаќам зошто сите овие препукувања? Нит тие што ја слушаат Андреа се преедуцирани, нит тие што го слушаат Виктор се глупаци. Нит па Виктор излезе со најдобра песна досега што сигурно ќе победеше.
Мојот првичен избор беше Виктор, за него и прво гласав. Потоа приметив дека си ја потпевнувам песната на Андреа и моите наредни гласови од други уреди отидоа кај неа. Според мене, ако Андреа си остане автентична на својот стил и не ја облечат basic, може да ја освои публиката. Гледам добра шанса во неа и нејзината песна. Ја подржувам иако прво не сакав балада да пратиме. Не е обична жалопојка.
Ај што изгледаат како да се од фолк фест Валандово туку и како се "тепаа" која што да каже, сто пати се прекинаа една со друга, мизерија се
Александра ми е една од најдобрите водителки, спремна, дикција, се по ред, не мора сите ко манекенки да изгледаат. Ама вчера стварно беа пресмешно облечени, ко кловнови
Што има male empowering во песната од Виктор ?! Стиховите наклепани чисто колку да е на англиски и да има некаква си рима, тотален БС. I can fight with your father, i can be with your mother I can play with my money, yes i can play with your body I can boom boom bang, i can bang bang boom ( додека мафта со боксеви некому ? ) And I'm your only fan Како по ѓаволите може да ви се допадне ваква ѓубрарија од песна ?
Факт е дека песната нема поврзаност со male empowering и дека тексот е како дете да го има пишувано, но нема потреба да се вреѓа некој ако му се допаѓа песната, затоа што сепак е catchy. За тебе можеби е ѓубре, за некој не е. Секој слуша различен стил на музика. На некој и Flying to Berlin му се допаѓа. А имаше и луѓе што Zitti e buoni не им се допаѓаше. Затоа нема потреба да се вреѓаат луѓе ако нешто им се допаѓа или не им се допаѓа, индивидуално е.
Никој не анализира текстови за да одлучи дали ќе му се свиѓа песна. Мене ми е кринџ супермен, на некој му се свиѓа, тоа е, не мора тупење до толку.
Еве, до сега се оправав. До Торино ќе ги лекувам емоционалните рани. Врв на длабока несфатена поезија. Да не бидам unsupportive за Андреа, листам жилети на каталог за сечење вени при официјален настап. Се обидувам да се сетам на последната година кога не сме имале жалнопојка. Ама ми текнува дека на брза песна ќе треба да играат и да имаат некој поасален сценски настап. Па ко ќе размислам да, поарно да праќаме жалнопојки. Јбг.
Мене не ми е јасно зошто Виктор се обидел да даде некоја длабочина на песнава, машки права и глупости. остави ја таква да биде каква што и била намената, глупичка песна за зафрканција и тоа е тоа. Од Андреа не е лоша песната.