1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреј Пејиќ - машки или женски модел?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Artemission, 6 октомври 2011.

  1. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    ^ ^^Па кога веќе треба да дадам мислење ... Натали Портман тука на сликата ми изгледа малку :puke: и не ми е јасно каде е убавината на сликата , но она што јасно се гледа е дека е TAA . А кај останатите не станува ни збор . А ... и покрај тоа што не ми е по вкус таквиот стајлинг , не гледам некоја трансформација од жена во маж ( освен сосема мала кај Натали Портман , ќе се повторам , и не ми е јасно што мислела во моментот ) . Не разбирам како може ова воопшто да се споредува со тоа што Андрејчич Пејчич , еден од хероите на новите генерации го прави . |(

    PHYRAMIDE , јас совршено добро те разбрав и не ти реплицирав тебе туку само го цитирав делот за силиконите што ти бодат очи , а нечија анорексичност не . На крајот на краиштата ова е форум и дазволено е цитирање , остатокот од мојот пост не ти беше наменет тебе , дали го плукаш Боки или не , а остатокот од твојот пост не го ни прочитав , застанав кај Бокица , бидејќи јас не ти се обратив тебе , повторувам , а и денес сум така расположена , не ми се ни дискутира повеќе кога гледам дека ме вадат од контекст . ;)
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да ме прочиташе, ќе видеше дека не си во право. Токму тој дел ти го објаснив а ти изгледа токму тоа не си го прочитала...али ок, напрај си заклучок без да прочиташ туѓо мислење. Као демек - ма збори си ти што сакаш јас си создадов заклучок и у право сум иако немам поим за што зборуваш и немам намера да те читам до крај :D
    Јас сум денес расположена за дообјаснување тогаш кога, да се повторам, не сум разбрана. Поточно сум многу далеку од сфатена ;)

    Силиконите и анорексијата се во случајов ептен ирелевантни. Андреј Пејиќ е забележан како модел од други причини, верувам.

    Пријатноооо :hai:
     
    На Fearless и thelittle17 им се допаѓа ова.
  3. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Така ти мисли си дека си во право :rofl: :D :rofl: , душичка :D Не дискутирам со тебе од проста причина затоа што и кога решив да те циирам а и сега докажуваш дека мешаш баби и жаби , ниту јас прва го спомнав Боки , ниту силикони ...


    Пријатно и тебе :hai: Убав остаток од денот , верувај си во што сакаш , создавај си лажни идоли само повеќе логика во иднина ... Адиос

    Edit Да не бидам потполно оф топик и да не пишувам ново мислење еве колку здраво живее "девојкава"

    http://www.theimproper.com/27253/andrej ... gay-photos

    Значи покрај промоција на неприродниот андрогенизам си продолжуваат да ги учат девојчињава на прегладнување , па и не само девојчињава , изгледа сакаат новата мода да премине и кај момчињата , нели детево не знае дали е маж или жена ...
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Искористил(а) момент во светот, кога се што е ексцентрично и лудо , е најјака ствар. Дефинитивно женско кога е повеќе му стои, или можеби поради тоа што не сме навикнати да гледаме тип да се шета ко женско на модна писта и да носе фустанчиња и притоа да биде полиен со улје и да свети како тазе да излегол од депилација па го намачкале за да не му се воспалат нозете :^) . Како и да е, мислам дека колку изгледа чудно, толку и не е од друга страна - си меле пари човекот, гајле му е што другите мислат за него, а и да :!: има привилегија да му се пуштаат и машки и женски и да сам да си одбере што сака да биде вечерта, дали да се истега во секси минич или да удри на смокинг :lol:
     
  5. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Не реков дека некој не смее да има проблем со сексуална ориентација(иако според мене мислам дека би требало да прифаќаме секаква ориентација ).Поентата ми беше дека на многу груб начин си го кажа мислењето феминката погоре.
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Да, дечково е андрогИн(правилна употреба бидејќи андроген е хормон) и таквите личности изгледаат посебно и будат интерес, дали со фасцинирање или згадување, во секој случај тешко се останува рамнодушен. Во античко време андрогините биле меѓу најбараните и највисоко платените лица за сексуални услуги биле во редот на највисоката проституција. Буделе посебен интерес и во средновековието кај некои од највисоките претставници на аристократијата и црквата (низ доста историски книги сум го сретнала овој податок). Ова во контекст на тоа дека не е нешто нов едно - интересот за ваквите личности друго - самата нивна појава низ различни столетија не е изум на извитоперената модна индустрија на денешницата како што повеќемина протолкувале. Според една студија во просек андрогините се и пофлексибилни и ментално поздрави во однос на останатата популација и андрогеноста не е во корелација со исклучиво со хомо или бисексуалност.

    Примерите постирани со Натали Портман и др. девојки не држат вода, бидејќи не е само да се ишишаш кратко и да облечеш одело, треба повеќе предиспозоции за типичен андрогин. Посоодветен пример е Ени Ленокс.

    Против дечково немам ништо, ни против било кој сличен на него. Едноставно кај мене сенсот за одвратност кој ми го буди одредена индивидуа нема врска со било надворешни карактеристики или сексуална ориентација. Фактот што ја користи својата посебност за да гради кариера ми е сосема оправдан.

    Едит - андрогини се лица со комбинација на машки и женски карактеристики во себе, не припаѓаат ни на строго дефинирани типично машки ни на типично женски одлики на полот и не се само митолошки ликови, туку конкретни луѓе од крв и месо. Инаку познат ми е митот и еден од поинтересните дефинитивно.
     
    На Magnolija, julie77 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Дечково го има тоа нешто потребно за да биде модел. Има изглед, го има погледот во очите, а и пробал да направи нешто со тоа што природата му го доделила и успеал во тоа. Браво за него, толку имам да кажам.
     
