Жолчка не мешај со млеко! Цвекло земи сама исцеди, а најдобро е во кашата со компир, морков, кромид, телешко да ставиш, обари го 15тина минути и блендај. Инаку супер ви е хмг, баш во тие месеци често се појавува физиолошка анемија, но секако следи. Најди ги на фб Нутри бебе имаат супер комбинации, воопшто и комбинации, исто и Бебе готвач. Па ќе укапираш што со што иде за да се сврзе, а.не само да даваш и ќе прилагодуваш според возраста и омилени продукти.
Во последно време скоро секој ден му давам супа од блендирани тиква, компир, кромид, лук и морков со маслиново. И јас ја јадам со него. Фала на совет
@Beautymom од кои кашички со месо му даваш? Провери го убаво составот. Јас го хранам со домашно, но имам земено некои да ми се најдат и 2-3 што ги имам со месо, всушност содржат многу мал процент на месо. Имаше една на хип со телешко, беше само 8% месо, другото зеленчук. Од 190 грама значи имаш само 15 грама месо што е многу малку. Обично се дава по 30-50 грама телешко. Хмг не ви воопшто лош. Но паметно што се грижиш бидејќи до една година потребите за железо се големи о акп не весува доволно самп ќе се трошат резевите и ќе паѓа. Супер е да го одржуваш на тоа ниво барем. Инаку за да се врзе железото не го мешај со млеко, поточно калциум. И пред оброк дај му вит ц. Тој помага за врзување. Телешко и жолчка не давај во исти ден. И избегнувај модар домат во оброците богати со железо
Капки да. Различни зимам и јас на секое купување. Нема некока разлика. Само нормалнп ќе побараш за бебе според возраста
Зависи колку е старо бебето, до одредена возраст не е препорачливо вит.ц. перијатар ке препорача ако треба да се дава со вит.ц во комбинација.
За сидерал конкретно не мора со витц, ниту да внимаваш на млечни производи пред/после. Составот е таков да може и без тоа. Така ми кажа педијатар.
Здраво гледм темата е активирана па сакам да побарам и јас мислење, совет... Конкретно на моето бебе му е утврдена анемија со хгб 94. Бебето стана пасивно, му се намали апетитот и така приметивме дека нешто се случува. И дадоа капкки Сидерал и по 12 дена хгб и е 96, но таа повторно е поспана и со слаб апетит. Инаку е 2 и пол месеци и анемијата ја препишуваат на пребрз раст, бидејќи се роди со тт 2550, на два месеци беше 4800 гр. Дали и вашите се попоспани/летаргични кога се со понизок хгб? Многу сум исплашена и незнам колку време ќе и треба да се врати во нормала...?
Сидералот кај нас и по 3 месеци употреба не покажа некои значителни резултати. Вчера зедов ферум лек па да видам со тоа дали ќе смениме нешто. Малтофер капки кај син ми покажаа резултати кога беше бебе ама сега за ова бебе немам некој што би ми донесол.
А како се однесува бебето? Дали е живо, весело јаде? Моево е баш обака клапнато... Малтофер мислам дека ќр можам да се снајдам да ти порачам доколку си заинтересирана пиши ми...
Бебето немаше некои промени, ама сметам дека вие сте во таа возраст (2 месеци рече чинам) кога бебињата и не се баш нешто посебно активни па да сметаш дека е од хемоглобинот.
@kikin иста терапија имаме, декстриферон, само што јас земам Реферум сируп наместо Ферум лек. Давам и капки витамин Ц на Бејбивитал, прво давав по 12 така ми кажа матичната, ама после излезе лошо сум ја разбрала, 8 биле доволно. При крај сме со терапијата, еве веќе 3ти месец. Хемоглобинот и беше 90, после 1,5 месец 97 и сега кога ќе го прекинеме сирупот пак ќе и проверам. @Bonnie Top анемија се лекува 3 месеци, пребрзо е да очекуваш резултати во поглед на покачување на хемоглобинот. Ама оваа поспаност што велиш јас не би ја препишала на тоа. Побарај второ мислење.
Значи со сидералотод од 99 се крена на 104, и за 2 недели пак падна 95. Затоа зедовме ферум лек. Сидералот не биле конкретно железо туку како додаток на исхрана. А скапи беа и џабе. Ајде да видиме и ние како ќе поминеме со ова.
Денес бев на контрола (кај друг др) и таму рекоа дека си е во ред да продолжиме со Сидералот и контрола за една недела - 10 дена. Инаку беба е супер, може и јас сум умислена дека е успиена.