1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анимал принт

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lovely, 18 јануари 2011.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Кај што славевме нова година, ако ви се верува, еден куп девојки носеа леопардов принт! Чипка и леопарди на сите страни! Не дека не ми се допаѓа, ама што е многу - многу е. Една имаше со леопардов фустан, леопардови штикли, леопардова машна на главата, леопардова алка и леопардова ташна! Епа тоа веќе изгледа одвратно!

    Не ми пречи да носам некоја детал со анимал принт, на пример каиш, ташна, часовник, евентуално марама и слично.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Тоа што го носиш е леопард принт не тигресто... [​IMG] *Ова е тигресто...
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    E вака искомбинирано ми е екстра :)
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Мразам анимал принт. Ми делува толку евтино, толку просто и секогаш имам впечаток дека е како за проститутки. Колку и да е прекрасно некое парче облека, ако има анимал принт, едноставно ми е одбивно.
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам анимал принт, но многу внимавам бидејќи не трпи секакви комбинации.
    Видов едно девојче со блуза и хеланки анимал принт. Ужасна грешка! Мора на себе да носиш само едно парче со анимал принт.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Овој тренд ми е толку искомерцијализиран,одвратен и евтин како никој друг! Никогаш не би се осудила да ставам нешто такво на себе , без оглед на тоа колку е фенси . Нека си го носат проституткте , ионака анимал принт е своевиден синоним за нив ,нели?
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Cакам анимал принт,ама само детали :). чанти,марами,прстени,обетки,ланчина,ремени,може и штикли-ама зависи каков принт :D Mи се допагаат деталите погоре на сликичките,но облека не,пример палто,фустан,блуза,хеланки :shake:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Не сум љубител на анимал принт...ептен во некои ретки случаи каде што шарата е интересна и не е баш класичен анимал принт.Најчесто тоа биле некои марами и сл. А да и да не заборавам ми имаат фатено око некои ташни од крокодилска кожа.Ама тигри,леопарди,зебри...јок! И се согласувам дека пред се треба убаво да се искомбинира затоа што сама по себе е поспецифична шара па кога ќе видам нешто со усул и не ми се темни толку.Ама кога ќе ја видам една колешка од факултет со леопардските чизми,тигреста ташна,кожна јакна,крзнен елек и како шлаг на сето тоа пердувот грозен од паун на глава е ми се лоши во секунда! :puke:
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Немора да значи дека само проститутките го носат.
    Ние што се искажавме дека носиме и сакаме анимал принт значи дека сме проститутки? :^)
    Извини не сакам да бидам нападна, ама твоето мислење ме навредува. :worried:

    Извинете за офтопик. :worried:
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски


    А од кога тоа?!
    За проститутка синоним бил анимал принтот, велиш? А да не мислиш на кичот?
    Или по твоево мислење сите што носат анимал принт, и сите што се “фенси’’ се проститутки?
    Ај среди си ги мислите, па потоа и постовите, зошто вака напишан пост навредува многу девојки!


    Офф топик мислењава ја замолувам модераторката да ги избрише!
     
    На sweetyears и velesanka им се допаѓа ова.
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    имам фустанче на кое горниот дел е анимал принт и си го сакам многу, тоа ми е единственото нешто со анимал принт, но сепак чим го имам значи ми се допаѓа.. и не сум проститутка :!: :!: :rofl: :rofl:
    и не се согласувам воопшто со мислењата дека анимал принт асоцира на тој тип девојки ...
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    A долен веш? :wasntme:
    Или не преферирате да сте тигрици во кревет?? :rofl:


    [​IMG] [​IMG]


    [​IMG] [​IMG]
     
    На FBI, LivingGlam, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кај има хулахопки со анимал принт?
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Рече Амару и остана жива....А за тебе своевиден синоним би рекла дека е бан!
    Да не бидам оф-анимал принт не,ама не поради причините наведени од горе споменатата дама ;)
     
  15. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764

    Од вакви како тебе ќе просперира државата :@ ...извинете на офф ама не можам да се воздржам на вакви прости испади |(
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    А мене пак ми се гади од прости селанки кои немаат ни телевизија, ни пристап до било каков медиум па не се во тек со модата.И баш се невоспитани, нека не носат ..нема ни да им стои нели ?! На таква ефтина фаца, така скапоцено парче облека.Добро им е во ѕиври ..нели ? :wasntme:
     
    На starfish, mims-89 и pufi-cufi им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Ретко ми се допаѓа, ама сакам да го гледам кога е добро искомбиниран.
    Тие наочарите (со диоптер) што ги постира Сесилија ги сакам!
    Ги сакам и креациите на Кавали, а долната облека е добар зачин, би ја носела во посебни пригоди, секако без никаков анимал принт во облеката над неа :)
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Интересно и доста ефектно делува.
    Нормално ако имаш само едно парче облека или накит во анимал принт,а останатиот дел да е во боја складна со тоа анималот.
    [​IMG] [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    еве како го носат на улица :)
    *што јас не би се осмелила(највероватно бидејќи сме се' уште ограничени и се што е јуник ни изгледа налудничаво :) )
    [​IMG] [​IMG][​IMG]>за ова има исклучок
    [​IMG]

    Како Ванеса го носи..
    [​IMG] [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    A,како Рајана(која некогаш беше девојка со стил)
    [​IMG][​IMG]

    * до сега најдобро според мене анимал принт стои на марами :)
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Другарчиња драги, сега си враќам филм и јас имам носено еднаш анимал принт :clap:
    Да, да, ^_^ :nod: ја позајмив од мајка ми, новко и беше, па да го сефтосам. ;)
    Инаку, на сликава ме разм'кнале, а поубаво стои.
    Во секој случај - и ова се смета за анимал принт, нели?
    Не менувам мислење, се' уште не го сакам, ама убаво е да се проба нешто различно на себе, од време на време.
    Колку да не пукнеш од монотонија од едно те исто...
     

    Прикачени фајлови:

    На teddybear, baguf4e, pufi-cufi и 1 друга личност им се допаѓа ова.