Ги ислушав сите. Андреа најмногу ми се допадна, музиката беше убава, текстот е супер, ептен со емоција испеано. Малку да се дотера песната и мислам супер ќе биде. Лара исто ми е океј, ама натинг спешл, малку не ја разбирам што збори кога пее, и морам да го читам текстот, некако ги врти зборовите кога пее, исто и на македонски така прави. Исто и на нејзината песна треба пролепшување и да не мумла толку. Јон е добар, убава песна, ме потсеќа на Damien Rice, ама некако не ми е за на Евровизија. Виктор - катастрофа, почнувајќи од фаците и потезите што ги прави, до музиката и текстот, ко петто накај шесто е песната. Кали, не можам да проценам некако. Од една страна, моќно и уникатно и баш евровизиски материјал, од друга нешто не ми се допаѓа нај нај, ама не знам што точно. Рис, не знам, не ми се допаѓа баш, ко детски Нирвана стајл, ни текстот не ми е нешто а ни гласов на дечково. Нешто ко да глуми интересен, а не е. Јас навивам за Андреа. Ако не е она, ете нека биде Лара.
Озбилно песнава на Лара ме асоцира на Бонд филм.. за мене Андреа за нијанса повеќе ми се свиѓа, веќе гласав за неа