Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреа со Circles ќе нè претставува на Евровизија 2022

Дискусија во 'Музика' започната од Ahoy, 21 јануари 2022.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Точно ова. Нема врска целава работа со патриотизам ни па со сакање на земјата.
    Се работи за кодекс на однесување што уште не можам да се начудам како е можно да не го знаеш, а си отишол на интернационален настан од толкави размери.

    И да, не и се смеат пошто фрли македонско знаме. Да фрлеше пример француско, самите организатори ќе ја пратеа дома. Пошто ќе се сметаше за непријателски потег и политизирање на настанот (додуша пополитичка секако не може да биде Евровизија).

    И да, @WildMk секаде е казниво непочитување на државни симболи, што не значи дека сега треба во затвор да ја пратат, ама барем ако не знаеш, не тврди дека не е. Насекаде во светот во секоја една земја е казниво, не сме го измислиле концептот.
     
    На crimson, Billy Idol, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.645
    Допаѓања:
    79.449
    Пол:
    Женски
    Си ја сакам Македонија и ги почитувам нејзините симболи, тие се светост и притоа еве мислам дека реакцииве се претерани. Не го гледам нејзиниот потег како непочитување туку непромисленост. Оти можела да го подаде на некој, а она како го фрла, туѓ срам ме изеде од колку глупо изгледа тоа. Ко детенце беше. Детенце кое не сфатило сериозно кај се наоѓа и какви правила и одговорности има таму. Претставник на држава е.
    Не верувам дека ќе ја повлечат, таа самата ќе се извини, секако не беше она со лоша намера.

    Едит: Ете се извинила.
    И да, ме изненади искрено колку патриоти имало овде, пошто нешто тивки бевте кога соседите и браќата ја омаловажуваа и негираа државава и нас народот.
     
    Последна измена: 9 мај 2022
    На Glowy, Ahoy, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    14.225
    Пол:
    Женски
    Мене моментот на фрлање знаменце ми текнува, кога има некој натпревар, настан или сл. И кога си одиш има на под милион лименки пиво пример и знаменца :wasntme:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.181
    Пол:
    Женски
    Ќе го копирам овде статусот на проф. Тамара Јованов со кој целосно се согласувам:


    Љубовта на младите кон татковината се гради од најмали нозе и за да постои, мора да биде двонасочен однос.

    Државата, преку институциите, треба да овозможи услови за развој и пристоен живот, а за возврат да не' учи на почит, лојалност и љубов.

    Овде, дозволивме децата од првачиња, со песнички за парични награди да изразуваат љубов кон НАТО и ЕУ, младите да бидат последна дупка на свиралото и кој како стигне, да менува име, устав, симболи и историја.
    Дозволивме да ни го уништат чувството за колективното и солидарноста и доминантно се свртевме кон личното и својот меур, своите потреби и корист!
    И да, грдо е за гледање.

    И очекуваме младите да знаат што и
    како треба да прават и од раѓање да ја љубат татковината!?

    Па прво треба да им создадеме вистинска татковина која покажува дека ги сака, дом кон кој ќе чувствуваат дека припаѓаат и од кој сакаат да бидат дел, за потоа да бидат во можност да го возљубат и чуваат и ценат.
    Наместо тоа, создадовме баруштина во која се давиме и од која мнозинството се решени во прва прилика да избегаат. МНОЗИНСТВОТО!


    Се'додека наместо причини, сакаме да лекуваме последици, се'дотогаш ќе бидеме фрлани, газени и понижувани, како несвесно, така и свесно и намерно.

    Возрасните, ставете го прстот на чело и наместо линч, прашајте се каде згрешивме и што треба да направиме за да не се повтори.
    Решението сигурно не е распнување на 20-годишна девојка, туку повеќе работа ќе треба и затвор најпрво за одговорните за состојбава, ако имате храброст тоа да го побарате
    .
     
    На mareane, Honey Eyes, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.416
    Ќерка на професор на правен и декан, срамно е основа да не знае, дека знаме не се фрла. Сите се е сликаат со знаме на нив, гушнати со знаме.... Нејзе и рекле фрли да те сликаме и го фрлила. Арно не и рекле де у Вардар фрли се да те сликаме. Ако не е спремна за сиот товар на Евровизија, нека не оди, толку просто.
    Непромислен потег е, ама лошото воспитување има голема улога тука.
    Кога ќе бидеш официјален ЛГБТ претставник и ќе те плаќаат ЛГБТ од своите пари за да ги претставуваш, ќе биде срамно да го фрлиш у јавност пред сите.
     
    Последна измена од модератор: 9 мај 2022
    На fbaby, Directioner005, Flower27 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    60.096
    Пол:
    Женски
    Уставот коа го смени СДСМ одговараше некој?

    Прејак ми е народов жими се, ќутат како неми на посилни, на насилници, на богаташи, на ѓубриња што не имаат осакатено за навек.
    Прави некој послаб од нив грешка и тогаш покажуваат јачина, класичен bully што тепа само послаби од него.
    Државата ја сакале, државата која тоне у ѓубре, фрлаат усрани улошки у Охридско, ама они државата ја сакале.
    Најзагадени сме у свет, ни ебаа матер на секоја шума, зеленило, урбана мафија цвета, ама да, тоа нема коментари.

    Иначе да се разбереме. И јас не и го бендисав потегов. Не и бендисав јас и други работи што ги направи пред да отиде, а ги знаеме ние евровизскиве фанови. Ама страшно ме невира лицемерие и неправда, девојчето да си го однесе за сите наши набилдани фрустрации, плус не ни имаше некаква малициозна намера.

