Чисто информативно, Дарко Димитров беше дел од делегацијата на Црна Гора и никаде не извади македонско знаме, него го мафташе туѓото. И тој непатриот и предавник, арам да му е!
Патриоти што ја сакаат државата, ама фрлаат ѓубре низ прозор од кола. Да, срам ми е да кажам од кај сум, пошто се знае како не гледа најголем дел од светот, а тоа НЕ Е зошто едно знаменце се фрлило на под, многу време пред знаменцето не гледаат така како што не гледаат. Какви трагедии ни се исподесија, тие уште за знамето за секундарен лапсус без лоша намера, таа злоба да излезе од народов е страшно Немој за настани кои вистински повредуваат луѓе да ја искористите енергијава и да протестирате, никако. Само на фејсбук спасување држава и евентуално на слави. И Андреа може ќе е паметна ко погоре наброените пејачи и ќе си ја гради кариерата надвор.
И после сфати дека Македонија не е државата која ја заслужува. Не само неа, туку сите млади кои делуваат самостојно, без партиска поддршка. Ако можат нели.
Извинете што се убацувам у муабет, ама такоџе, јас го пратам Божо на Фб цело време, и пресмешен ми е, некад кога сум мех, си читам негови статуси и се смеам. Ама сеа ја претера скроз, поготово што јас не ја судам ич, и што сѐ беше преувеличено. Да можев да му коментирам на статусот, ќе му коментирав.Ми падна у очи не знам..позитивен лик ми е, и јаде трици некад, да, ама овојпат беше
Инаку Андреа колку години има? Некои се шегуваа, велеа дека на пролетен распуст ќе одела... Но мене не ми изгледа дека учи се' уште средно. На поголема ми изгледа.
Андреа 11-та во полуфиналето Неискусна, млада, глупава, ваква, таква онаква. Али како што и самата пееше: you don't wanna test my limits. Знаете кој друг од кај нас во последниве 10 години има завршено на 11 место? Калиопи! Со ова, Андреа е претставничката која на Македонија и' донесе втор најдобар резултат во последниве десет години на Евровизија, после Тамара, а заедно со Калиопи во 2016. Б р а в о!
Точно, не само ништо што не менува туку нема врска и споредбата бидејќи Калиопи и Тамара беа во финале, за разлика од Андреа која испадна во полуфинале, да биде иронијата поголема гласовите на жирито беа пресудни за Андреа и во двата случаеви победата на домашниот избор и испаѓањето на Евровизија, карма, тоа ти е.
Некои 2-3 дена пред ова со знамето е сликана и снимена со огромно македонско знаме како наметка врз нејзе така да сите оние кои нѐ следат, а коментираат треба малку да ја видат и позадината. А на македонските медиуми - срам да им е! Одвај по една вест пишаа за нејзе, а овде први се за скандал. Наместо да известат онака како што е, тие за кликови намерно вадат од контекст. Ај тоа туку барем во текстот да напишат како што навистина било? Туку што лупам и јас кога нема новинари, ништо не следат, што ќе пишат... Од сопствените си патиме. А и делегацијата е за критикување. Зошто ја оставиле сама? Не џабе оди цел тим со нејзе. Мене пријатно ме изненади со настапот. За разлика од претходните настапи во живо овој ѝ беше баш добар. Нема зошто да мавта македонско знаме кога оди да претставува туѓа земја.