Непочната музичка кариера а веќе завршена.Кога ќе се дигнат сега патриотите ќе биде уште на бесилка да ја стават кутра Андра што се не ќе виде и прочита. Не го оправдувам ич тоа што го направи ама верувам не беше злонамерно ниту пак промислен потег,се беше онака брзински еуфорично,го гледав лајвот и мислам дека фотографите и рекоа нешто во врска со сликањето па инстинктивно направи така да го фрли,незнам
Некој познат пред мене да фрли знаме ама да сме не знам, рандом души наоколу нема да ме налути или изнервира. Овде збориме за претставник на земја на јавен настан пред милиони, милиони луѓе.
Ко којзнае што да направила, пффф, за едно знаме на земја фрлено чудо големо. Понекогаш стварно не можам да ве разберам како уживате да сте понижувани особено на вакви клучни настани како Евровизија. Лани Васил душичка, сите грешно го сфатија Бугарското знаме на спотот , сега оваа душичка , национално обележје на државата која ја претставува го шутна, загреота сега што ќе чита . Оправдан е револтот на народот. И не дека ќе смени нешто многу.
Баш ова. Што реков погоре. Одиш на толкав настан и таков бисер си дозволуваш пред камера. Не е дека дома од комода ѝ паднало Баш и како што не е исто да згрешиш химна на час по музичко и на јавен настан пред публика или странска земја или во било каква формална прилика.
Зошто бришете мислења? Факт е дека дежурните нортмакедониџанци ќе се јават на темата Ај да организираме референдум шо викате а? Или да истетовира знаме и оваа а? Вас не ви е јасно со каква секта си имаме работа, абе имаат дремено по штабови да гласаат за неа. Тамара, бугарот па сега оваа срамови живи
До странската група за евровизиски фанови стигна скандалот, сите од страна се смеат колку сме нетачни и за што правиме скандали. Брука.
А лани што беше, нешто намерно ги сменија боите за да бидат ко на бугарското знаме? Малку ко низ магла ми е. Во секој случај први сме за бламирање.
И онака не ми се свиѓаше изборот, ама со ова го претера. Не знам како можете да го оправдувате ова. Дете од 10 години да го прашаш ќе ти каже дека знаме на држава е нешто за гордење, за возвишување. Дека на химна се станува за оддавање почит. А не па возрасна девојка. Да те избере држава да ја претставуваш и да го џитнеш знамето, додека сите гордо го веат нивното, е само одлика на непочитување на таа држава и тој народ. Особено во ваков ранлив период. Јас на нејзино место сама би се откажала и јавно би се извинила.
Немаше кој да го јаде стапот у нашата држава, па ајде дваесетгодишна девојка со очигледна, непромислена грешка. Таа направила зло. Неа да ја плукаме и црниме. Кешки вакви драма реакции да имаше за соодветните акции! Жал ми е за девојката и за нејзините што сѐ ќе се изначитаат. Не ми се верува.
Јас можам да се обложам дека 80% од овие што сега коментираат не ни знаеја дека постои таков закон. Ама битно е да се коментира. Можеби да ни беше подобро образованието ќе научеа за култура и почит кон државните обележија. А сега само ќе речам каков народ, таков претставник.
Циркус Медрано држава, сеа осеќам некој советник на помошникот советник за култура ѕвони по телефон и вика зборено е со таче, фустанот евровизиски да биде бел само со знамиња македонски
МРТ од наредна година да реши на секој иден претставник да се тетовира знамето на чело, за секој случај.
А за која драма немало бурни реакции? Само никој никогаш не го послуша гласот на народот. Така ќе е и сега, не се тревожете толку. Секое чудо за три дена.
Сите не газат, си играат со нас, уште не Евровизија да се бламираме самите. Ова е едно неискуство, незнаење. Одамна на треба да ја претставуваме Евровизија, тие упорно со глава в зид.
Во тие земји од кај што демек ни се смеат никогаш не би дозволиле вакво нешто на настан од овој тип. Она ако е без основна култура можеле барем од страна да ја советуваат...
Ужас, дадено му е толкаво поверење да ја претставува државата, јас би спиела со знамето не онака да го фрлам.