Биги мајка природа, и тој тоа само си го искористува во сопстевени цели и за негова егзистенција, кога може да се трансформира јас сосема го оправудвам, нема зошто да ми биде одвратен или одвратна. Зошто јас не можам да се трансформирам во машко? И да ја скратам косава пак ќе ми се познава, мајка природа, не може секој така, затоа е тука тоа интересното според мене, неговите црти, телото, такво слабо баш ко за манекенка, а и според рацете(дека е нежен) плус бел нема шанси да откриеш дека е машко. Негов личен избор во врска со професијата и со половата припадност и ориентираност, се додека може и се трансформира и е баран, се слика, оди на кампањи, модни писти, прави реклами за него си е убаво и тој си се полни со пари во џеб, ние обични смртници и да го критикуваме и да го осудуваме исто ни се фаќа, од тоа пари не добиваме. P.S се прашувам каков би бил со кратка коса
Лукс има слики каде што косата му е фатена скроз, облеката му е машка и личи на нормално машко со многу убави црти на лицето.
еве го со кратка коса Мене ми е баш ОК, 2 во 1 и машко и женско. Симпатичен е, нежен, а не знам дали забележавте дека малку личе на Кира Најтли и Натали Портман.
Јас сакам да гледам убави, неспецифични ликови на пистите, по модни едиторијали, реклами и кампањи. Тука дискутираме за неговото влијание и резултатот кој го постигнал на модната сцена, а сметам дека е повеќе од задоволувачки.
Баш овој мит го сретнав во беседата на Ериксмах во „Гозба“ на Платон - дефинитивно еден од моите омилени митови. Малку сум во дилема дали андрогини се сметаат оние кои буквално се пола жена-пола маж, значи буквално како митолошки суштества Spoiler Или денес тоа е примерот на Андреј Пејиќ. Факт е дека има убаво лице, но неговото тело ми е многу грдо. Барем си заработува благодарение на неговата специфичност. Некој друг можеби не би излегол од дома. Деца модели, машки модели кои личат на жени... уште малку и од некоја коза ќе направат модел, за да не се почуствуват запоставено зоофилите Толку сум против овие работи и толку сум против таа глупава мода која создаде милион анорексични закачалки и лижавки.
немам ништо против овој пошто очигледно си зацртал да биде познат и богат, а целта ги оправдува средствата нели ?? ама имам против оние што го фалат, му се диват, не можеле да тргнат поглед од него од позитивна фасцинираност... на сите тие им посакувам ваков син-ќерка да имаат па дома па нека му се воодушевуваат колку сакаат. се чудам до каде ни дојде свеста и менталниот склоп ?
НИкој не рече дека сака да има син/ќерка како него, дека само е многу специфичен и единствен според мене! Не му се дивам ниту ми завидувам, ама неможам да порекнам дека не е многу успешен во свјата професија, и дека е многу професионален! Да бар пола од моделите беа фотогенични како него, а не здрвени. А што е во приватен живот, каков е, ич не ме интересира, али е дефинитно one of a kind
Тоа што има женски црти, него не го прават ненормален или геј. И подобро да имам ваков син, отколку некој како Боки наш.
Андрогините се митолошки суштества, само што денес еве изгледа тој термин, не знам по која логика, се користи за такви како Андреј Пејиќ. И мене ме збуни кога го сретнав терминот . Затоа реков дека за мене маж што се облекува како жена е травестит, па и овој Андреј Пејиќ го сметам за тоа. А модниот свет дефинитивно почна да ги преминува границите, треба малку да се соземат и спуштат на земја, според мене. Ајде што го нашле и што го облекле како жена (а можел кариера да има и како чисто машки модел) не знам со кој памет го сликаат разголен. Друго прашање е веќе што ќе прави за едно 5-6 години кога машките црти на лицето и грубоста ќе му бидат далеку поизразени отколку кај 19-годишно момче. И јас си имам некои врсници, обични дечки, така со нежни црти на лице... Ама тоа не трае вечно. Тоа допрва ќе се менува.
