Не е во ред што го фрли знаменцето. Кога преземаш одговорност да претставуваш земја на еден таков настан, треба да си запознаена со некои основни работи, како значењето на националните симболи на земјата која ја претставуваш, во случајов Македонија.
Сакам да кажам не беше намерно или смислено нешто, се гледа дека инстинктивно го фрла за да се слика. Не зеде со намера да исфрли или да запали знаме. Плус млада е, нема искуство, сигурно има многу повеќе трема од што покажува.
Гледам во две теми коментирате за ова, ако сакате уште една отворете специјално за скандалов Мислам, ок е. До сега девојчето беше сосема ок, ниту еднаш не изговори Северна, неколку пати се сликаше со знамето итн.
Јас лично ова воопшто не го доживувам толку страшно и трагично, големо чудо го оставила знамето да се слика