Претходно се изјаснив од правен аспект нема никакво дело сторено, ни го запали знамето ни го газеше и го омаловажување и сл.
Што мешате правни апекти, незнам. Девојката не е дорасната за да ја претставува нашата држава. Таму каде што е, испратена е од НАС и НИЕ ја плаќаме. И знамето не смее да го испушти од рака, а не да го фрла на крајно безобразен начин. Пот итно да си се врати назад и да ја пре-запишат во средно училиште, зашто очигледно ништо не научила.
Ако ја презапишуваат треба во основно да ја презапишат срц оти за ОСНОВА ко знаме, грб и химна тогаш се учи, а не во средно.
Зошто сите го игнорираат ова? Зошто никој не ја гледа иронијата во Мрт?! После првиот негативен коментар, а може уште и пред првиот, знаеја дека ќе стане големо, па одма се тргнаа на страна. На никој не му е иронично што мрт први го осудија потегот? Па ова не е индивидуален проект на одреден тим што само плаќа да користи простор во мрт. Ова е токму проект на мрт, за што трошат државни пари и секоја година си играат курташак со истите. Мрт го бира тимот. Сите носат еднаква вина. Како може секоја година да бира таков непрофесионализам и да покаже таков аматеризам на ваков голем настан е скроз неоправдано. Не памтам народот еднаш да бил задоволен од нив и со право секогаш котираме ниско. Цело мрт треба да се самораспушти, ама не гледам никој за тоа да коментира. Се извадија и овој пат, го осудија потегот, си се тргнаа на страна и следна година исто ќе тераат. Искористија плиткоќа и простоќа на македончето и сеа ќе си кркаат сеир раат. Додека едните се лупаат во гради за патриотизам, другиве се објаснуваат како првиве се глупи и како требало и некоја пеачка теа што прв пат ја слушам да плукаат за да докажат дека стварно се патриоти, и како Андреа си е супер, само малку го потфрлила знамето. И на тоа ќе остане. Нема врска што е тотален анонимус. Нејзи и треба само глас, песна и тим од професионалци за тие неколку месеци интензивна работа на себе преставување и преставување на државата да напраат чудо. Не е битно млада е остај ја, на нејзини 23-24 години да не знаеш основна култура е пропуст. Требаше само да се извини на лошиот потег, дека згрешила, немала таква намера, што беше тоа ама јас дојдов да се забавувам, ама фотографот ми рече, ама делегацијата беше далеку, тоа е скроз ирелевантно. Да имаше добар тим, ќе ја подучеа како да го направи тоа. Ама целиот тим е катастрофален. Кое ви е тоа објаснување, ама ако ги видовте сите беа збунети. Сериозно? Тоа е оправдување? На такви настани целиот процес го имаш во детали да го научиш. Од мое скромно искуство, еве некој што долго работи на организирање настани може да каже дека секој детал и минута се организирани. Па во Битола на Манаки фестивал, доаѓаш влегуваш, чекориш од таму до таму, имаш толку секунди да се сликаш, таму продолжуваш, да не зборам за настан ко Евровизија што секој чекор однапред е организиран и треба само да го научиш. Поздрав од мене, сеа да ве оставам патриотите и другиве освестени да се расправате оти било вака сега, оти не било поинаку за црна теа.
Ние по природа сме мрчаторски народ, кого и да пратат на Евровизија нас нема да не бендиса зашто и сами незнаеме што сакаме. Биле и Лозано и Тоше и Есма и Каролина ....да не набројувам Стасавме до дереџе некој анонимус да не претставува. Кое искуство го има таа ? Дали некој ја преиспита девојкава колку вреди да не претставува ? Има ли музичко искуство и искуство на сцена ? И кажа ли некој што треба да збори по интервјуа и како треба да се слика ? Нели се ,,опулуваме,, понекогаш околу нас какви претставници праќаат од своите земји па бар ако не не бидува да ископираме од нив.. Па на Звезде Гранда и она шоуто-Последна шанса подобри пејачи може да се најдат !!! ...ама кога човек сака да се истакне а нема со што, тргнува со глупост !
Цела Европа се смее на нашите осуди и коментари за постапкава. Тоа сведочи за каков народ сме. Име ни сменија, еден куп глупости се случија и си го продадовме гзот и народот ќутеше ама за ова први се да коментираат и на девојчето да тресат фрустрации. Јас вината ја гледам во нашата делегација таму. За што се отидени овие од мртв таму, да се прошетаат само ко и секоја година? Андреа беше оставена од тимот сама на тепихот, кај беа од делегација да бидат покрај нејзе за во случај да притреба нешто, да подадат рака и да го земат знамето? И да, правно Андреа не направи никакво кривично дело, џабе шпекулирате на темава, не може да одговара за тоа што го направи. Реално истава енергија за коментирање на 'скандалов' да се посветеше за нешто паметно во државава ќе беше убаво.
Едно време се тепале бајрактар (знаменосец) кој да биде, всушност секој ја немал таа чест иако бил прв и многу големи биле шансите да погине меѓу првите. @sweet-cherry За некои работи што се учат од четврто па до крајот на образованието не ти треба делегација да ти наложи што да правиш.
У цела несреќа, има среќа што е од Македонија, Замисли да требаше да ја преставува Северна Кореја , нема ни пет ни шест таму брзо и ефикасно се решаваат грешките. Немаше толку да се дигне галама да идела на Евровизија со нејзини пари, ама со пари од народот е пратена таму и колку и да изгледа непромислена постапката , сепак многу невкусно изгледа, ко на заебанција, ајде ќе летаме авиончиња фиууу , а можеше културно да направи некој чекор да го даде не некој да го држи. Да се соблечеше гола немаше толку да ги боли на Македонците , ама сепак знамето е во прашање, затоа се крена галама. Најпаметно е да се врати назад , сигурно нема цел живот да ги оправдувате лапсусите на сите оние кои несвесно, непромислено, од возбуда, од стрес и сл. направиле некоја грешка.
Точно..се што кажуваш..аферим на муабетот..ама сега нејзе за уши и сите осатнатии од делегацијата назад да си платат се од свој џеб па ќе бидат пример за сите што утре ќе одат.. Нашиот проблем е што се останува неказнето ни проаѓа ајде бе имаме побитни работи во мемоментов.. Ама и лекција за девојкава е ова и за сите млади како треба да имаат респект кон татковината и да таа истата држава што ги брка младите по светот !!!
Гледајте и на позитивната страна од ова. Сега на тие што им се направи ќефот со овој потег, т.е на западните и соседите наши на кои после името сега не им чинат химната и знамето ќе гласаат за дотичната и ќе и обезбедат поголем пласман. (исто како што со Тамара ни го испромовираа новото име до максимум ).
Исто како Тамарче, погрешно ја испеала химната на настан. Не се важни имиња, не напишав за да покажувам со прст, друго ми беше поентата. "Државата" за некого мајка, за друг маќеа. Држава е кога така и чини.
И мене лично ми се исполни желбата да останеме запаметени на Евровизија, шо мислев дека ќе се случи со Супермен, ама ете и Андреа дигна прашина околу Македонија.
За подобар ден погледете мемиња на твитер кај што ги исмејуваат оние што ја напаѓаат Андреа: https://twitter.com/eurobirdo/status/1523404113408495616 https://twitter.com/eurovisionbrent/status/1523425218542260225 https://twitter.com/eSpotPod/status/1523492406989320192