Совршен за модниот свет-лесно се трансформира, фотогеничен, природата му ја предодредила професијата Воопшто не ми смета изгледот ни кога е во улога на машко, ниту во улога на женско. Spoiler
Ми се допаѓа момаков. Мислам дека во светот на модата се потребни вакви специфични луѓе. Да бидеме искрени не дека им се воодушевуваме на сите колекции, не дека ни се убави сите модели. Мене тој ми е убав без разлика дали е како момак или како девојка. Знае да ги носи работите, има став потребен за ваква професија. Може ќе ме нападнете, но мене моделиве ми се баш закачалки кои ја претставуваат гардеробата. Па подобро убава закачалка, со специфичен лик и можност за трансформација, него некои жени кои не личат на луѓе, па не се ни женствени.
Не знам за вас, ама мене и зад онаа шминка и изглед сеуште ми го има оној машки поглед. Јес да и јас кога го видов прв пат мислев дека е женско, ама кога подробно ќе се задлабочам во фотографиите... Овдека на пример го гледам само во очите, другиот дел го покривам и навистина има некако... машки поглед... не знам, може до мене е... Spoiler За лик има убави женски црти и сметам дека во кариерата ќе е успешен таму каде што е, а во Македонија каде што е втемлен балканскиот тип на размислување и предрасуди мислам дека ќе народот ќе го шутне, додека пак некои ќе го форсираат, нешто слично на Бокита. Инаку додека ги гледам некои од сликиве како на пр оваа: Spoiler или многу ми се језиви...
Тоа андроген е позајмен збор (од грчката митологија на суштество кое е пола маж, а пола жена) со кој најдобро би се опишал типот на моделот. Како што има на пример фото модел (кој се користи за фотосесии) или супер модел (оние високо-платени со светска репутација со договори за реклами, ревии или ексклузивни списанија и фотосесии). Значи андроген модел не значи дека личноста има два пола туку нејзиниот специфичен изглед со помош на шминка, стилизирање и секако професионални трикови може да се трансформира во машки и женски лик во зависност од потребите. И не е травестит, тие се сосем друга категорија. Значи може на равија да ви се допадне машкиот костум кој го презентира, или нијансата на кармин која ја носи во некој каталог или наочарите кои ги рекламира. Секако ова на прв поглед кога не се знае дека е тоа "андроген модел". А ако дискутираме за тоа дали е оравдано тоа што го работи е друга тема. И колку е тоа прифатливо во нашата средина може да се види од коментарите каде е травестит, геј, изрод и што уште не. Во светот на високата мода овие лица и тоа како се профитабилни.
Јасно е дека терминот е позајмен од митологијата, јасно е дека не постојат митолошки суштества со два пола, само мене неговата употреба во случајов ми е нелогична, настрана тоа што постои и хормон кој се нарекува андроген. А маж кој што се облекува како жена го сметам за травестит. Всушност не само јас што го сметам, туку тој тоа и е. А не ми е јасно зошто ако некому не му се допаѓа "андрогинизмот" или Андреј Пејиќ како модел, веднаш е осудуван дека тоа е влијание на нашата средина или "што ли уште не". Како да немаат сите право на свое мислење.
Па андроген е поимот кој ги класифицира моделите кои трпат трансформации на половите со шминка. Што е нелогично? А травестит е маж кој се облекува во женска облека пред се заради сексуалната ориентација, што нема врска со случајов на ваквите модели. И нормално дека секој си има право на свое мислење, само што во креирање на истото средината или мнозинството има и тоа како улога. Можеш да не го сакаш или оправдуваш ова, но зошто да се осудува и претерува со коментари и eтикетирања кога можеби ова им е само професија и ништо повеќе.
