И мене потегов воопшто не ми се допадна ама незадоволството од истиот можеше да се искаже на покултурен начин и со понормални зборови отколку на таков начин како што читам коментари по сите социјални мрежи.
На ништо веќе не остана да се радуваме. Евровизија била таква, она било онакво, мора по се можно да се плука. Ништо веќе не се прифаќа со радост, во се гледаме задни намери. Се опседнале со Андреа, а денес годишнина од Диво Насеље - луѓе загинаа за ништо буквално, ама најголем проблем нам ни е Андреа, така е, со душа луѓево чекаат нешто, за да ја исфрлат сета злоба. Пак и ако не помине во финале, ние ќе сме пресреќни. Толку за државава и луѓево кои живеат во неа
Така е кога праќаш деца да ја претставуваат Македонија на Евровизија кога имаме искусни и квалитетни изведувачи. Многу глупава беше постапката на Андреа, ама сепак и Евровизијата одамна не е тоа што беше бидејќи е сведена на политички интереси. И не можи така од 5 до 12 да се смени Андреа, за некој ден почнува Евровизијата. Тоа со предлогот за менување мислам дека е само медиумски потег.
Многу грдо изгледаше. Како да си игра феч со куче. Можеше да го стави на земја...Ама како го фрли јао
За претставничкава нема многу што да се пишува. Таа е чудно, препотентно, нарцисоидно, невоспитано девојче. За циркусијадава па, веќе коментирано милион пати. Се шетаат со пари од народот а не ја почитуваат државата која ја претставуваат и која им плаќа прошетки, сместување и јадење. Да се стопира конечно трошење пари за вакви глупости. Тие пари да се пренаменат за операции на деца кои ги праќаат во странство, бидејќи овде се неспособни да ги оперираат или да се финансираат ученици да одат на меѓународни натпревари.
Да сме држава, веднаш би се покренила постапка бидејќи делово е казниво со закон. НО, не само за неа, туку и за целата делегација која е отидена таму за да ја поддржуваат и помагаат, и отидени се со пари од нас, народот. Само за споредба, син му на Roger Waters од Pink Floyd, доби затворска казна од 16 месеци, бидејжи како студент, на некој студентски процес бил поткачен на Union Jack = знамето на Британија.
Некако мислам кај нас се е 3 дена па било и поминало, сега читав коментари каде што се спомнува дека ни го сменија името, грешка химна се пееше, лани на Евровизија со бугарски бои-тонови во спотот не претставија И? Што направивме за сето тоа? Ништо. Така и за ова ќе се зборува 3-4 дена до наредниот кикс во нашата мила држава. Ја сакам Македонија како воено лице, но, ние сме народ што никогаш до крај не се бориме за нешто, туку само сме силни да коментираме.
Срамота ли е да се сака државата и да си патриот? Не ве разбирам стварно. Со каква подмолност и потсмев гледате и коментирате на оние што се патриоти, демек сите политички ја сакаме државата и не може да не сум партиски определена, а да ја сакам државата. До кој степен стигнавме, да ти е срам од сопствениот идентитет.
За шуми, ливади, ѓубриња... има други теми, тука е тема Евровизија. Инаку јас сум за секој неселективно да си сноси последици за своите постапки, независно за кој се работи. А еве ја и снимката каде шо се гледа дека после фрлањето не го ни зема знамето туку продолжува, буквално без осет. И уште ова:
Ова. За сите што ги исмејувате луѓето што си ја сакаат државата, одма ги поврзувате политички. Едно е да се сака држвата и идентитетот, друго е да се меша политичката и економската состојба (читај криза) во државата. Имаше едно "I love my country, I'm ashamed of my government". Јас со гордост кажувам од каде сум, но не сум политички определена, и тоа не ме спречува да имам почит кон знамето, името и химната. едит: дали ако некој се иселил од државата треба да го заборави својот идентитет и по дифолт да не ја почитува Македонија, знамето и химната? Човек никогаш не заборава од каде потекнува, а зошто заминал е лично.
Тоа што ја осудуваме постапката не не прави патриоти, чисто да знаете. Без разлика дали се работи за наше или туѓо знаме, таквата омаловажувачка постапка е за осуда. Сигурна сум дека тие што ни се смеат како ја "преовеличуваме" постапката, исто би изреагирале како нас ако некој го омаловажи нивното државно знаме.
Што збориш Брату, она само го потфрли и се извини, де... Небитно им е што знамето заврши на под и што во „извинувањето“ рече „ама“. И она „ако некого навредив“... Да, навреди. Државата која му дава леб и образование на нејзиното семејство.
Ќути шо не го погоди сликарот шо и викал без знаме да се слика, на онакво силно фрлање имаше на место да го остај
Да бевме нормална држава, досега Андреа ќе беше повлечена од Евровизија. Секако дека треба да се разгледа можноста за казна. Ова е недозволиво однесување, посебно не на вакви настани.
"Се извинувам ако навредив некого" Селандро, интелигенцијата групно на цел народ ја вреѓаш, не само својата. Поарно да речеше -намерно го фрлив пошто не си ја сакам државата отколку да не знаеш дека знаме не се фрла на земја па лапсус си направила.
Да се дигневте вака за политичарите кои секојдневно си ги полнат џебовите со наши пари како сега за Андреа мислам дека ќе ни цветаше државата. Но кој од страв за работата добиена преку партија кој за друго сите молчат и секој ден сме се посиромашна држава ама ако ни е и повеќе треба.