Мхм важи. Никој не вика да ја казнат Вајлд да лежи у затвор. Муабетот е дека е невкусно, тотално непретставително и стварно премногу премногу глупаво од нејзина страна, ако јас се прашувам.
Може тебе не ти треба, ама тие се тука за вакви настани да ја претстават државата и народот. Штом таа ја претставува и врз себе ставила таква одговорност, ќе мора да знае како да ги почитува симболите.
Ај објасни ми како е казниво? Ако го сквернавиш е казниво, не ако го остајш наземи за да се сликаш Значи морален е проблемот, не легален?
Сериозно знаме фрла? Не можеше да им каже на фотографите 1 мин да почекаат, да го даде на некој, наместо така да го фрла? Заслужи да ја повлечат и да не не претставува на евровизија.
Коа дуи ќе нареди на тоа исто знаме и орел да се стави и коа од сдсм ќе ќутат и ќе бидат у глувчја дупка, а од вмро нема да смеат да писнат пошто и тие чекаат коалиција јадните, ќе ве потсетам на темава, патриотизмов и уставот. Ајде да видиме баш колку ќе сте гласни тоа коа ќе се случи.
Кога ќе го оправат здравството, школството, судството, тогаш ќе носам пресуди. Дотогаш, се' е промашена инвестиција. Сите страдаме... Без разлика какво е знамето
Мене стварно не ми е јасно зошто баш нејзе ѝ рекле да го остави, ги гледав само Словенците пред Андреа и они исто беа со знамиња во рака па не ги оставија за да се сликаат. Може па фотографот ќе испадне виновник пошто намерно ја буцнал, не знам.
После ова, треба самата да се откаже оти ја извреѓаа ненормално по Фејсбук. Сега веќе и жал ми е за неа. Претераа. Пцуење, колнење, вреѓање на сметка на нејзиниот изглед.
Ама не прекрши ниеден закон Налет. Проблемот е што со ситни сензационалистички глупости, се обидуваат да ви одвлечат внимание од сериозни проблеми. Додека вие се расправате за знамето, земјава систематски се уништува. Сите што имаат два грама мозок, си заминаа. Затоа сме 1.800.000, а статистички, требаше да сме повеќе од два. Не сум учител, не знам поарно од ова да објаснам... Ама жал ми е, многу... ... за се'
па таа не е наша, нели?? кога ќе почнеме да сносиме ОДГОРНОСТ ЗА СОПСТВЕНИТЕ ПОСТАПКИ ќе биде друго..се друго џабе зборуваме..
Зошто го барате проблемот само во неа а не во тој што ја натерал да не се слика со знаме и знаеме сите каде и кон што води тоа, имаме многу поголем проблем од тоа дали го фрлила, оставила или го ставила во џеб.
Се мислам што ќе беше во Бугарија да се одржуваше Евровизија и бугарите да и речеа остави го знамето да те сликаме без знаме..
Јас сфаќам нејзината постапка да биди осудена пошто и навистина е за осуда. Сфаќам да се бара Андреа да се врати назад и дека не е достојна да пее после овој скандал, ама па вакви коментари… Како им доаѓа од внатре да ги размислат и да ги напишат. Македонштината стапува на сцена.