Колку што е она крива и неодговорна толку и нашата држава што праќа претставници како од земја никнати 1 месец пред Евровизија најпаметни ли сме што само ние не праќаме познати & талентирани на Евровизија? 1 нормален не се најде од цела држава да знае како да се понаша на јавни настани. Ние сме дна држава, без свое јас, без глас, како безгласна буква, како Р во Марлборо. Секогаш го цениме туѓото а не го сакаме нашето, затоа пто нашето си плука по нас. Во Армијата знамето го носиме 24/7 на себе од почит кон Македонија, а некој овде ќе го фрла на земја, абе мрш
Не, ништо не може да ја оправда ваквата срамна и бедна постапка што ја направи дотичнава, после се најисправно би било да ја повлечат иако може да одговара и пред закон. Вака со гордост се истакнува знаме, кога ја почитуваш и сакаш државата.
После вакво "плукање" по државата, односно знамето. Најпаметно е парите дадени за Евровизија да се пренаменат во хуманитарни цели. Полна е државава со луѓе на кои вистински им требаат пари. На оваа се гледа дека ја боли уво за Македонија. И, да, секако да одговара пред законот
И вие со шо глупости се занимавате... Вие немате фрлено знаменце? Јас имам. Еден куп различни. Ко ќе неќам поќе да го мафкам, го фрлам. На пример на ЛГБТ парадата.
Па ние не сме ЈФ, никој не знае како се викаме, ама таа е ПРЕТСТАВНИК на нашата држава. Потег кој докажа дека воопшто не си ја сакаме државата, кој од страна гледано изгледа смешно и отвара многу порти.
Колку ние што ја сакаме, толку и таа ја сака. Ако ја сакавме, немаше да се испотепаме кој побрзо да се иссели
Бидејќи мене ме цитираш да ти одговорам. Немам ништо против неа лично. Никогаш не ми се свиѓаше изборот, како и на повеќето, ама тоа е што е ајде ја протнаа некако, не навлагаме како. Женската е на Евровизија да ја претставува Македонија( или Северна, како год), а дури потоа да се само-промовира. Отидена е во Италија со државен буџет, со наши пари, за да не претставува нас. Треба да осеќа таква одговорност, да и претставува таква чест што баш она е таму, што Македонија од уста не треба да ја извади. Да не се разбереме погрешно, многу сум против сатанистичките коментари на Фејсбук, ниту сум ја пцуела, ниту заканувала, ниту навредувала. Ама нешто кога не е убаво, не е. Кога не чини- не чини. Она е таа што нас не навредува фрлајќи го знамето, и треба да сноси одговорност за тоа. Верувам дека не го направила намерно, ама исто така факт е дека се става себеси во прв план, пред државата која ја претставува. Ако е изгубена и без искуство, значи не е спремна за еден таков настан од светски рамки. Особено периодов, кога сите сме револтирани од моменталната ситуација, продавање на идентитетот, еден ранлив период во кој се наоѓаме, вакви грешки се недозволиви.
Што има врска иселувањето? Мешаш лончиња… Освен тоа таа е ЈАВЕН ПРЕТСТАВНИК меѓу други држави,ваков срам е казнив во Еу. Ние сме обични претставници на нашата земја,потекло кај и да сме. Луѓето не се селат од што не ја сакаат државата туку поради сиромаштијата.
Не е казнив. Не се селат поради сиромаштија, туку оти им е скурчено се'. Знам, оти околу мене имам купишта луѓе, кои со плати од по 1000 евра беа и си отидоа. ... и уште заминуваат...
Абе рекла-кажала муабети.. знам луѓе,знам ова она… не е никако поврзано со делото на Андреа. Како не сфаќаш не знам. Еве прост пример “Ти знаеш луѓе,јас тие луѓе не ги знам”. Андреа ја знаат јавно и пошироко. Срам е.
Абе големио срам. Да се чудиш... Го пушти на земја, оти немаше на кој да му го подаде, за да се слика. Ќе и' дат друго. Сигурно еден куп носат со нив. *Иначе, не се рекла-кажала муабети. Лично ги знам луѓето. **АјТи земаат по 1000евра
Значи уште еден прост доказ за непочитување на Македонското знаме си самата ТИ. Ти им ги виде банкарските сметки па знаеш по колку зимаат, Бог да чува малограѓански муабети. Се ѐ јасно.
Да. Јас сум крива за знамето, за химната, Уставот, за се' Ти шо мислеше? Кој е позади? Мори како не знам? Маж ми работи во ИТ. Точно знам колкај се платите, за кое работно место.
Вајд добро. Нека ти е глупост, нека ти биде така. Само не ме набедувај мене. Потегот и е низок и беден,можеше да каже извинете како без знаме. Мојата земја е секаде со мене,а таа безмилосрдно и без да размисли го фрли. Што се тие изрази,гримаси? На што личеше целиот настан? На погреб. Ради вакви лапсуси,глупости не успеваме. Јавен настан е, не е диско. Ама не разбираш ти, тебе ти е глупост.
Не ја оправдувам од причина што не е отидена на самопромоција, туку претставува држава. Кога си некаде испратен од некого, мораш да ја оправдаш таа доверба. Можеби е непромислена постапка, но како и да е една возрасна личност на ваков настан треба да внимава на своите постапки. Не е во ред во никој случај.
Баш заради ова не успеавме. Да не го фрлеше знамето, одма ќе се опраеше и здравство, и судство, и школство. Се' е заради едно фрлено знаме
Девојката се извини, мислам дека не треба да должиме веќе, не било намерно.. А и, како ќе дознаеше пола МК кога има Евровизија ако не со скандал..