За употребата на терминот андроген/андрогин и зошто ми е таа нелогична веќе се изјаснив. Не сакам да навлегувам во нечија сексуална определба, само што тој нели јавно се декларирал дека не е сигурен во неа и дека го привлекуваат и мажи, кога веќе го поврзавме тоа "трансвестит" со сексуална ориентација. Типот се облака како жена и се шминка, не е битно од кои побуди, тоа за мене е трансвеститизам. Осуди? Хм, не би рекла. Дури и да сакам (а немам такви намери), немам ингиренции за да судам. И за етикетирањата, тој е само една од многуте јавни личности и со тоа веќе се ставил себеси на тапет, не верувам ни дека го интересираат нечии коментари кога веќе си го полни џебот со милиони. Сепак темава е тука за да се коментира. Неговото влијание врз модниот свет не можам да го оценам како нешто многу позитивно. Со самото тоа што мене лично, фактот што Андреј Пејиќ ги носи и ги рекламира, не би ме убедило да купам некакви си штикли, хаљина или здолниште. Точно е дека е фотогеничен, но јас не гледам ништо посебно или уникатно кај него, со тоа што потенцирав дека познавам деца на моја возраст кои имаат нежни, детинести или женствени црти на лицето, но како што кажав тоа се менува со текот на времето. Колку и да заработува и колку и да го форсираат, мене секогаш ќе ми бидат одвратни неговите разголени фотографии. А тоа дека мнозинството игра голема улога врз формирањето на нечие мислење, до некаде си и во право, еве на пример поголем број од луѓево го поддржуваат и тоа се должи верувам на медиумската експонираност и на позитивниот публицитет кој го добива. А јас не можам да и се дивам на неговата појава, ма кој што сака нека зборува. Мислам дека бев јасна и не би сакала некому да му пречи и да му боде в очи моето мислење или нешто што јас сум го рекла за моделов за повеќе и да не се навраќам на тема на која веќе си го искажав својот став.
Секој со своите ставови-апсурдни или не тоа е На осуди или етикетирања мислев баш во твоите коментари каде се оценува како "травестит" или "нов пациент". А мнозинството игра голема улога но во негативна смисла зашто јас типов прв пат го видов тука, а на слики каде би рекламирал нешто тешко дека ќе се двоумам дали личност а маж облечен во жена наместо производите кои ги презентира.
Тоа дека е травестит не е никаква осуда или навреда,туку е факт, апсурдно е да се тврди спротивното ако се има во предвид следната дефиниција Spoiler Трансвестит е личност која ужива во носење на облека од другиот род. Овие личности можат да бидат и со хетеросексуална и со хомосексуална ориентација. И да, тоа што Андреј Пејиќ ги рекламира производите и за мене не игра никаква улога, но користејќи го него како модел сигурно не би ме убедиле да ги купам.
Значи откривме дека травестит е оној кој се облекува како жена. Нооооо нему ова му е професија и на челото кога е на ревија не му пишува дека е маж, или во каталог за шминка на пример нема да пишува дека моделот е машко (и не можеме да знаеме дали е травестит затоа што заради потребите на некоја модна куќа го трансформирале) Поентата ми беше дека прв пат феноменов го видов тука, а тоа што за одредени цели го трансформираат и не е толку важно, сигурно првото прашање на ревии не е дали девојкава е маж и обратно. Приватниот живот е друга тема, а со ваков став треба ли секогаш да се прашуваме што се крие зад моделот пред да го купиме производот? Од личен аспект кога не би го знаела Андреј дека на сликата е прикажан како некоја Андреја, јас гледам само девојка која го рекламира она за што е платена и ништо пиовеќе. Сега е прашање дали се оправдуваат ваквите трансформации во високата мода. А неговите изјави и приватен живот воопшто не ме интересираат ако дискутираме за оваа појава во модната индустрија. Прифатливо или извитоперено тоа е. Но факт е дека вакви трансформации се правеле и ќе се прават, можеби некому му е професија а некому начин на живеење, но ние никогаш нема да дознаеме дали онаа што го прикажува црвениот кармин или марка на очила со стилизиран изглед, фризура и професионална шминка е всушност оној