Да бевме нормална држава и Андреа ќе се спакуваше од таму и камерманот исто така, ама за него никој ништо не збори, мукла. Јас да сум во делегација прва ќе свикам да го казнат, ок е сите што се фативме за Андреа ама не знам зашто никој не бара од него некаква одговорност. Со кое право бараш некој знамето да си го фрли? Ако му смета нека не ја слика
Многу ме интересира што би се случило некој да го фрли така американското, руското, германското, француското итн итн знаме.
Ок, твое мислење. Ама освен што испаѓаме смешни и на никој нема да му е гајле ако Андреа се повлече ништо друго не постигаме. Треба и тој да биде казнет, така има смисла некаква
Или украинското ко што рече некој во темава прееска. Тогаш немаше да викаат дека „направила ситница“, туку ќе урлаа дека е русофилка и путинољубка.
Да, срамно е. Кај нас патриот е изедначено со глупак. Мислам дека сме единствени во светот кога Македонец на Македонец му се потсмева за патриотско чувство, кога некој си ја сака химната, земјата, историјата
Нема логика тој да биде казнет. Тој може да каже што сака. Не може да одлучува за друг како ќе се однесува. Секој е одговорен за своето однесување. Во случајот Андреа, можеше да каже не, дека ќе се слика со знаме или веќе кога треба без знаме, да почека 1 мин да го остави, а не така да го фрла, па уште вели "стварно навистина делегацијата беше далеку". Стварно навистина заслужи веднаш враќање назад!
Андреа и да каже не и да каже да, не го менува фактот дека тој побара од неа знамето да биде тргнато, под кој основ ако може да објасни? Знаеш дека му е расистичко понашањето? И рогови да носи него му е задача да ја слика и толку, а не да кажува гачки. Му смета да ја слика со знаме? Нека објасни зошто и каков проблем има он со знамето? Ако се цениме како држава треба и он да е казнет. Уште не сфаќате дека е провокатор или се правите дека не сфаќате?
На провокаторско прашање можеш да одговориш секогаш 50-50 бариелно, и не мора да покажеш послушност. Со послушноста падна ниско. Сфаќаш?
Нема простор за да ја браниш и да мешаш баби и жаби во овој муабет.... Бар да го земеше., човече , ајт ќе речев ок е се " збуни девојчето" ...
Добро де затоа има и реакции против неа неспорно е тоа, јас зборам што нема за него вакви бурни реакции. Затоа и име ни сменија пошто сите други се во право освен ние, така?
Не може камерманот да биде казнет но навистина делува како провокација, не гледам зашто би сметало да се слика со знаме на настан каде што се претставува земјата, таа бранша новинари, фотографи знаат да бидат малку безобразни а од неа зависи како ќе одговори/изреагира.
Не може да има, камерманот има право на говор и слобода на изразување, тој што одговора на поставено прашање секогаш има избор како да одговори. Никако не можете да ја оправдате.