Казниво е и ова, независно кој го направил. Дали заради ваква постапка треба да прогледаме низ прсти за секое понижување? Наведов дека не оправдувам, ниту поддржувам клетви и навреди. Патем, ако сака и од папирус нека е знамето, ова е понижување. @GirlRose ако не ти значи тебе, не значи дека и другите исто мислат или дека државата треба да биде индиферентна. ОК, знаеме дека ние конзервативци што без потреба реагираме сме криви што не сме во финале, ние сме криви и за лани и за сите години наназад, се ми е јасно. Нема веќе да коментирам оти ми е тотално без поента да се докажувам зошто фрлено знаме е спротивно на закон.
Добро де никој не рече дека нема и други како Андреа, читаме и гледаме дека ги има и нормално истите осуди важат и за нив. А знамињава намерно ли се вака напикани и сликани за да се оправда нечија постапка, или?
Златни пејачи како Ламбе, Елена, Белов, Јованов, Пилева, Врчак, Елвир, Ноне, Арнаудова, Сашо веќе не пејат, ги избркавме од државата. Години се немаше појавено некој нов и задржано на сцена, додека не излегоја од Грандој и Пинкој, па и тие во Србија ќе заработуваат. Едно е да се критикува стајлинг или глас, ама успеваме за сите да изедиме гомна животот да им се одмили. Бркајте и пејачи и доктори и сите млади избркајте ги. Ништо не ви се погоди. Остајте ги само политичатите оти очигледно тие погодени се. Андреа ја знам од емисии на МРТ и се гледаше дека има огромен потенцијал. Вчера, после сите драми, сама излезе, изгрми како многу поискусни од неа што не направиле. Библискиот народ требаше да ја осуди ама и да прости, онака христијански нели, да ја поддржи оти на прсти се бројат тие шо не се срамат да кажат дека се од Македонија.
Секако. Јас и @sweet-cherry бевме вчера да набавиме знамиња, ги ставивме во кантава и ги сликавме, се со цел само да ја оправдаме Андреа.
Да си го смениш инфлуенсерот оти не е поќе смешен. Во 3 сати имаше 350 статуси за Андреа. А ко ќе пиши еден подраматичен за политичар, деактивира фб. Ок ја осуди, ама напна, напна.
Како тргнала работава ништо чудно Не знам за кој збораш. Штета шо не е смешен поќе, оти за Андреа пишел
Нека пиши за Талат сега, то помалку смешно е. Нека критикува до сабајле, ама праење јак маж само со послаби...
Јас сум сигурна дека Шери нема попаметна работа и ќе троши пари на купвање и фрлање то шо ќе купи, во случајов знамиња. А дека ова е од некој настан кај шо се вееле патриотски знамињава и после подмолно ги фрлиле и јадат лајна за истото - ќе да е така. Ама секогаш боли друг ко ќе напрај нешто. Ние и на нам сличните ко ќе прат океј е, пошто СИГУРНО срцето му е на право место.
Да си ја сакаш татковината не е само да вееш знаме, да ја знаеш химната од А до Ш и да ги браниш државните симболи. Да ја сакаш татковината (да си патриот) е и да го поддржуваш и браниш и својот претставник, било каде. Ете не мора да го сакаш ако не ти се допаѓа, ама да дадеш поддршка, а не жестоко да го плукаш. Разбирам луѓе на кои не им се допадна постапката на Андреа ама никако не разбирам толку омраза кон неа. Прво треба да си човек, потоа патриот. Ако она мало знаменце е поважно од повреда на нечии чувства, нешто не е во ред. Ако некој оправдува хејт и најпогрдни зборови т.е. смета дека тоа го заслужила, жал ми е за таквите (не)луѓе. Јас сум горда со нашата претставничка, ме радуваат позитивните коментари. Тоа чувство, е тоа е исто така патриотизам. Читаш како некој го вреднува квалитетот на претставникот на твојата татковина, па читаш пофалби за Андреа и воопшто пофалби за Македонија. И убаво ти е. Убаво е што си Македонец во тие моменти на успех. Да, ова за Андреа беше успех. И за нас, што можеме да кажеме дека имаме еве ваков талент во државава. Андреа ќе си направи убава кариера, ќе си има поддршка од оние кои знаат да ценат и ќе си пее, а злобните ќе си останат злобни. Што ли ќе постигнат тие и кој ќе биде нивниот врв.
,,Шведска да побараа без знаме да се слика да видите што ќе се десеше" *Шведска сликана без знаме, no one cares* ,,Некој друг да фрлеше знаме да видите што ќе се десеше" *Швајцарија буквално го треснува знамето од земја, никој ни со прст не мрднува* И кога ќе им го потенцираш ова викаат, како ја оправдувате поради тоа што некој Швајцарец истото го направил. Како да не биле тие првите што вмешаа други држави во муабетот. Дај барем конзистентни бидете.
Патриот во Македонија: најјак на тестатура, само хејта и шири омраза, “има излезено на сите протести”, само чека некој да згреши за да искоментира, го мрази своето и најбитното ИМА бугарски пасош, ама сепак ехее он е патриот. Никогаш нема да го поддржите она што е наше, само критикувате. Андреа буквално цело време го носеше знамето со неа, ниту еден од вас патриотите не го спомена тоа тука, ама една мала грешка и ете ве. Каде е македонската делегација, зар не треба да е постојано до неа, ако и затреба да и помогне? Оти никој од вас патриотите не го коментира тоа?
Моџо. Со цела почит, алал да му е за се', ретко кој има топки да пиши. Ама го претера овај пат непотребно според мене.
Или едноставно е дело на некој дебил кој онака само ги исфрлил, а можеби се и со некоја цел, не можеме да знаеме ни кој ни зошто го направил ова, ниту пак да кажеме дека е во ред. Но не по секоја цена, има се граница до каде, што и како може, толку. Некои ептен емотивци станаа деновиве бе, за разлика од пред неколку месеци кога истите тие со најпогрдни зборови, досетки, со се и сешто го исмеваа народот за неговиот избор а неговиот глас го множеа со 0, паѓаа хвалоспеви за жирито шо гласаше од разни вукојебини, истиот тој народ од кого сега бараат поддршка, а се исмеваа и дел од останатите кандидати, изгледа тие не треба да имаат музичка кариера понатаму, двојни аршини колку сакаш. Туку еве како се слика гордо и достоинствено, без глупирања. И како после да речиш ова било во ред, не не џабе