@Jana06 Понекогаш може хемоглобинот да е добар а железото ниско, кај син ми хемоглобим 125,железо 6, а треба над 10 да е и пиеме капки
Кај сите бебиња после 6 ти месец опаѓа железото и хемоглобинот.Тоа е физиолошка и природна анемија која се јавува бидејки се трошат резервите кои бебето ги складирало за време на бременоста.Имајте трпение малце не туку посегнувајте одма со вештачка хемија.Затоа се воведува просо,месо,кајсија,спанаќ во првите месеци на дохрана па постепено ке билдате крвна слика.
Па и јас затоа се мислев железо да проверам ама утре сме на контрола, па ќе прашам и ќе проверам крвна слика. Од вена му земаа на твоето? И дали имаше причина или контрола правевте?
Во ред е ама сигурно нема да оставиш на случајност со железо 6. Ете членката кажува дека има еден оброк кој не го јаде цел, што значи може и нема воведено намирници кои содржат повеќе железо.
Отидов на контрола и докторката го примети дека ја занишува главата на моменти, не ја држи стабилно и рече мора да испитаме б12 со фолна и излезе и тоа ниско пиеме и б12... Инаку да немаме се воведено, беше само на доење 6 месеци и е нејадач голем Од вена во систина
@Jana06 не зборев за мајката погоре туку општо.Цела тема е тоа.Анемија та анемија.Слабокрвност е едно,анемија е веке болест на крвта.Неможе сите бебиња во Мкд да се анемични.Повеќе ми личи на правење профит и некој нов тренд кај педијатрите.Анемично бебе е летаргично,млитаво,поспано,бледо. Јас сум бремена па Петровска не дава да пијам витамини иако немам сјајна крвна слика.Ми рече да не се трујам со хемија туку да удрам на природна исхрана колку можам повеќе.
Jas bi sovetuvala barem poslednite 2 meseci od bremenost da se pie nesto za zelezo. Barem od moe iskustvo So prvoto dete piev vo bremenosta edni ampuli Fe a so vtoroto doktorkite mi rekoa nema potreba i sega imame problem. Jas mislam deka od toa e problemot isto i pedijatarot mi rece. Taka da moj sovet e da si zemete nesto,sekako vnimavajte i so ishranata.
Не може бебето да има проблем со крвната слика (анемија), ако ти не си пиела железо во бременоста. Дали детето ќе биде анемично или не, зависи од други фактори. Многу мајки пиеле витамини и железо во бременост, па пак бебињата имаат физиолошка анемија. Тоа е сосема нормална фаза и се надминува до крајот на првата година, година и пол. Еве јас не пиев витамини во бременост, повраќав од нив, па децава фала Богу немаат проблем.
Мене матичниот ми препиша Сидерал и Пико Ц за ќерка ми,но јас не и дадов почнав маџун во овошните каши наутро или кога сум на работа и давам поручек,3-4 пати јаде телешко недело и за еден месец хемоглобинот 120
Денес правевме крвна слика на син ми 18 месеци од прсте. И се разочарав хемоглобинот 94. Кога имаше 8 месеци исто му беше низок ама ајде бебе е да зајде убаво се реков ќе се качи. Но ете ништо , а се јаде здраво, и жолчка, и телешки супи, и овошни каши со аронија и просо. Едино спанаќ подзаборава да купа. Што ќе му зготвам јаде. Дали мислите дека од прсте не е точен резултатот ? На внука ми исто од прсте и беше слабо,но проверија венски и беше супер.
Малото многу анемично ми дадоа Сидерал ама мислам му прави тегоба на меше. Дали за 1недела да проверам дали се крева железото или треба подолго?
Подолго треба. Нас ни рекоа минимум 3 дози да испие па да испитаме. Јас после 2 шишиња проверив, немаше многу подобрување па сега пие малтофер.
Здраво малата ми е скоро 8месеци пред еден месец хемоглобинот и беше 92 и ни дадоа сируп легофер(не го прифакаше го повракаше и го давав во кашичките овошни да не го осеќа) и појачавме во исхраната веќе 3недели воведов телешко,жолчка,леќа,цвекло во кашичка по малку,но еве денес по еден месец хемоглобинот и е 86 дали е можно да се намалува,размислувам да земам малтофер капки читам позитивни искуства. Како вие го покачивте вие хемоглобинот?
Со малтофер,многу е ефикасен.Исто на 8 месеци ќерка ми имаше 96хгб.Со малтофер за еден месец се среди.Внимавај кога ќе го даваш сирупот( или било кој сируп за железо) 2 часа пред и после сирупот да не внесува млечни производи.И паралелно со сирупот се зема вит Ц.Јас не давав цит Ц.,оти мојата си јаде многу овошје и пак се среди.