Андроид апликација Pou многу е интересно мене ми порасна ама уште си го чувам многу е слатко и си ги играм тие игричките што се
Андроид апликација Ах бе, кој ѓавол ме тераше гомно во телефон да чувам. Интересно е, се убаво, вчера си го инсталирав и ете одма промена ми настана. Имено, после секое играње кога примав повици, од другата страна ништо не ме слушаа. Ај ќе речете, оваа глупа е, како може да е до гомното. Па на пр. што порано такво нешто ми се немаше случено. Стварно треба да појдам да си го форматирам телефонов од глупости и сваштарии и да ставам бар некоја заштита од апликации со вируси (ако такво нешто постои), оти маркетот е полн со вируси, внимавајте си многу, не спуштајте све и свашта само телефонот да ви е полн со чуда, па после да се чудите.
Андроид апликација Јас користам avast mobile security. Секоја апликација пред далнлодирање се проверува дали содржи некаков вирус. app des tages - секој ден има една апликацика која инаку се плаќа, но со него е бесплатна само на тој ден.
Андроид апликација И јас си имам милениче, ми се вика Мици Кога ќе ме видат во друштво дека го хранам, чистам, играм и успивам ми се чидат Ама имам мали внуки и го обожаваат поготово кога ќе е прејадено и кога ќе викне гласно Ње-паѓаат од смеење. Јас од апликации користам SeriesGuide-Вoдач за серии, правиш листа од сериите што ги гледаш, ти кажува кога ќе излезе нова серија, откако ќе ја изгледаш ја чекираш како изгледана за подоцна да знаеш до каде си.Супер е. MyDays-апликација за водење на менструација.Кога ти почнува, кога завршува си обележуваш, кога имаш секс, кога имаш земено апче и тн.Бидејќи заборавам секогаш или запишувам на календарче вака ми е попрактично. PhoneTracker-Го симнавме со другарка ми заедно, чисто да видиме како фунционира и ок, навистина пишува точно каде се наоѓа и добро е во случај ако го изгубиме телефонот отприлика да знаеме каде се наоѓа Instagram Viber IMDb PhotoGrid
Андроид апликација Еве ме и мене за прв пат со телефон со Андроид...И се осеќам ко кокошка на плоштад.Нит знам што кликам,нит знам што треба да се прави.Имам Самсунг Галакси Мини 2, и има плејстор и Андроид v2.3.6 (појма неам што како,копирав од страната ) и на тоа плејстор бара џимејл и напраив и сега никако никако и никако неќе интернет да се вклучи.Има ви-фи имам вајрлес и пишува дека неможе...Што му е проблемот неможам да сфатам...Иначе Поу може на овој Андроид да се симне или јок? Зашто само заради нејзе ги натерав да ми купат телефон со Андроид, и сеа сигурно неможе како што сум баксуз...Бреејј... П.С-ми рекоа дека ке ми симнеле Блек Стор (и ова незнам што е) или нешто друго (не запамтив што)
Андроид апликација Мораш да бидеш со gmail за да можеш да си симнуваш од маркетот, нешто да не не ти е уклучено во опциите за интернет? Иначе По можеш да симнеш
Андроид апликација По !!! Прв пат да не сум баксуз Видовме за тоа интернетот,мораме прво на декодирање да го однесеме,зашто работи само со т-мобајл картичка,а ја сум на уан, овој е купен со поени од тоа ти-мобајлот и само додадено пари.Несакаат во т-мобајл да го декодираат пошто е нивен? Се тоа ние по друга постапка. Ха!
Андроид апликација Ахаа,ете што не сум знаела..Океј,тогаш ке си симнам со картичката од т-мобајл на мајка ми,па после со мојата ке си играм.Батали ме,мала сум,не сфаќам,затоа вака пишав зашто на мајка ми и го декодираа на едно место ама тоа пред една година...Еве сега прочитав дека е кривично дело...Не чепкам тогаш
Андроид апликација Абе какво кривично дело, а тоа што они други телефони си ги прават нивни, ко демек Т-мобајл а телефонот сосема друга марка, ма немој. Си снимаат нивни апликации што неможат да се бришат итн.
Андроид апликација Јас начисто се заразив со ангри брдс а tune in radio е одлично ви го препорачувам ги има сите станици од цел свет фор фри е
Андроид апликација Да да кога не сум конектирана на вифи не можам да слуштам ама супер е и не сецка ич
Андроид апликација Потполно се согласувам за тјун ин, јас најчесто си слушам на него ток шоуа, ама има и квалитетна музика од сите видови.
Андроид апликација Ајде баш тоа Tune In Radio ќе го симнам Јас псоле неколку месеци откако го купив телефонот научив што е андроид Инаку баш интересно можеш да си симнуваш што ти треба.. Само теми никако неможам да најдам
Андроид апликација Леле бог да чува, таман се заиграв со воа Поу коа ете истиот проблем што го имаше пишано погоре.. Беше се океј се додека сега не ми звонеа, јас слушам а тие мене не.. го избришав и беше океј, а и претходно се јавував па сакаше, што му е сеа Да не знае некој како да го управам??? Лил каков телефон имаш ти ??
Андроид апликација Леле истото и мене, ама незнам дали ми е од По оти го имам долго време инсталирано па не ми се случувало тоа, па избришав една друга апликација да пробам, па ако не ми се управи тогаш е од По. Денес ја избришав па ќе видиме. Леле па, а баш сакав да го доиграм до крај
Андроид апликација Изгледа јас сум единствена што нема Поу!! Јас си се занимавам со една змиичка.. Ептен ми е заразна Инаку сакав да прашам IMDb апликацијата за што служи? Освен за гледање трајлери??
Андроид апликација Tune In Radio го препорачувам на сите.Ептен е јако нешто Поу срцката секој ден си го гледам , у главно не ми се лути. Има bmx boy & skater boy игри заразиииииииииии. Исто така и temple run абе од милина да седиш и да не се мрдаш