Тамара ја утна химната и се тетовираше, Српската Теа ни ја испеа песната бугарско девојче и сега Андреа со знамето.. После се чудиме зашто скоро сите имаат бугарски пасоши и се селат од државава.
А бе законот е да не се сквернави знаме во смисла да се покажува презир, да се пали како по утакмици, да се кине со намера, да се гази и да се исмејува. Овде девојчето доаѓа со знаменца, ги држи цело време во раце, позира со нив и веројатно некој и кажува да се слика без знаменцето, гледа кај да го остави во секундата и го фрла долу. Не е паметно и правилно ама во моментот на возбуда, трема и непромисленост се случува. Ајде на клада да ја запалиме ако не, на толку проблеми во државава. Нека се извини и толку, се гледа дека е ненамерно.
Сквернавење на државен симбол знаме е казниво со закон, мислам дека е кривично дело. Дебилен и преглуп потег. А ако некој е недораснат и неискусен за Евровизија нека не ја претставува државата воопшто. Нема оправдување.
Како и да е , она е избрана да ја претставува Македонија, не е на листа нигде она со име и презиме само , сегде е именувана како преставник на Македонија . Жива брука е како не претстави уште пред да настапи , не знам како не ја седнале пола саат да и кажат, кои се обврските и минимум култура која треба да ја покаже со тоа што е одбрана да ја преставува нашата држава . Јас искрено се надевам дека МРТ ќе ја врати дома , ако не е таму да ја преставува Македонија не ни треба да настапи
Луѓе мои, никаде во животот нема да стигнете ако немате малце емпатија во срцето. Во ред ако ви е толку значајно почитувањето на знамето и химната и државата, ама важна е намерата позади сето тоа, а тука нема ништо намерно направено за да ја понижи државата. Андреа до сега во секое интервју збореше со многу харизма и позитивна енергија и мислам дека нема пејач на Евровизија кој ја покажа државата во подобро светло, сите и се воодушевуваат на како се изразува. Зошто тоа да се заборави и да не се фокусира на тоа? Зошто да и правиме стресови на толку млада пејачка која немала никаква лоша намера? Давајте шанси.
Читам демек немало да и биде пријатно ако чита коментари. Океј, девојкава има глас и све тоа, ама не ми изгледа за некоја што има некое искуство пред публика и справување со јавност. Тоше, Тамара, Калиопи, Лозано пред настап на Евровизија имаа барем неколку години искуство со јавни настапи пред голема публика. За сите знаевме уште долго пред тоа кои се, што се, нивни песни, концерти итн. И за сите овие се јадело трици дека се вакви и такви и не фатил да ги жали некој дека тешко ќе им паднало. Освен за Тамара со химната де, ама и нејзиното беше бисер над бисерите. Да одиш да претставуваш земја на ваков начин, не е доволно талент само. Мора да знаеш и правила пред толкава толпа и камери и да очекуваш дека нема да бидат сите еуфорични за тебе, особено кога не те ни знаат.
Iskreno devojkata treba da se izvini za gestot I ne mislam deka napravila ko znaej Sto I ne treba da se povlekuva. Smetam deka tie Sto se so nejze I'd delegate treb da I gi objasnat nekoi Rab Sto treba,Sto ne. Ali opsto sum za da se vrednuva povekje znameto I da bideme so dostoinstvo Kako drugite. Samo treba da ni proraboti Kako narod.m
Верувам дека не го направи намерно ова, НО. Не гледам причина зошто да ја правдаме, таа се пријави да ја претставува оваа земја таму. Сите привилегии што ги има моментално се на сметка на државава. Не смее да си дозволи такви непромислени постапки. И не е на место муабетот млада е, се случува бла бла. Кога некој сака да превзема големи чекори (да се пријави да претставува земја на Евровизија) , треба да е спремен на се што носат тие чекори. Вмимание, осуда итн.. Не сум за да ја вратат, веќе штетата е направена. Едно извинување треба да си даде и да објасни зошто го направила тоа.
Ситуацијава ме потсеќа ко на пример да бевме во Америка и она ко млада пејачка да ѝ се испуштеше нешто расистичко. Е тогаш џабе и харизма и сѐ, автоматски ги губи симпатиите. Исто и тука, кога знаеш што му е болна точка на твојот народ, ќе пазиш на тоа, овие ко намерно баш таму да погодуваат. Рековме, се гледа дека не е злонамерно, ама тоа не значи дека не треба да понесе одговорност, возрасна е. Во најмала рака треба што побрзо да се извинат.
Ние не ни треба да идеме на евровизија, џабе фрлени пари се тоа место да се пренаменат за нешто корисно. Што фајде имаме од евровизија освен што се бламираме? Со ај ќу ни се смееја за ауфитот на Марија, Васил место Македонија, Бугарија ја преставуваше оваа знамето на земја го фрла како крпа. Џабе фрлени пари за да се бламираме.
Мајтап на страна, одвај се чека да испадни нешто и да се истури цела омраза. Со коментарите се оди до крајности, колнење, вреѓање, ништо поразлично од нејзиното. Грешка е, не мала, од детство се учат вакви работи за знаме и химна. Не треба ни да се учат, сам треба човек да ги осеќа, основна култура. Според мене ова се должи на неискуството и голема трема. Се гледа дека избра некое помангупско однесување за да ја скрие несигурноста. И добро и' одеше, подобро од на многу досега. Е за жал до тука било. И ако МРТ уште не се свестија, следна година не петиција, протест пред врата. За ништо не ги бива. А и не заслужваме.
Пред некоја година, Kaley Cuoco за 4ти Јули, на твитер постираше слика од американското знаме на земја. Значи не фрлено, туку само ставено на земја, нормално, сосем наивно, а да честита празник. И тоа беше национален скандал. Цела Америка ја осуди за постапката, па милион пати се извинуваше. Не знам што треба да ти фали во глава да не знаеш базични правила, дека национално знаме не треба да допре земја. Еве се прашувам, девојчево не знаело, ама цел тим со неа нели оди да ја подучи, особено како треба да се однесува, зарем никој немаше околу неа да го преземе знамето? И да скандал е. Скроз е невкусно. И за осуда е. Ама и препишувам на младост и простоќа, на тимот од мтв само на простоќа. Скроз сум против сите невкусни коментари на интернет. Сосем во ред и заслужено е да се осуди несмасната постапка, ама што го претераа во коментари скроз го претераа, со клетви особено, ептен ниско.
Ова. Нема шанси секој пат ненамерно да се случува нешто што го омаловажува македонскиот народ, знаме, држава.
Коментарите на ФБ не се во ред. Ама и фрлањето е сквернавење. Ни парче хартија не се фрла така, па камо ли државен симбол. Никој немаше да реагира ако ѝ се притресеа рацете и ѝ се испуштеше, па го кренеше.Тогаш „возбудата“ ќе ја оправдаше.Вака не. Ова нејзиното беше грубо фрлање.