Прочитав еден коментар: "Што очекувате од народ каде што врв на патриотизмот им е на 2ри август да си направат добра скара и да се ослепат од пиење?" . За кој патриотизам збориме не ми е јасно. На дотичниве ли остана да го бранат на ваков културен начин? Не е девојчето ич криво .. ама ич, криви сме сите ние.
Па не е дека не сме се бунеле и за двојазичност, за тоа што у институции некоја таму само албански знае, за нееднаква правда ама и тогаш сме АлБАноФобИ. Мене Андреа ми личи повеќе ко детенце што само му било интересно дека за првпат ќе пее пред толкав народ, а не ѝ е гајле како гледа земјата на неа. И аман со патриотизам. Не е патриотизам Основна култура е.
Epa dojdeni se da se prosetat lugeto, sto i e bitna Andrea sto ke pravi, dali ke se glupira ili ne. Daleku bile mnoguu, haha da da veruvame vo prikaznata. Tolku neubedlivo bese nejzinoto izvinuvanje duri so potsmev, sramota stvarno.
Знаеш дека маж ти што краде и злоупотребува податоци може да го казнат? Што те тебе гајле за туѓи сметки? Стварно си ми чудна понекад.
Она колку сака може да се глупира се додека во глупостите не вклучува обележје од државата што ја преставува. Сигурно не е израсната на Марс па да не знае дека со такви потези го иритира македонскиот народ и толку му треба за да настане узбуна. Воопшто не е во ред, свесен си од каква држава потекнуваш, што може да го погоди народот и пак удира во тие точки. Никако не е за оправдување постапката.
И името кога го сменија беа истите муабети со релативизирање од страна на овие што не се замараат. Како не се бунеше никој, нешто си се помешала. И што заклучивме во темава, дека денес имаш право да се побуниш за навредливи работи само ако е популарна тема.
Врти сучи на крај пак ние испаднавме испонавредени, како и секогаш. Секоја година претставниците ни ги повредуваат кревките национални чувства на еден начин или на друг. Не гледате pattern тука? Јас од целава фрка поголем проблем го гледам тоа што медиумите кај нас се толку желни по секоја цена да ја предизвикаат фуријата на сељаци во фб коментари за нивна корист, што се спремни секоја наша поамбициозна личност да ја срамнат со земја. Ај сељацине на фб безнадежни се, ама вие тука што со иста енергија само поинаков речник придонесувате кон демотивирањето на млади лица во државава? Па после толку остри осуди за ненамерна грешка (која секој ќе ја има во кариерата барем еднаш) кажете ми ќе има ли некој желба тука да твори и да работи, кога знае дека само еден негов сосем ненамерен потег го дели од лавина пцовки, клетви и други навреди. А мала земја сме, вакви работи остануваат. Ваква ли атмосфера сакаме да има за идните генерации млади луѓе? Непочит на вистински луѓе што постојат не може ни блиску да се спореди со непочит на апстрактен концепт ко држава. А на нашиов народ буквално нема нешто што не му е болна точка, така што џабе им е колку и да газат на јајца. . Не знам како си ги замислувате работите, ама не се десило и не верувам да се деси евровизиски фан да ни се смее зашто нашиот претставник наводно не ја почитува сопствената земја. Напротив, ние меѓу евровизиските фанови сме познати како државата што редовно ги линчува сопствените претставници и што бара од нив да се повлечат поради разни скандали што сами си ги накалемуваме. Ама буквално на никој око немаше да му трепне ни за сликана во музејот на Васил, ни за знамето на Андреа ако ние самите не направиме навреда и непочит од сето тоа. Примеров беше даден со намера да покаже дека штом се дешава во Амеркка е нормално? Значи сосем нормално е луѓе што немале никаква лоша намера да се соочат со јавен линч само бидејќи индиректно повредиле нечии фрагилни национални чувства. Патем, ,,цела Америка" ја осуди исто колку што цела Македонија ја осуди Андреа. Секако постојат луѓе што гледаат низ фарсава. Да, на Евровизија само на нас ни е забрането да се сликаме со знаме, бидејќи не нè сакаат и нè дискриминираат бухуу. Се испослика Андреа со знамиња доволно за цел живот. Никој нема ништо лично против нас, особено не на забавен настан, не е толку дип. Не, немаше да бидеме. Буквално на никој не му е гајле. Како и секогаш самите си правиме ука бука и после плачеме како ни се смееле. А никој немаше ни двапати да помисли на фрленото знаме ако македонскиве портали не дигнеа узбуна, па откако се убаци и мрт со изјави почнаа да ја пренесуваат веста. Луѓе аман, Евровизија е забавен и пријателски настан, не е дипломатска конференција. Не треба ваков пристап да имаме кон нашите млади надежни музичари кои ги праќаме таму. Оставете простор да се покажат, да учат, да грешат. Ама не, ај ќе им го следиме секој чекор, и во моментот кога ќе кикснат ќе ги кенслнеме. Следната година дај друго дете. Бар во пцовки и клетви ни нема рамен.
Непочит кон луѓе што умреле за земјава не се рачуна?Знамето не е само државен симбол за украс туку го претставува сето она за кое што некој се борел.