    На Plavusa.17, Neytiri и Dgirlll им се допаѓа ова.
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Епа, навистина... знаев јас дека андроген е хормон, затоа ми падна чуден изразот кога првпат слушнав за овој. :^) Инаку учевме во средно за учењето на андрогИнизмот во стара Грција. АндрогИните биле митолошки суштества и мажи и жени (според нив порано немало посебно мажи и жени туку андрогинот бил и маж и жена). Па после се одвоиле мажот од жената, настанале две суштества и според ова (за мене извитоперено учење) единствена возвишена љубов може да постои помеѓу маж и маж (мажот може да врши функција и на маж и на жена бидејќи кај него останал разумот и се што е возвишено |( ), додека жената служи само за репродукција и за задоволување на сексуалните потреби кај мажот. А познато ми е за такви појави низ минатото, таков вид на проститутуција и т.н. и тоа го гледам како изопаченост, баш поради природата на тоа учење. Имало и римски императори кои си се облекувале како жени, па нивната психичка нестабилност била повеќе од јасна и јасно е до кој степен оделе и зошто морале да ги тргаат од власт.

    А за мене и овој и тие не се никакви андрогини туку обични травестити (трансвестити кој како сака), бидејќи андрогинот е митолошко суштество. Да не бидам оф, ова ми е одвратно и не гледам ама баш никаква храброст кај него, што востание да не кренал, случајно? Не ме интересираат егзибиции од ваков тип и нема да го гледам веќе.

    едит ок знам дека и луѓе од крв и од месо со особини како дотичниот за кого е отворена темата се познати во науката како андрогини, не се работи само за митски суштества, само мене ми е поприкладно да си ги нарекувам травестити, бидејќи и онака се мешаат поими андроген, андрогин... :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    изгледајте го видеово и ќе ви стане јасно за трансексуалците

    http://www.youtube.com/watch?v=SaDcVORdYIo


    Jас реков немам против тоа, типов што сака нека си прави на приватен план, ама дај, има милион убави девојки, кои би можеле да бидат модели!
    машко е... само кога ќе го видам рамен горе, антипатично ми е...
    Hе знам...
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Па што ако се убави, моделите претежно немаат онаква класична убавина, имаат нешто посебно. А дечково го има тоа, иако е спакувано во издание на девојка.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Mоже тебе ти е убав, ама мене не ми се допаѓа!
    и не можам да го гледам ко манекенка :)
     
    На Saki15 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Добро јасно ми е тоа :) него сакав да кажам во врска со убавите девојки, дека е точно дека има убави девојки, ама не секоја ја бива за модел, затоа тоа не е аргумент против дечково.
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не знам што да речам за дечково, освен дека се пробил, модните фаци гледаат нешто во него и успева типов.
    Е, сега тој во приватен живот можеби си е прав маж, што го напаѓаме за изгледот?
    Оди на снимање, ревија, таму го шминкаат и облекуваат според потребите, а тој си ја извршува работата професионално. ;)
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    лично мене тој дечкото/девојката на видеото што го поставив ми е поженствен и поубав од овој :D
    A и јас мислам дека само професионално е ваков.. :)
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Секоја чест мислам толку женствено да изгледа..... соученички од класот не се вака убави хахахаа :* :* :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Пупи. :)
    Мене ми е многу интересно што има таков лик што може да му се прилагодува со шминка, па секој не може да биде и машко и женско, или си тоа или тоа или Боки13 :lol:
    Си нашо дечкото паметен начин да заработува и не можам да се одлучам како му стои подобро, прв пат кога го видов не мислев дека е машко, се изненадив и не би го декларирала како пол, само како модел, а каков е тој си знае, битно може да се прилагоди.
    Бил виден во некоја дискотека со некој црн маж за кој се шпекулирало дека му е дечко, па сега.
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Фотосесија на Андреј и Зомби Бој за бразилскиот бренд Auslander која дефинитивно ќе предизвика многу реакции. И како што напишал авторот на статијата: "Ова е случај кога најверојатно нема да ја запаметите облеката, но сигурно ќе ја памтите рекламата."

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На la-chicka, Neytiri, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Обично вакви луѓе не оправдувам. Чудни ми се, не иде природно. Не знам, едноставно не оправдувам. Не ги осудувам или било што, ама имам негативно мислење. Има се низ светот, ама не ми е јасно, брее како може да биде толку женствен?! Да не знаеш дека е машко, нема шанси да ти текне, ама никако. Какво му е лицето, а нозете :o ! Не, не .. не знам како е можно. Во секој случај, ‘‘тој’’ си го одбрал и го сака тоа, па ете гледаш и му тргнало, си работи човекот. Некои па баш и такви сакаат.
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Од маркетиншка гледна точка многу ми се допаѓа одлуката на Auslander. Нема шанси никакви да помини незаприметено и нема шанси некој да остани рамнодушен на вакво нешто. Ова или ќе ти се допаѓа премногу и ќе му се восхитуваш или ќе ти биди одвратно и ќе ти се гади. Битно рамнодушност, во никој случај. Со тоа претпоставувам дека Auslander си ја остварија замислата и целта. Мене ми допаѓаат оние кои размислуваат поинаку, барем како што реков од страна на рекламата. Всушност и само тие успеваат.
    Мене Рико ми е малку страшен и не сфаќам зошто некој би му го направил ова на сопсвтеното тело, но моето мислење за Рико е речиси исто како и за Андреј, го искористил тоа што го има за да направи пари, нашол начин да биди поинаков и од тоа да прави големи пари, а тоа секако е за почит.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми личи на машко освен кога ќе си ги покаже цицките..