Vo red li e ova krvna slika dete 2 godini bev kaj maticena na pregled trombociti 160 ima li mesto za panika krvna slika prikacena
Здраво мајки детето ми е 2г и 8м хемоглобин 76 па даде педијатар сидерал 3м и е 83 утре сме за да испитаме пак. Јас ги порачав малтофер е сега ако матичен се противи за овие капки не знам што да правам. Од тоа што ми кажуваат најдобри биле брзо делувале
Јас имам многу добро искуство со малтоферот со големиот. Малото се роди со анемија, 3 месеци давам сидерал и ја одржува само, баш денес ми стигна малтоферот и планирам од нив да давам. Зошто се противи матичниот?
Јас имам топ искуство со малтофер ама сируп. Ефект ист мислам дека имаат капки и сируп. Со сидерал два три месеци немаше никаков ефект. Од пола доза малтофер се оправи крвната слика, потоа и почна да јаде и сега е супер момче од 4 и пол години.
Па не дека се противи ама ми предложи и други со исто дејство како малтофер за да не сум ги порачувале на секое
Препродаваат по групите на фб, цело време има некоја жена шо ги има на залиха. По карго за 2 дена најдоцна ќе ти се стигнати, не дека треба со недели да чекаш.
Со слична ситуација се справуваме сега... Што направивте какви се имунолошките испитувања и каде ги направивте...ве молам споделете искуство.
На клиника бевме тогаш. Излезе дека детето е со пнеумонија и се маче, нискиот хемоглобин докторката тогаш рече дека е од и од антибиотиците кои постојано ги пиеше тие два месеци. Направивме пауза од градинка два месеци примаше капки малтофер и дупла доза Ц витамин. И се управи, еве сега ќе полни 3 пд тогаш наваму и се движе постојано 115-125. Имунолошки испитување не направивме тогаш. После тоа направивме само пнеумослајд.
Jas prasav vo apteki koi obicno nosat lekovi po naracka. Za mqltofer mi rekoa ne. Se zacudiv da ne ima nesi zabrana za maltofer pa samo po zeni se prodavaat? Jas sakam da gi naracam bebevo mi e 14 meseci i od raganjw ima hemoglobin 102-105. Maticna davase sideral ama nemase efekt.
Zdravo Sakam da prasam dali ima i drugi majki so bebinja sto imat poslab hemoglobin Pocnavme pred 3 meseci so 93 hemoglobin (imavme grip nastin pa virus prethodno) od januari se lekuvavme so ferum lek.i baby vit na health aid pa se potkrena na 105 pa sega pred 3 nedeli dostigna 113 i doktorkata ni rece super taman se napravi rezerva uste ovoj mesec da go dotrosime veke pocnatoto sise do kraj na mart i da prekinam so preparatite , No Denes ispituvav pak za cudo neznam zosto e povtorno padnato na 103 i pokraj sekojdnevnata terapija na zelezo i vitamin c i pokraj toa sto jadi borovinki spanak blitva proso ovesni telesko mevce kajsii grasak se bukvalno sto ima zelezo mu gotvam i pak e namaleno a uste pie ferum lek i pokraj toa pak e namaleno za ovie 3 nedeli ☹️
Бебето мое од како е родено има некоја гранична анемија со хб цело време околу 100, секакви капки и сирупи давав, плус исхрана богата со железо и не мрда хемоглобинот, еве пак е 103.Ми рече педијатарот да го носам на додатни испитувања на детски хематолог, матичната ми дала упат за хематоонкологија, ја прашав зошто таму ми вика тоа е хематологија за деца, некако мир немам, дали ке го носам на вистинско место, каде сте правеле додатни испитувања за анемија кај бебиња и деца? Иначе има 19м, јаде секој ден месо телешко,јајце, зеленчук,овошје, семе од коприва, лешници, ореви, кикирири, чиа, аронија, боровинки, цвекло.Со килажа мрдна малце 10.7 кг висина 86 ама хемоглобинов ужас.
Zdravo, ako moze info od kade moze da se kupi maltofer za bebinja. Vo Bugarija imalo. Dali mozebi tuka go ima?
Тие што користите малтофер како го давате? Ние веќе 2 месеци, првиот месец по 10 капки, ама паѓа железото па сега зголемивме на 20 капки. И капнувам на лепче и така и ги давам поинаку не сака. Ама железово е катастрофа. Грешам ли некаде. Дополнително давам вит Ц на PHARMAVITAL Baby Vital 7 капки на ден. Некој совет како да качиме железото? Или за апетит нешто плус да почнам да давам немам памет веќе ништо не јаде.
3 ipol meseci sme hemoglobinot ni e 92 a normalna vrednost e od 95.Maticnata ni dade vednas Pikofer kapki i c vit. Dali nekoj od vasite bebenca primalo tarapija za ova .A ne e nesto strasno namalen hemoglobinot...
Дали ви се покачи хемоглобинот со пикофер и колку време ги користевте? Нас ни беше 112 ни го дадоа, после пола месец 104 намален. Не знам дали треба подолго да се користат или немаат ефект.. 95 е долна граница за бебиња за хемоглобин? На нашата крвна има референтни вредности за возрасен, долна граница е 110.
Бебе секогаш било околу 10-11 хемоглобин и никогаш не ни дале терапија, дури и со нагласок дека до година овие се референтни резултати и е очекувано.