Не отвараат Инста оти се желни за драма. Божесачувај, го гледав видеото, мислиш плукнала на знамето, се гледа дека не е со лоша намера.
Значи сега го прегледав пак видеото. На две метри од неа има сталак со цвеќе... две метра се 4 чекори... Ама за да е интересна го фрли. Добро.
Не ми се верува што читам. Боже, боже, скандал. Нема простување, право на бесилка. Океј е, се согласувам изгледа крајно невкусно. Можела барем мирно да го остави ако ништо друго, она буквално го фрли. Ама до толку бре?
Ние сами не се сакаме, не па друг ќе не сакал. Не е работава да се натпреваруваме кој повеќе, а кој помалку ја сакал татковинава, ниту да барате од Андреа или било кој да го докажува тоа. Сакајте ја со дела - а од дела кутра Македонија, само со предавнички се сакала и докажувала досега.
Ајде малку смирете ја топката. Дискутирајте за настанот и без навреди едни кон други, ќе следуваат банови.
Само во Македонија си "прост, глупав, партиски послушник" ако си ја сакаш државата. Се претерува со коментари по социјалните мрежи, ама реално си треба санкции за ова. Не е мало дете па да не знае што се дешава, треба и делегацијата да сноси одговорност. Читав за некоја Турска актерка и водителка каде што сосема случајно на поминување на прослава потшутнала балон со Турското знаме и за тоа и следело казна парична и отказ од работа. А овде и химни ни менуваат и знаме, име на држава менуваат. Ама шоимавезе народот кој го шиша.
Смирете возбуда, никој ништо нема да и направи на Андреа, ниту пак кариерата и е осудена на пропаст ко што стравувате. Ене ја Тамарче си пее без прекин. Елена Велеска фолкерката, пред 2-3 години во Бугарија изјави за некоја изворна македонска песна дека е бугарска, ја пцуеја и колнеа и патриотите наши и дијаспорците, па и таа не може да постигне од настапи овде и кај нашинците, значи не ја канселнаа, ко што милувате да кажете. Наравоучение:Македончето како и за секое друго црнило и срање што го снајде досега, два дена знае да пцуе и колне по социјални мрежи и му поминува, чудна некоја сорта сме, јаки на тастатура, ама во реални протести слаби. Ќе се заборави ова за скоро, спијте мирно вечерва. Ама дека невкусно, мизерно, и глупаво беше летачкото фрлање на знамето беше, и не туку ја правдајте дека неколку недели била постојано со знамето, па ај за еднаш ќе и простиме сега.
Права си. Многу грозоморни работи случени во земјава за 30 години, сѐ помалку нѐ допира или сѐ помалку имаме право на израз, на револт. Масакри, убиства, млади животи во неповрат, виновниците изгласани и сега во фотелји во собрание. Народов како да го собира сиот гнев неискажан и најлесно на фб се истура. За случкава инаку да кажам. Глупав потег, избрзан и непромислен, неснаодливо го шутна, и ич не ја оправдувам. Не се брукам по мрежи така што да ја вреѓам девојката, срамота е тоа, ама избрза кутрата. Којзнае колку посрамотено се осеќа. Како не го подаде на некој бар таму, толку ли време немаше во тој минут?
Можеби ова е баш екстремно ама како што прочитав имало доста притисок и осуда од народот за случајот. Во било која држава во светот најстрого се казнува вакво постапување со државен симбол. Дури и со казна затвор.
Нема врска што е млада и неискусна, па сите во одреден момент од животот сте биле млади и неискусни. Ете, едноставно и се поклопиле коцките и ја пратиле на Евровизија. Со оглед на тоа што сите натпреварувачи на Скопје фест кај нас беа анонимуси, било кој и да сме го прателе, пак ќе беше млад и неискусен. Проблемот е што кај нас во Македонија, македонската музичка сцена е на прилично голема пауза. Кога велите искусни пеачи, на кој поточно мислите? Пред 20 години, тоа беа Тоше, Каролина, Калиопи, Владо Јаневски, па после некоја година и Елена Ристеска, па и Мартин Вучиќ и Андријана Јаневска, колку толку ни беа познати. И сега, 10-20 години покасно ние уште ги слушаме песните на Тоше и Каролина. Тоше нажалост веќе го нема, ама гарант кога мислите на искусни пеачи пак мислите на Каролина, Елена Ристеска....и веројатно тоа е. Мене не ми се допаѓа непрофесионализмот на мртв и бескрупулозноста. Уствари истото е со македонската музичка сцена. Ништо не се променило пред 20 години и сега. И не, не очекувајте да ја повлечат Андреа од натпреварувањето, затоа што во тој случај и парична казна би требало да платат.
И французите што ги фрлија знаменцата, ене гледам ги дисфалификуваа, затворија и обесија. А французите се каде-каде попатриотски народ од нас.
Стварно навистина , ме насмеа да си ибеш векот. Туку можеше да му го подаде знамето на тој што ја прашал да се слика без знаме. Барем тоа не е тешко, еве бе батка држ го знамето ти, сликај ме па ќе си го земе назад.
И така секогаш се огледуваме на туѓото. Уште кога ќе почниме во училиште. Мамо, добив 3ка математика, ама и Марија доби 3ка. Мамо, закаснав, наместо во 00:00 дојдов дома во 01:00, ама и Марија дојде тогаш. Мамо го фрлив знамето, ама и Франција го фрли знамето. А мајка пуста, една е на свет .
Ова го кажав затоа што наназад има 500 коментари што би било кога би било од претставник на друга држава. Еве е, и? Што е?