Искрено, некој голем обожавател на анимал-принтот не сум. Не знам зошто, ми дава некое такво чувство како да сум отепала зебра, да сум и‘ ја одрала кожата и да сум ја наметнала на мене. Не би облекла ништо со анимал принт, освен ете можеби нешто подискретно како марама, обетки или сукњичка некоја (но не во оригинал анимал-боја, туку пример сиво, розево...).
Понекој детаљ во анимал принт, ако е правилно искомбиниран може да стои многу симпатично, ама кога ќе видам особа облечена од глава до пети во анимал принт ми се гади. Имам ланче и марама со леопардов принт, што премногу ги сакам и ми се многу добри за комбинирање со кафеави и кремасти комбинации што лично многу си ги бендисувам. Ама да купам таков фустан, штикли, панталони, блуза или ташна - нема шанси!
Е, не можам да го сварам ова анимал принтов и не можам! Знам колку е модерно моментално, ама погрди апликации од животинскиве АМИН! Од секогаш сум имала одбивнсот спрема овие дезени... Ноу хард филингс, кој си носи нека му е со здравје, ама мене ми е просто одбивно
Мене многу многу не ми се допаѓа анимал принтот, но има некој убави работи, како марами кој што не се премногу нападни
Поранооо неможев ни да помислам Секое парче што ќе го видев ми беше одвртано,ама како што си идат годините се повеќе и повеќе ми се допаѓа,нормално некои поедноставни и не толку нападни работи
Анимал принт не обичам многу..ретко да ми се бендиса некое парче..посебно тоа тигрестото кога ќе го видам (во тие оригинални тигрести бои),сфаќам зошто не носам.. Единствено би носела марама со анимал принт,каква и да е!!!
Од анимал принт те такво нешто може само....најгрдо ми е она како змија од анимал принтот најмногу го преферирам зебрестиот...дома во мојата соба имам зебрести пернички,многу ми е секси:
леле, какви штикли со тигар анимал принт видов во бисер аууууффф, напред подигнати, високи 12цм! мераци, ама не прашав што пари се, зашто ако беа некоја поефтина цена, сигурно ќе ги земев, и мајка ми после од глаа ќе ми ги акнеше, така да не ризикувац ама штиклите беа еб*ње!!!!!
Од All Star (Converse) темата, си се префрлив овде, како посоодветно место да ви ги стресам Старкиве животински. Баш се забавни!