Ако ја испровоцирал да го остави или тргне знамето, таа потпадна и пониско со тоа што буквално го фрли како кугла.
Имаше и лани скандал со групата што победи на Евровизија, Манескин или како и да беа, демек дувале бело таму на масата, имаше и видеа.. Тогаш никој од Италијаните не ги вреѓаше својте, не кажа дека Евровизија не треба да се одржува оваа година во Италија, затоа што биле фатени како дуваат, напротив, си ги бранеа својте.
Смешни сте и наивни со мислењава. Нема да се убедувам, уживајте Реченицата ,,тргни го знамето,, сама по себе е забранета и се коси со правилата на натпревар каде се претставуваат држави. Тргни ја реакцијата на Андреа на страна, не е ни битна у контекст на мојот муабет. Сеа појасно е?
Во тој случај само сами себе си се 'избрукале' како група, а нашата претставничка го омаловажи државното знаме и народот што ја испратил таму да не претставува. Не е исто.
И да го наречеме крив, тоа не ја пере. Ти вели да се сликаш без знаме? Му велиш да го земе он или му го подаваш на друг човек. Или, ако нема на кој да му го подадеш, гледаш дали има нешто на кое можеш да го потпреш.Или ја соблекуваш јакната, ја превиткуваш и на неа го ставаш. Што и да е, само да не е на под.
Добро де еве јас како македонка сакам ете да знам зашто сака он без знаме да ја слика? Он должи одговор, Андреа се изјасни
Луѓе тоа знаменце едвај е знаме, такви нон стоп завршуваат во канта после митинзи и утакмици, а обично на митинзи и утакмици идат најголемите патриоти. Да беше големо знаме па ај.
Каква врска има големината и материјалот на знамето? Не е муабетот дали се фрлаат после митинзи и утакмици, туку дека на јавен настан, кај што цел свет ја гледа, кај што ја претставува Македонија она го фрли знамето, и тоа не да го остави, буквално фрлање. Не беше вкусно, треба да сноси последици, и тоа е тоа.
Леле колку лесно покажуваме со прстпт на осуда кон некој наш, како едвај да чекаме некој да направи грешка па да се излесниме. Млада неискусна, момент на трема и ете непромислено направила нешто. Не ја обучиле, не и кажале како да се понаша во таква ситуација и тоа е тоа. Ставете се на нејзино место. Мислам...јас може и поизгубено би се испонашала. И кажаа да го тргне знамето за сликање, далеку била нашата делегација да го даде на нив, и да не претрчува го направи тоа. И јас незнаев дека такво нешто е казниво со закон ете. Замислете во еден момент вие сте во центар на вниманието и сите камери кон вас се. Јас на свадбата моја колку бев изгубена, не па на ваков настан... Премногу сте строги ,а верувам сите вие што коментирате длабоко во себе ама баш ви е гајле за знамето, името и слично. Знам дека меѓу тие што коментираат има и такви со бугарски пасоши, што се декларираат како бугари, ова со сигурност го кажувам оти на фб читам коментари и познавам таков. Ама не, прст да се покаже само кон некој. Мене и песната баш ми е супер, само мислам оти претерува со имиџов, гримасите и гестикулациите. Таа песна Супермен на Виктор ми е глупост до глупост текстот.
Реално да не беше преполн фб со наслови и статуси со почетен збор СКАНДАЛ никој нишо немаше да примети. И ја така укапирав дека нешо се десило, иако од статусине прво помислив дека хотелот го запалиле нашиве. Пази дека просечен Македонец го прати тиркизниов тепих на Евровизија и едвај чека да ја види Македонија и знамето како се вее .
А зошто не би имало простор? Не мешам баби и жаби, прашувам како големи љубители на државава зошто за поголеми раб ќутите и вака сочно не напаѓате
Неискусната да обрнувала внимание на часови ќе била свесна за значењето на знамето. Не треба ѝ кажат, сама треба да знае. Возбуда не ја пере.Ништо не ја пере. Не ѝ се испушти несакајќи, туку го фрли на под.
Буквално цело време се напаѓа за нешто во Мк. Ама истите што викате сега океј е не е страшно оправдувате и поголеми работи....така да...
