Андроид апликација Следниот телефон ке ми биде со Андроид. Можеби ке помине време но ке биде. Инаку пред некое време сестра ми ми покажа една многу јака апликација, која се инсталира на телефон со аднроид, работи во позадина и неможе да се исклучи доколку го нема нејзиниот пасворд, и е неприметлива. Таа апликација сестра ми и ја инсталира на внука ми на телефонот, за да може во секој момент да знае каде е. Таа секако не знае ништо но сестра ми се логира на една веб страна и и кажува точна локација. Убаво е тоа во случај да дојде до кражба на телефонот. Или пак за шпиунирање.
Андроид апликација Не дека сум тапа со технологијава, ама за нешто што не поседувам па воопшто не се интересирам, како за андроидов на пример до сега. Ама моментално имам можност за користење и се разгледав и разбрав за далнлодирање и инсталирање од андроинд маркет или гугл со претходно постоечки акаунт, само не ми е јасно едно нешто. Андроидов функционира на интернет (од телефон) или ви-фи конекција само? Или и без активиран интернет и без конектирана ваерлес мрежа можам да го користам или ќе ми зема пари од кредит? На пример мапа или прес да читам без да имам пристап на интернет. Исто и за да спуштам нови апликации, да уклучам интернет и без е можно? (без притоа да наплаќа од кредит). ???
Андроид апликација Ако добро сум информирана има апликации што може да се користат офлајн (без пристап до интернет), а има и некои за кои мора да има интернет конекција од било кој тип за да може да се користат.
Андроид апликација А како да знам кои се бесплатни? Фејсбук, е-маил, вајбер, скајп, инстаграм, јутјуб, игри.... Овие, така? https://play.google.com/store/apps/coll ... t=0&num=24
Андроид апликација Овие се топ free (бесплатни) така да тие се, а и други има во маркетот кои се водат под free.
Андроид апликација Тоа би значело дека можам да ги користам секогаш и секаде без да трошам пари од кредит и без конекција од интернет?
Андроид апликација Не, тоа што се free значи дека можеш бесплатно да ги симнеш во твојот телефон. А дали може да се користат само со интернет или може и без вклучен интернет е друго и зависи од самите апликации.
Андроид апликација Има некој симнувано од Гугл Плеј андроид апликации ?? Јас симнував некои на училиште преку WIFI и сеа идам дома отварам на странава ми покажува кои апликации се инсталирани пишува INSTALED!! E сеа на тие што ги немам втелефон ми покажува ИНСТАЛ и коа ке стиснам тука вика дека е инсталирана во мојот телефон. Ама коа ке влезам во телефонов ги нема инсталирано... Помош некОј ??
Андроид апликација ^И јас спуштам од тука,ама не ми се случило ова. Штом така ти вели, значи веќе ги имаш инсталирано во телефон. Можеби со телефонот кога си го купила ги имало веќе апликациите. И јас имав така некои, гугл, фејсбук, јутјуб и други и немав потреба да ги преинсталирам. Побарај ги во телефонот во спуштени андроид апликации и ако не ти се активирани само активирај ги. Во спротивно не би знаела што е. Или пак ако ги најдеш, направи им анинстал и преинсталирај ги повторно.
Андроид апликација Сеа за брзо дали за неколку недели или за месец дена ќе имам нов телефон со Андроид оперативен систем и нормално ќе користам андроид апликации. И претходниов мобилен требаше да ми биде со андроид ама дека го немаше зедов копија без андроид т.е постар модел, т.е модел без повеќе опции како тој со андроид. Ми делуваат интересно апликацииве и едвај чекам да ми го земат телефонот.
Андроид апликација А да ве прашам за Вајбер апликацијата. Инсталирав и гледам дека и други мои контакти од телефон што сум ги имала имаат инсталирано. Само со нив можам да зборам и праќам смс бесплатно или и со сите други што немаат вајбер. И дали за да биде бесплатно треба и тие во моментот да се вклучени на ви-фи?
Андроид апликација ^Само со тие што имаат инсталирано вајбер можеш да збориш бесплатно.И тие треба во моментот да бидат уклучени на вифи
Андроид апликација Вибер можеш да го користиш само со оние кои исто го имаат инсталирано, ти се синхронизираат контактите кога ќе го инсталираш. Иначе подобро е пораки да праќаш зошто за зборење треба двајцата корисници да бидат поврзани со јак и стабилен ви-фи зошто иначе има прекини и тешко дека ќе се разбереш. Покрај Вибер и WhatsApp messenger e бесплатна апликација за гага порачиња ама и оваа фунционира само кај оние што го имаат инсталирано, доброто е што и двете се за сите оперативни системи па може и од андроид на ИОС да се праќа. Јас би ја препорачала и GoChat for Facebook, за оние кои користат chat на fb, брза и лесна комуникација, не е како кај дифолтната fb апликација да касни текстот туку брзо се синхронизира и стига. Иначе има и апликација Android Macedonia побарајте ја во Google play store овде ги имате повеќето македонски апликации .
Андроид апликација ^Окееј, фала многу! А и за да пратам смс бесплатно, треба да се и тие во исто време на ви-фи или само за повик?
Андроид апликација Зошто не можам да го најдам Маркетот на HTC Desire C, a имам андроид оперативен систем, треба ли да го инсталирам некаде или како? Има некои други, како златна книга, идивиди речник и идивиди и фејсбук и гугл плус, ама маркетот не можам да го најдам. Некој да ми помогне, да ме упати некако?
Андроид апликација ^ Нема ни Playstore, има само некое HTC Hub и Trg.Play ама нема ништо за симнување, никакви апликации. Дали треба да се инсталира маркетот?
Андроид апликација Нема потреба, влези преку пребарувач и инсталирај без проблем. Ако толку сакаш да го имаш како икона во телефон и автоматски да пребаруваш, побарај да го данлодираш, сигурно го има. Јас го имав уште кога го купив телефонот.
Андроид апликација Работава е што не знам како да го инсталирам, немој да ми се смеете со технологијата сум скарана.