    Продолжете сеа сите вие што си ја сакате државата, дури повикот мој да се собереме да збираме ѓубре нема ни да го погледне некој.

    Ајт.
     
    На mareane, winnie02, raww и 10 други им се допаѓа ова.
  7. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    56.628
    Пол:
    Женски
    Член 8 од законот за употреба на знамињата– Грбот и знамето на Република Македонија, НЕ смее намерно да се кине, пали, гази или на друг начин да се сквернави или изложува на презир или исмејување.
     
    На nextredstyle, senjorita-v и quattro им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    Татко и го откривме, а мајка и која е?
    Ве молам до седмо колено сите да се објават.
    Во ред е Чка, знаеме дека знаме не се фрла, ама да оставиме настрана драмата, беше ненамерно, еуфорија ли ја фати, не знам. Го фрли оти требало без него да се слика. Цело време шета со знамето, Северна не употребува оти немој случајно да повреди некој патриот, ко на игли се и оп се дешава грешка.
    Ајде линч, јавно на плоштадот, може?
    И споредбата со силувањето ти вришти.

    И за текстот погоре, не е тема, ама од кои млади очекувате да си ја сакаат татковината? Онаа, која ги брка од дома?
    Ама тоа не е предмет на дискусија сега.
    Непромислен потег, толку.
     
    Последна измена од модератор: 9 мај 2022
    На Pixi5, crimson, Ahoy и 8 други им се допаѓа ова.
  9. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    56.628
    Пол:
    Женски
    Ова е точно ама треба и да си сносат одговорнот. Нека си се вратат сите, нека си платат и ќе ја научат лекцијата сите следни..
     
    На Traveler91 и Cka им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Цитирај ми закон да видам.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    Она барем се извини.
    А ќе и се извинат ли нејзе сите оние кои ја колнеа и кои јавно по статуси ја прозваа како Гомно?
    Му се извинија ли на Васил, педер бил, изрод?. И на ред други.
    Никој не вели дека е во ред да фрлаш знаме, ама премногу отиде предалеку работата.
    Никаква поддршка не доби, и тоа поради изгледот, ја прават психички болна.
    И она на овој народ сепак му се извини.
    Не, не треба да ја вратат, она сама треба да се врати оти ваков народ е невозможно да претставеш.
    Следна година Теа Таировиќ да ја пратеме оти и полниме дискотеки, а она лабаво си пее дека нема поубаво девојче од блгарче.
     
    На Pixi5, crimson, winnie02 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не ги праќајте де?
    Јас не ни сакам да учествуваме на Евровизија.

    Шо ги праќате?
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кога во извинување ќе се употреби АМА, не е извинување туку барање оправдување.
     
    На fbaby, baby-star, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Епа немаше ни уништување, ни сквернавење.
    Невнимание имаше.
    Не се обиде намерно да го понижи знамето.

    Толку проблеми имаме, вие за знамето се фативте, ко пијани за бандера.
     
    На Annath, Snowflake97 и mira.mira им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    Леле малку многу тупење за нешто што се сведува на базична култура и почит.
    Дете на приредба во четврто повеќе знае дека кога стои на бина нема да фрла предмети околу себе. Оваа на 22 години не ѝ текнува дека на тој тиркизниот тепих или што и да е, кај што официјално се претставува не може да фрла знамиња како во куглана.
    Нема потреба од глумење лудило, не се ни работи за патриотизам туку за норми што е прифатливо на ваков настан а што не.

    И што ако се извини кога извинувањето е во стил не ми е јасно зошто има реакции, ај да шириме позитивност . |(
    Ми беше жал за нејзе ама моментално сфаќам уствари колку доза на арогантност има што не ни призна дека не е во ред тоа што го направи.
     
    На fbaby, orevokrsacka, Konfetka и 11 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Леле па и нејзината моралност и нејзиниот идентитет го анализирате, од само еден логистички куршлус :o

    По, по, по (facepalm)
     
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.242
    Допаѓања:
    112.255
    Пол:
    Женски
    Имаш закон на претходните страни, врати се ќе најдеш.

    Овие алапачите од мрт, ја спакуваа или уште размислуваат?
    (facepalm)
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Пишав погоре
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    А да си препрочиташ, кај анализирав нечиј идентитет и морал?
    Напишав дека нема основно воспитување и е малку арогантна, толку.
     
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Postapkata bese nepromislena. Toa treba da bide znak deka vo ucilistata poveke da se zboruva za vrednostite I obelezjata na drzavata. Toa e propust na vospitanie I obrazovanie. Decata ne znaat I ne chuvstvuvaat deka znameto, drzavata e svetost. Site sakaat da izbegaat od drzavata poradi uslovite I neednakvosta vo drzavata.
    Ne treba da se vrati od Evrovizija, treba da si ispee za da utre ne sozdademe uste edna frustracija kaj eden mlad zivot.
    Tie sto go palea znameto na Kale gi nagradivme da bidat parlamentarci.Tie sto primaat 20 godini plata I benificii od drzavata a vo svoite kancelarii imaat zname od tugja drzava ne se kazneti tuku si premolchuvame kako da sme slepi I nemi. Zakonot za znameto za niv ne vazi, zasto Mk zname nemaat vo drzavni institucii. Aj malku prosetajte Po Ministerstva, po vladi I kabineti I poglednete po fb na ministerchinjava.
     
    Последна измена: 9 мај 2022
    На raww, Annath, Ladybug98 и 2 други им се допаѓа ова.