Apsolutno se slozuvam so tebe imam ppst napisano za nea ponazad na temava, tie sto se dojdeni so nea na prosetka trebalo da i objasnat sto treba i kako da pravi na vakov oficijalen nastap , a ne da se setat so nasite pari tamu. Jas dlaboko nekako vo sebe veruvam deka ova e napraveno se so umisla, taa go frla znameto so poza bre so stav kao nekoja nenormlana , a mozese da go podade na fotografot sto kao i demek kazal da ja slika bez zname, e ako i kazese da ja slika gola ke se soblecese tipkava? I posle izvinuvanjeto i kako se potsmevase i tropase gluposti nekako ne mi stoi vo red zenava. Za se si samo kjutime i eve dodeka ni stigna drzavata, ajde be ostaj ja mlada , neiskusna , ne e namerno..nie sme ovde kade sto sme.Mnogu sozaliv narod sme bile..
Дури се расправаш со ваква банална работа да се расправаше за тоа што треба немаше споменици да ни никнуваат на секој чекор разбираш на што алудирам.
Брука, го фрли за да не и пречи додека правеше глупи пози за сликање. Така е кога ги собираат ни видениве ни чуениве анонимуси наместо некој кој е докажан како квалитетен. Супер изведувачи од по Европа не успеале така лесно да отидат на Евровизија ко кај нас што успеваат да отидат прв пат појавениве ликови кои никој не ги знае. Не е којзнае што па ај сега да паѓаме у трансови, нит песната е нешто посебно нит она пее којзнае колку добро. И глупо се однесува плус. Не ни треба да се размислува, веднаш би требало да ја вратат. Ама тоа нема да се случи оти не верувам дека ќе сака екипата да си го прекине шетањето на државна сметка. Плус, кај нас се добредојдени фаците кои не ја почитуваат државата, не сносат одговорност. У глобала и целата Евровизија веќе не вреди пет пари.
Мислам дека ова треба и да биде главната поента, се закачија за една грешка, а забораваат на сите други позитивни аспекти на Андреа, која пак ќе спомнам, феноменално не претстави во интервјуа и се гледа дека и е мило што ја претставува Македонија кога зборува за истата. Не сакам да филозофирам, ама ова е само одраз на мизерните животи кои ги водат луѓето во државата и затоа ја прават таква, затоа што некој кој не може да разбере грешка и се фокусира на глупости, не може да не е мизерен внатре во себе...
Јас не ја знаам Андреа воопшто не ја ни знам песната нејзина, но дефинитивно како да отишла во некој кафиќ во некое затуцано село се однесува, нема домашно воспитување, култура, како небитно и е што отишла таму да ја преставува државата, како изгубен случај и е постапката и за ова е казниво со закон треба да си одговара кога ке дојди овде и патем не треба воопшто да излегува на сцената со ова си ја уништи кариерата Не знам што им е на младите, ништо не им е свето, сакаат тие некого??
А зашо е ок да се кенслнат артисти за секакви грешки низ цел свет, а нашиве кога ќе направат грешка ние сме мизерни што тоа не ни е прифатливо? Еве од вчера пробувам да го сфатам моментов.
Се по грешка кај нас пејачиве... по грешка химни грешат, по грешка знамиња фрлаат. по грешка орли летаат....
Ако зборуваме за квалитетот не е страшно да пуштиш ново име анонимус со добра екипа може спектакл да направи. Но проблемот е што уште од старт се направи изборот по знаеме сите каква линија. Имаше прекрасни изведувачи со прекрасни песни кои можеа бум да направат а не влегоа ни во потесниот круг да речеме Марија Груевска со екипата страшно добро ќе беше прекрасни идеи имаа.
Океј, концепт на народни херои нека е, пак е апстракција, споредбата со расизам е страшно невкусна и истрошена. Всушност секоја година на Евровизија има еден куп ,,првпат појавени ликови" од многу држави, ама претпоставувам не гледаш евровизија за да го знаеш тоа, како и многу други на темава што мислат дека е некој екстремно сериозен настан каде сите гледаме која држава како ќе се навреди. На младите непознати музичари тоа им е шанса да се истакнат пред поголема публика и е сосема во ред. Особено па кај нас треба да се стремиме такви да праќаме за да си ја разбрануваме мртвата музичка сцена. Ама не, ќе ги чекаме на нож за да видиме овојпат како ќе успеат да ни ги повредат националните чувства за да ги истуриме сите фрустрации на нив.
Постарите веќе не се нафаќаат да нè претставуваат. Останаа мал број млади и доволно глупави да се нафатат на ова. Кога пола од Македонците се срамат да кажат од која држава се, некој оди да не' претстави. Едно интервју да изгледавте сите со погрдните коментари, ќе видевте дека досега немало некој кој толку бил добар пред новинарите. Е сега се случи, се извини одма. Ако сами не креневме фама никој немаше ни да забележи. Ама то чекаме, то сакаме, то ги храни нашите новинари, а другиве магаре да пуштат да ИКА ќе го величат. Еднаш не рече северна, гордо пиши секаде дека е од Македонија, ене и знакот за цела да е го напрај, се' само да не ни згреши на нас.