Бидејќи до сега сценскиот настап и општо, ни изгледало како со месеци да е спремано Нека си се врати девојката, не вреди да се извинува. Не може секоја година претставниците енормни лапсуси да прават. Бугарски знамиња, заборавање стихови, фрлање знамиња, како намерно да провоцираат. Едно нешто не треба да го прават, едно, а тоа е колку и да не мислат така, да се однесуваат дека ја сакаат сопствената држава. И тоа им е тешко. И мене ми е тешко тогаш да гледам каде одат парите од буџетот.
Од почеток ме нервира оваа Андреа. Дека било ненамерно фрлањето на националното знаме неможам да тврдам, но тврдам дека МОРА и треба најстрого да се санкционира. Друго, не беше изгласана од нас туку од стручното жири така да не отиде по наша волја а сега овој потег... Итно да се превземат мерки зошто ако не почнеме овие работи да ги санкционираме го достигаме дното, ако ако веќе го немаме достигнато!
Исто и јас помислив како се на нас ни се дешаваат вакви работи, де химна "ненамерно згрешена", знаме фрлање како крпа...пари ли се, закани...зошто?
Луѓе, ко прво Тамара не ја згреши химната на евровизиски настан, ко второ, бугарското знаме на Васил не ни беше знаме туку народот издраматизира на најјако, така да какви лапсуси објасните?
Многу фама за глупости .. Ние државата си ја продадовме, они за знамето што го оставила на земја.. Нит ја знам нит ја познавам, денес прв пат ја видов..ама не делува како да намерно сака да изрази непочит.. Какви страшни криминалци се на слобода во оваа дупка ехее..
Постапкава на девојчево не е во ред навистина.Но се гледа дека е момент на непромисленост а и незнаење дека знаме не се става никако фрла на земја... Тука одговорноста ја има целиот тим. Треба убаво да се објаснат што треба што смее што не на таков настан.Посебно кога имаме вака млади преставници. Но сигурна сум дека 90%од тие што ја вреѓаат колнат и сл.и тие тоа не го знаат.И зад затворени врати си ја пцујат и на многу полоши начини омаловажуваат државата. Едвај чекаме нешто само да си се плукаме, вреѓаме меѓусебно.Секаде само грешките ги бараме.Само негативното.Огорченоста од секојдневието ја истураме онаму кај што не треба.Наместо да се потрудиме и избориме за нешто позитивно продуктивно ние огон блуеме насекаде.
Не рековме дека беше на Евровизија химната ама беше јавно, пред луѓе и камери. Не пеела дома пред фамилијата
Не го фрли со намера да го сквернаве или гази, во фрли, во стил фаќај, бараат слика без знаме. Абе во Идризово веднаш Непромислен потег. Ненамерно, еве ја и се извини. А овој Моџо, јас каква тужба би му стегнала, па да виде кој е гомно. Срамота. УЧК некни споменик во сред држава си турија, за девојката се фативте.
Очигледно е дека се работи за ненамерна грешка, ама како шо многумина кажаа, придружена е од цел тим кој треба да ја советува. Сепак се работи за голем настан, овие денови сите очи се вперени во учесниците. Едноставно нема простор за вакви пропусти, намерни или ненамерни, за жал. Тоа дека се претерува со коментарите е факт, но не ми се јасни тие шо коментираат дека “не е ништо”, “се преувеличува”, “не го гази” и сл. Треба да го изгази, да го запали, да го искини, за да се осуди?
Како никој друг не го фрли знамето и сите со знаме се сликаа? Да не беше случајно во стил: што ќе ми е ова да ми смета, нека ме сликаат без знаме?
У државава имаш луѓе кои ја продадоа државата, а ти не би да ја примиш пејачкава која има направено сосема небрижен потег. зашто сте вакви драма цицачи, што глуматате јаки патриоти?
Ок е де, го фрли, скроз непромислено. На секој му се случува. Ова патриотизмот по потреба ви се јавува.