"Тешки патриоти позади тастатура." "Што направивте кога ни го менуваа името?" Ако знаете ПОТЕНЦИРАЈТЕ, ако не, не ГЛОБАЛИЗИРАЈТЕ!! Не секој од нас молчеше при овие случки, не дека не се побунивме, не дека не излегувавме на протести и направивме се што е во наша моќ да не се доведеме во оваа ситуација. Ова е лично за мене, бидејќи уште од најмала возраст сум учена за сакање и почитување на татковината и затоа секој мал чин на асимилација и непочитување ме повредува, затоа секогаш реагирам да не се повтори, а и што ќе збориме другите да не почитуваат кога самите не си ја почитуваме земјата.
А што не смеам став да иам? Можеш да се сложиш,можеш да не се сложиш. Кај пишува дека мора сите исто да мислиме? За мене лично ова не е толку голема работа за да се прават вакви фешти.
Дали бе уште тупите со тоа МлАдА е НеИсКуСнА шТо БаРа На ЕвРоВиЗиЈа. Како да ви кажам, Евровизија е простор за млади. Евровизија е простор за секого. На Евровизија и најпознатите се непознати. Таму Здравко Чолиќ да оди ќе биде еднаков со сите останати, зашто ако го знаеме ние, во Франција и Скандинавија не го знаат. Од млади на Евровизија, во 2019 Белорусија ја претставуваше 16 годишна девојка. Беше подобра од пола таму. Истата година, Белгија ја претставуваше 19 годишник. Годинава Словенија ја претставуваат 17 годишни дечки, со нула искуство. Италија е од 18 годишник претставувана. Кое искуство го имаа Монескин лани? Единствено Санремо зад себе кој ги донесе на таа сцена. И победникот од 2019, Данкан, е слична приказна. Видете каде се сега. Исланд 2020/21, две години со ред фаворити за победа, искуство нула, самите кажуваат дека на мајтап се пријавиле. За споредба, Ема Мускат годинава од Малта е меѓу најпознатите таму. Лауро е добро позната фаца и долгогодишен артист во Италија, годинава го претставува Сан Марино. Знаете што? Не се фаворити. Напротив, котираат меѓу најниските. Сакам да кажам, искуство и возраст ≠ успех на Евровизија во најголен дел од случаите. На таа сцена таму, ретко кој има искуство. Еве кај нас сите овие што имаат одено веќе можеме да речеме дека имаат искуство и неколку бек вокали, Антонија најмногу оти таа беше два пати бек вокал мислам, Јанева исто. Многу го вееле гордо знамето претходно. Па и споделивте фотки од другите. Дечки, отворете Инстаграм прво, видете колку фотки има Андреа ПРЕД синоќешната дешавка каде гордо го вее македонското знаме. Зошто за тоа никој не сподели? Каде беа медиумите да пишуваат за тоа? Или само се чека нешто за да се исхејта некој, да се демотивира не само нападнатиот, туку и многу околу што читаат и се надеваат дека еден ден млади, без искуство, ќе направат нешто во оваа земја. А сите почнуваме од некаде, никој не се родил со искуство зад себе. Ајде сега друг аргумент за мразење на Андреа, освен нели знамево. Со душа чекавте да направи грешка девојчето за да и' се нафрлите, самите неколкупати на минативе страни си признавте дека не ја сакате уште од почетокот. А и кого сте сакале
Хахаха братее оти така бе немој да лепиш бедни вистини во лице на некои што џвакаат бурек за тие што се селија в странство демек не биле патриоти, а они тука, меѓутоа ги заболе за Македонија... Ама па затоа за Америка не смееме лош збор да кажеме, многу прости ќе бидеме.
Можеби остава впечаток на темперамент, амбициозност, брзина се гледа во нејзините постојани гестикулации, но, пред сѐ ова беше направено без размислување, не изгледа убаво воопшто се согласувам дека заслужува да биде искритикувана и еве се извини јавно ја сфати грешката. Ама работата отиде до толку да се зборува дека не била баш точна, немала фаца за да не претставува и што уште не, ај да ја распнеме! Абе шо не се деси, живи луѓе изгореа никој не одговараше а ние за знамето фрлено се фативме како слепи за стап! Не знам навистина што е по жално, нејзиниот гест или реакциите на мнозинството, страв ме фаќа!