Последниве години не ми се допаѓаат нашите песни што ги праќаме на Евровизија. Подобро да прекинеме да учествуваме.
Песните и годинава и лани си се супер, тоа што некој обожава Теа Таирович песни е друг проблем. Учесниците знаеја кои се условите за победа оваа година, никој на никого не му ја "украде" победата. Кој и да оди на Евровизија ние мораме да го напаѓаме крвнички. И за Тоше истото беше, не одам понатаму. Дојдовме да се докажуваме кој од кој е поголем патриот, па Андреа да докажува дека ја сака Македонија, па ние да и викаме не, не' ја сакаш.. ајде сега некоја нова тема ќе излези за плукање
Јас не сум за да се откажеме од Евровизија. Тоа ни е единствена прилика, да не чуе светот, по нешто убаво, настрана она што за нас е својствено, трагедии, жртви, вечни спорови, корупција, беда. Мора да смениме пристап, само будала може да иде нон стоп со истата “тактика” а да очекува поинаков/подобср резултат. Европа има чуено доволно поп/рок, редно е етно звук да вметнеме, гарант убаво ќе котира. И овој муабет треба да го прават оние кои земаат пари за тоа, а не да чекаат Мај да дојде да шетнат низ Европа на државен грб. Нема резултати, менувај тим.
Ова дефинитивно си во право! Украина и уште неколку други постојано вметнуваат етно мелос типичен за нивните држави и секогаш кога ќе го направат тоа се држат одлично. Турција победи со таква песна, Украина еднаш победи (Руслана) и еднаш многу се доближи (ГоА) до победа, а годинава не ги метам зошто колку беше океј песната току беше политичка победата... Една година и бугарија пратија многу слична песна како ланската на ГоА па влегоа во финале со истата што прв пат се случи за нив. Шпанија често вметнуваат нивен типичен ритам, Португалија кога ќе вметнат елементи на фадо добро стојат, Азербеџан лани исто така и да не ги редам сега сите такви примери зошто ги има многу. Секогаш зависи како ќе се погоди. Мора да се гледа и каква атмосфера владее. Годинава очигледно повеќе им одеше на баладите (што одамна не било случај). Сите спори песни влегоа, што многу ме изненади.
Се е тоа одлично, ама кој да го направи тоа?! Едноставно немаме пари ниту добар композитор да платиме.
И те како има добри композитори, музичари и што уште не. Порано одеа попознати па пак ништо не направија. Ако се сака нешто треба да се направи, не со сила да се тера.
Се сложувам со тебе, ама која промоција ќе ја добие еден просечен македонски композитор? Како на пример Дарко Димитров. Тој ја компонирал песната на Црна Гора оваа година и лани на Србија, како и многу други. Тој повеќе ќе добие внимание од Србија, отколку од нас.
Си има буџет за тоа. А и нема потреба во македонија да има промоција кога треба да е за странство. Ете за Црна Гора беше тој па пак ништо не направи (иако според мене песната беше убава, а гласот на девојката Владана беше предобар). Фокусот треба да биде на друго, претежно на менување на целиот концепт. Ама не верувам дека нешто ќе се промени сметајќи дека македонија снема музичка естрада заради хејтери. Така и сега пропадна заради дијаспората која беше разочарана заради знамето кое пак беше објавено од македонските кликбејт медиуми кои не ни следат евровисија за да знаат дека ден претходно се имаше сликано со огромно знаме на нејзе, а овие ја линчуваа неосновано. Да не беа тие саморогласени кликбејт медиуми, сигурно и дијаспората во тие држави кои можеа да гласаат ќе си гласаше. Сам себе убијал.
По завршувањето на Скопскиот фестивал 2014 година (Избор за преставник на Македонија на Евровизија 2015), од МВР информираа дека кај продукциската куќа („План Б“) на пејачите под реден број 17 и 20 (Викторија Лоба и Димитар Андоновски) се пронајдени илјадници (2000) СИМ картички (од една СИМ картичка можеше да се гласа само по еднаш), кои биле употребени при гласањето. Пејачите демантираа било каква вмешаност, но сомнежот за местењето остана.