На син ми на месец дена му беше 137, од жолтицата почна да опаѓа, сега е скоро 3 месеци и е 104, затоа сум загрижена..
И железото и хемоглобинот опаѓаат со тек на време бидејки се трошат резервите кои бебето ги примало од мајката во текот на бременоста.Тоа е сосема нормална физиолошка ‘анемија’ а не болест.И нема потреба да сте загрижени ниту одма да суплементирате со хемија.
Е оваа информација ја дознавам од форум место од педијатарот кај не ја добив, па уште ни препиша и терапија за хемоглобинот..
Епа профит мора да се прави Озбилно анемично бебе/дете има симптоми.Бледило,малаксано е,летаргично,модринки по тело,слаб апетит…Ама има разлика од слабокрвно и анемично. На дете кое сега почнува со дохрана треба да му се даде шанса да создаде на природен начин и имунитет и добра крвна слика.Месо,кајсија,просо,жолчка,какао,аронија…Ова е како нов тренд последните години.Буквално секое второ бебе е на суплемент за крв.
На муабетов да прашам аронија од кога смее да му се даде на бебе? Сега има 7 месеци малата. Јас ја користев аронијата вп бременост, по 10 зрна на ден. Не знам за бебе која количина би била таман. Немаме направено крвна слика,онака прашувам.
Не сме од Ск, и да ти кажам ништо нема да ти значи. На вакцини кога бевме и кажав на докторката што го прегледуваше и ми рече терапијата делува по три месеци, сега јас не знам дали да прекинам на своја рака, ние имаме уште време до кашички..
Па искрено би се консултирала пак со педијатарот, можеби има некоја страна што не ја гледаме. Ние почнавме со вкусови на 5ти месец
Da spodelam iskustvo So Maltofer sirup i vit C od 9.9 na 10.9 hemogloninot za tocno eden mesec. Mcv Uste ni e pod granica ama pokaceno od minatiot mesec. Maticnata vika dobro e ,prodolzuvame uste 3 meseci so terapija.
Колку е нормално хемоглобинот кај бебе новороденче до 1 месец старо? Не им ги разбирам мерките во Ремедика, но рекоа дека е со мала анемија и на 1 месец да направиме контролна крвна слика.
Многу е мала . Почекај. Инаку околу 10 минимум. Во Ремедика како што гледам по мојата треба да биде околу или над 100.
Па они рекоа на 1м да направиме крвна нова... и со високи леукоцити беше, 30 и ги спуштија со антибиотик таму тие денови. Плус и за тоа ваљда... Ќе ја носам кај матичната петок, крвна таму ќе и направат. Инаку ова некои други мерки се изгледа... Hb 174.. па на ден на испис 157.
Ќе направам како што ми рекоа таму. Она на последната контрола (третата) ми потенцираше дека треба контролна крвна ради падот кај хемоглобинот... И кога не испуштија, на картонот има запишано.. контролна крвна слика на 1 месец. 1м правиме петок..
Нормално е дека ќе паѓа. Тоа се резервите од тебе. Кај мојата беше доста повисок. Ама кај вас биле високи леукоцитите и била со атб. Секако и тоа влијае.