Анимал принтот е минлива мода, како и се останато Ми се допаѓа понекогаш на девојки кои знаат како да ги искомбинираат во мали количини, со совршен накит и слично, но не сакам сите да сме облечени од глава до пети во тигрест фазон На себе не го сакам, едноставно сум голем противник на се што личи на животинско, никогаш не сум купила, ни па имам желба некаква А ете мајка ми си сака, има кошулки, блузи, и се задоволство си ги носи, меѓутоа никогаш не облекла две парчиња такви, обавезно со нив носи црни или кремави панталони, темни фармерки или обична црна сукња. Е сега, едно не ми е јасно, зошто анимал принтот на облека го поистоветуваат со курвински дезен? Толку ли сме ние македонците кичести? И тоа е прашање на вкус бре
Јас лично не се чувствувам удобно во фустанче или маичка со анимал принт - поубав ми е на други личности. Повеќе ми се допаѓаат модните додатоци. Имам марама со розево-црн леопардски принт, уште од кога била млада мајка ми е. Обожавам да ја комбинирам со црна маичка и фармерки. Преубаво стои. Анимал принтот е убав за очи кога се комбинира соодветно. Кај нас, на жалост, ретки се девојките кои знаат како да го искомбинираат.
Јас имам дуксер со анимал принт. Така нешто е како леопард. А друго ништо немам со анимал принт, а и не го обожавам нешто. Потешко е да се комбинира, а не сакам да изгледам како некој чудак.
Oд страна на анимал принт имам само едно фустанче зебра стил нешто слично како ова, само со бели нијанси.Имам и една марама пак со ваков принт и друго немам од причина што ми е тешко да ги комбинирам. Не сум баш некој голем фан но убаво искомбинирано и те како ми паѓа во очи.Другарка ми има чевли во тигарски принт верувајте преубаво и стојат со обично црно фустанче и таква нараквичка..Има убави парчиња и со нив, најважно е како и со што ги носиме..
Од анимал принт имам акцесорис и само тој го сакам. Не дека не би земала некогаш некое парче пред се блуза со таков принт, ама знам тоа нема да е тигарска шара. Иако тигарот ми е омилено животно Леопардовата е поубава нијанса, и зебрастата кои не мора да бидат кафени или црно-бело, може и лила, плаво, зелено .... Јас ги сакам марамите и имам таква, и чевли има убавки кои сум посакала да ги купам, ланчињата и таков ми е последното ланче што си го купив, алки, ташна пред се крокодилската со оние ситни квадратчиња имам и таква. Кога си обично облечен супер е да го искомбинираш со анимал принт. Иако се е вкус, кој не го сака негово право. Ама тие што го сакаат премногу најчесто имаат голем проблем. Доволно е едно парче од од принт, а не ќе искомбинираш блуза тигреста, сукња леопардова, ташна крокодилска, марама од јагуар хахаха и бунда уште на себе. И оп бугарска певаљка. Aх да се сетив имам и блуза со таков принт Спојлер
Мене ми се допаѓа анимал принт во вид на детали,како марама, ташничка или слично,како и на повеќето од девојките,мислам дека така повеќе се истакнува дека имаш чуство за мода и стил,отколку целиот да си во таков дезен.Дефинитивно никогаш не би облекла фустан целиот во анимал принт,макар што можат да се издвојат добри модели,не би носела,не е мој стил.А од тоа што имам јас,имам марама но не ја носам често и една нова кошулка,ја искомбинирав со крем тесни,цевка панталони и мислам дека е одлична комбинација.
Многу ме привлекува анимал принт.Но треба да се носи во одредена мера затоа што изгледа многу нападно и пренатрупано.Уште пред да биде ин,кога носеа некои девојки чат пат имав купено 1 алка со леопардовски принт и сега планирам да си купам некоја марама (исто така со леопардовски принт ).
И мене многу ми се допаѓа во одредена мера А мразам кога ќе видам некоја од глава до пети со анимал принт,ме асоцира на зебра или тигар што киднале од зоолошка ....
Го сакам анимал принтот,но има разлика од анимал принт до анимал принт ...имам доста облека,чевли,чанти,долен веш,но секако кога комбинирам има едно до две парчина најмногу на мене...мразам од глава до пети анимал принт...
Обожавам анимал принт најмногу тигресто .. Сакам да носам лани за нова година носев тигрести хулакопки , алка тигреста и марама . Еве слика да видите како изгледав не се глеа баш темна е сликата
Стварно е претерано од глава до пети во анимал принт , коо зебра или леопард да шета по улициве . Јас имам 2-3 парчиња, но гледам да не ги носам заедно зашто ми е тотално
Леле си одам ја по тротоар пред некој ден и од другата страна на улицата глеам една женска дигнала главата горе мисли кој знае кое...облекла тигресто мини фустанче "светлуцави" црни хеланки,цни цизми до глужд и ЗЕБРЕСТА МАРАМА!!! ја глеам и не ми се верува... изглеа не се погледнала во огледало пред да ислезе од дома...