Малечко е не очекувај некоја поголема активност. Исто и мојата се роди 2520 и дуплира тежина пред 3 месец, а сега е 5 месеци и одиме кон триплирање на родилната тежина. И тоа само на цицање. Затоа ни воведоа вкусови и дохрана. Не се грижи не е многу страшно и ниско. @BabyT* еве ист случај како мојот за што дискутиравме во темата напредување
Сеа малата е 5250, мерена денес на точно 2 ипол месеци. Се е нож со две острици, напредна супер но тоа се одрази на КС.
Мислам да по 15капки беа, прочитај упатство, ако немаш види на нет. Јас ги мешав со овошната каша наутро, со мал дел од неа + вит Ц исто ставав, никако инаку не успевав да ги протнам. Само се внимава да не е млечна кашата, и 30мин пред и по да не внесува млечно. Исто можеш и да ги ставиш во шприц со малку водичка, па директ у грло да испразниш. Друг начин е ако пие сокче, вода, чајче, па во мала количина да ставиш, за која ќе бидеш сигурна да ќе е испиена
Na upatstvoto pisuva deca od 1-4 god 20-40 kapki ama nekako mnogu mi se vide Off slabo jade ovosni kasi, sokovi ne pie, samo voda pie, ke mora so malku voda da gi mesam
Бебка ми е 8 кг., хематологот ни рече по 16 капки според таа килажа. Ми рече капките вит. Ц да ги давам 30 минути пред малтоферот и 2 до 3 часа пред и после нив да нема млечно. Ќерка ми ги пие од лажиче без проблем, не знам како да ги дадеш, пробај во некоја течност освен млеко.
Мојата ги пиеше на 10 месеци и имаше 10 кг.Пиеше по 20 капки на ден.Ако сакаш можеш да ги дадеш наеднаш или дозата да ја поделиш на колку сакаш дози.Битно во денот да ја испие таа доза.Јас делев по 10 со доручек и ручек и воопшто не давав млечно до вечерата.Ги давав измеѓу јадење да не сети. За дозата треба да се консултираш со педијатар затоа што зависи од тоа колку е анемично.
Здраво мајки. Бебе има 11ипол месеци и на контролна крвна слика заради настинка видовме дека хемоглобинот паднал на 115 (му беше 130 пред неколку месеци). Докторката ни вели дека нема причина за грижа и рано е за третирање со терапија но, јас би сакала да повнимавам малку барем на исхраната и да се обидеме да го покачиме на тој начин. Прашањето ми е - што би можела да понудам и кои работи се дозволени да се даваат на оваа возраст - пример аронија, семе од коприва и сл. и секако во која количина? Се извинувам на долгиот пост.
Аронија по 2 зрна е доволно. Семе од коприва по пола лажиче на 200мл каша на пример. Овие јас на 7+ некаде ги воведов, значи слободно дај ги на 11м. Јас давав и гоџи, рибизли, 11+ воведов и јатки (сем ореви и кикирики не), семиња исто воведов нешто подоцна, сончоглед, семки од тиква, ленено, сусам, па и тоа ставав по оброци. Секој ден давај месо, 1-2риба, 1 пилешко/мисиркино/зајчко, 4-5пати телешко. Преку еден ден варено јајце. Почесто давај цвекло, леќа, спанаќ, блитва.. Инаку ОК е крвната, кажуваш и настината била..
Здраво мајки. Бебе денес 6 месеци, прва крвна слика. Хемоглобин 88, хематокрит 28. Има 11кг/72цм (роден 2.8кг/52цм). Докторката рече ќе се јави ако има проблем, ама чекаме уште еден резултат па претпоствувам кога ќе излезе и тој ќе се јави. Немам како да ја контактирам, само тие можат нас да не' бараат. Некој совет, мислење да не полудам во меѓувреме? Малово само што почна цврста храна пред некој ден. Ви благодарам.
Искрено, конкрерно кај вашето бебе од 6 м мислам дека хгб е опаднат поради нагло растење, качување на тежина. Сепак, 11 кг на 6 м не се малце. Тоа е ваљда она кечап период што викаат, крвта не може да ја стаса тежината. Ова само мое размислување од досегашно искуство, сепак доктор најсо ро ќе каже. Ама дефинитивно ви требаат суплементи за крвта.
Фала ти за брзиот одговор, се надевам дека ќе се среди со суплементи и евентуално во понатамошните месеци кога би требало да успори растот ќе ја подобриме и крвната слика.
@rainbowmama и ние го имавме истиот проблем со анемија, само што кај нас се јави во вториот месец. Хгб и беше опаднат на 94 и дијагностицираа анемија нутритива, односно анемија предизвикана од пребрз раст. Исто што е случајот кај вас, добро објаснила Кикин. Нема простор за паника воопшто, ќе примате терапија одредено време и ќе се среди. Штом сте почнале со цврста храна, давај и повеќе и почесто храна што е побогата со железо тоа ќе допринесе плус за покачување на хгб. Конкретно јас на бебе му давав месец и пол Сидерал капки и се покачи на 122, и тогаш ни ја прекинаа терапијата и сега после 2 месеци (6 мес е бебе) без терапија хгб и е 133. Уживајте ништо страшно
Мислам дека се опуштив малку како што ве прочитав, инаку ми стоеше грутка во грлото и ми беше стегнат стомакот. Ќе пишам што ќе испадне со докторката, да не затреба некому во иднина како инфо.
Само мал апдејт, два месеци давав малтофер, хемоглобинот од 88 дојде до 136. Освен тоа хранев со инстант житарки обогатени со железо, од време на време цвекло, кељ итн. По препорака на педијатар ќе ги продолжиме капките уште еден месец, може со помала доза.
Мамички ние сме 10 месеци 7 хмг ни е 10. Ни дадоа малтофер капки и вит ц .Малтофер 2х 10 и вит ц 2х 5 во исто време.Ни рекоа насабајле и навечер пред оброк, вечерата најчесто ни е млечна и го прашав Др да давам втора доза на пладне но ни рече дека рецептори за железо немаат врска со млечен оброк па сега сум во дилема ,ваше мислење? И како сте задоволни од малтофер капките?
Баш над тебе имам пишано, за два месеци убаво го кренавме хемоглобинот со малтофер. Јас давав по капка и пол за секој кг на бебето. Не давам уште вечера, ама сега давам калциум навечер - а по некоја логика дека млекото е побогато со калциум, не би требало да се дава железо во исто време... Нели? Па сега железото го давам околу пладне и попладне на два пати. Ако некоја мајка знае како е поправилно нека нѐ исправи...
Maltofer kapki kolku vreme Gi cuvate otvoreni? Dali može dodeka se ispijat ili de menuvaat na mesec? I dali gi cuvate vo frižider
Дали го имате користено сирупот? Бебето е 8 месеци, педијатарот ни препорача по 5мл на ден На упатството пишува дека не е препорачан за деца помали од 1 година