Што мислите, одговара ли бисерен кремаст ѓердан, со змиски екстра високи подпетици, во кремасто-црна боја? Се спремам за матура, сакам да бидам оригинална и се плашам дека ќе згрешам, ќе напраам хаос, а фустанот ми е црн, со карнери и гол грб . Ќе ви бидам благодарна многу за било каков совет
Сакам анимал принт но во умерени количина. Не ми се допаѓа кога ќе видам некоја во тигреста маичка,тигрести пантолони,тигреста ташна и тигрести чизми. ТОА МИ Е ПРЕМНОГУ,ми изгледа како тукушто да излегла од дивината.
Сакам и носам анимал принт.Ако е облека доволно е едно парче. Обожавам чевли или некој аксесоар - зебра или леопард.
Имам хеланки , салонки , ташна и накит во анимал принт , тешко се комбинираат инаку добро изгледаат и не треба да се претерува со него
Не носам често,скоро ич.Не ми се допаѓа многу,ама и кога носам,носам само едно парче во цела комбинација.На пример марама.
Искрено на мене не милувам да носам анимал принт, но имам видено само кај малку девојки кои паметно го искомбинирале тоа.
А не го сакам !! не , не, не ! Можеби и ќе ми се допадне некое парче ама ако не е во оргиналните бои на анимал принтот.... инаку ретко ( па и никогаш) не би се облекла така, како што рече Пирамид автоматски ме потсеќа ка некоја излитена пеачка Единствено нешто што ми е убаво од анимал принт е ова :
Long live the 80s !!! Обожавам анимал принт, обожавам тесни хеланки и панталони со анимал принт, кратки кошулчиња и маици, но Не сакам претенатрупаност, или кога девојка цела ќе се стокми во тигресто, мисли голема мачкица е Обожавам анимал принт дезени, на пример тигрест дезен во црвена и црна боја, ме потсеќа на 80тите, а се во врска со нив ми е омилено.
Обожавам анимал принт , особено ако принтот е покрупен и малку модифициран , имам многу парчиња во анимал принт и секако не ги комбинирам сите заедно... едноставно што мразам е оној анимал принт леопардов дезен , со неколку нијанси на кафена ,ситен , нешто што ме потсетува на кафанските певаљки
Прекрасности!!!!!!!!! Кој знае каде можам да најдам некое парче облека нешто слично како мотивот што е на фустанот??
Не ми е баш симпатичен и го избегнувам колку што можам повеќе. Единствено интересен ми е леопардскиот принт, меѓутоа освен некои обични маички и детали како на пример марами, панделки за во коса и венчиња немам дуго ништо. И не би сакала, не ми се допаѓа во впечатливи и како да кажам - големи парчиња облека или пак чевли, поготово високи потпетици. Балетанките пак ми делуваат слатко, ама само оние во леопардски принт, зебра принтот никако не можам да го вклопам со мојот начин на облекување.