Штознам дали до мене е,ама кога ќе видам на некоја која едно парче со анимал принт го вклопила како што треба и како и стои алал да и е ...Од сите овие парчиња едноставно ми се допаѓа сликата која што ја постави sesilija Едно прашање Спојлер бидејќи има една јакна,свечена за излегување за есен/зима дали да ја носам и доколку на некој не му е тешко да прикачи неколку комбинации?
Ми се допаѓа, но во мали количини, како на накит или нокти, очила и др. На облека и не ми се допаѓа баш...
Имам само една лента за околу половина со зебрест принт и толку. Иначе, би носела, но само како акцесорис. Спојлер Леопардот и се налутил на зебрата, бидејќи му ги крадела муштериите. Мала шала.
Не ги критикувам и не ми смета доколку други носат анимал принт, но јас просто неможам да се замислам во такво нешто. Не носам и не го сакам
Анимал принтот е малку специфичен, бидејќи може да оди од крајност во крајност - или ќе изгледа преубаво, или прекичесто. Мислам дека кај нас постои некоја одбивност кон парчињата облека или модни додатоци со ваков принт, бидејќи најчесто го гледаме во лоша форма или комбинација. Јас имам само некои додатоци со анимал принт, но ако ми се допадне некое парче облека и имам визија како би го искомбинирала за да изгледа убаво, не би се двоумела да го купам. Да за вакви комбинации Спојлер Не за вакви Спојлер
Ми се допаѓа,имам хеланки тигрести и зебрести кои си ги носам ,омилени ми се и едно тигресто кошулче абе мерации,се е до вкусот така да ако ви се допаѓа носете си ич да не ви чуе
Не сум за анимал принт во случаи кога се работи за личности облечени во анимал принт од глава до пети. Инаку,сакам модни додатоци во анимал принт, марами,балетанки... Што помалку,толку подобро.
Не го сакам баш. Глупо ми изгледа коа некој е цел облечен како животиња. Можда мал детал со анимал принт, како ташничка или марама, тоа ми изгледа симпатично. Ама цел од глава до пети безвезе ми е.