Девојки ако може да ми кажете некоја апликација за батеријата да e поиздржлива и против вируси, ама по можност некои кои ги користите и се добри?
Барајќи такви апликации, наидов на поделени мислења околу користењето на task killer-и, battery save-ри и сл. Постојат многу, нудат секакви опции и голем број на луѓе ги користат. Јас решив да не го оптеретувам телефонот и да зафаќам простор, бидејќи заклучокот е дека тие апликации знаат да не се доволно ефикасни и може да не бидат добробитни за телефоните. Затоа пак самите андроиди имаат однапред вградени опции кои веќе се достапни и нема потреба од посебни апликации, а може и самите да го контролирате исклучувањето на апликациите или подесување на опциите кои трошат батерија. Ако сепак сакате да инсталирате нешто такво еве еден предлог.
Јас имам еден проблем феминки..конкретно со Viber Значи имав инсталирано Viber и по некое време почна многу да кочи кога ќе пишев со некој и го деинсталирав и по 2 дена реков да си го инсталирам пак...И го спуштив и сега го пишам бројот од мобилниот, чекам да стигни код нели за да потврдам...Пишува дека кодот ќе биди испратен и воопшто не стигнува Значи не знам колку пати пробав така, го бришев па пак го инсталирав и безуспешно Код не стигнува....а тој како апликација си седи во телефонот и кога ке одам на него, ми вади слика од мене, на профилот ама контакти нема...Е сега ако некоја или некој од вас знај како да го средам ова, нека ми кажи
Се сложувам, и јас немам инсталирано таск-килер апликација, ама имам антивирус AVG антивирус, бидејќи имам лошо искуство со претходниот телефон, кога закачив вирус па не можев ни да го уклучам телефонот, не па друго.
Околу антивирусите исто има поделени ставови ама шубе ми е и мене, па повремено инсталирам Аваст и правам скенирање. Инаку пазам што отварам, што инсталирам и не кликам разни рекламчиња што се појавуваат, а знаат да бидат ризични.
За антивирус јас го користам AVG AntiVir. И добар е многу. А за батеријата батали апликации. Намали светлина на телефонот, ви-фи и 3Г користи само по потреба, бриши ги апликациите што работат во позадина (јас моментално го користам Clean Master) и бриши ги апликациите што не ги користиш.
Исто и мене ми се јави проблем со контактите. Ако во именикот ги имаш внесено 070123456 не ги дава. Внеси ги +38970123456. Јас моите ги сменив вака и сега немам проблем.
Пробајте ако не со: General Saving Mode Intelligent Saving Mode Super Power Saving Mode Advanced Customize Mode Сум ви ги подредил така што почнувам од најдобрата.
Нати пробав како што ми кажа и пак е истото Помагајте....очајно си го сакам Вибер Денес го рестартирав телефонот и пак не сака и не.....Ве молам помош.....
^ 45755285 пати пробав и од ново да внесам некои броеви и од ново да го инсталирам, буквално се проба и исто контактите не ми ги покажуваше. Се откажав и неам веќе Viber.
На Инстаграм еден nigga нон стоп на секоја слика ми коментира. Го блокирав сега, ама уште стои. Како да го отстранам целосно, да не може ништо да мое да гледа?
Не би требало да ти го дава кога повторно ќе се уклучиш на Инстаграм. Јас да прашам даи знаете некој програм за чистење на црвената точка од очите при сликање (red eye). Го имам програмот Aviary таму ја има таа опција ама не се прави, па ако знете некој друг програм?
Слабо прават update, на некои линии што ги користам не е точен возниот ред така да не се ослонувам на Автобуско. Иста ситуација беше и со една друга апликација за возен ред на јсп. Провери на страната и во апликацијата дали се поклопуваат термините за линијата што ти треба.
^^^ Пред да ми рикне мобилниот, ја користев оваа апликација. До тогаш, секогаш беше точна. А сега дали е точна или неточна... би требало да е точна.
ЈСП повремено прави измени на возниот ред на некои линии, а сезонски (зима-лето) редовно се менува. Апликациите за најголем дел од линиите се точни, но ете ми се погоди да користам баш линии кои имаат неточен распоред (стар, непроменет) и на двете. Автобуско е последно ажурурана June 26, 2013, а другата што ја постираше Elennaa 14-Јан-2014. По последниот update на втората повторно го немаше актуелниот распоред за линија што ми треба. Затоа ви препорачувам распоредот што ви треба да го споредите со тој од страната на јсп.