Ми се допаѓа оној не толку нападниот анимал принт па можеби би носела нешто што не е многу нападно. Ама можеби Најмногу обожавам долна облека со анимал принт и таква дефинитивно би носела
Ми се допаѓа анимал принтот! Но само како детал! Никако целосна комбинација со вакви принтови Има навистина интересни детали со анимал принтови од чевли, ташни, марами, кошулки, маички....
Немам ништо против луѓето што го носат, ама имам против тие што го измислиле! Злоупотреба на животните. Ги копираат. Често се употребува и нивното крзно за да се доловел тој анимал принт. Секоја ви чест ако го носите! Зебра, леопард, тигар, куче, маче...тоа мене би изгледа кич! Буквален кич и тотален промашај во аутфитот. Штета што крава принт нема!! Тој сигурно би им одговарал на одредени девојки!
^ Абе Старфиш ќе се каже категорија големи мачки, со еден збор се опфаќаат пола анимал принт Aj маче, ама куче Која раса сега? Иначе многу сакам крокодилски материјал. Последно чанта и новчаник си купив од тоа, мислам не од вистински крокодил да не се разберем погрешно, имам и чизми ишарани со линии крокодилски, сакам и часовници од таа кожа. Многу ми е елегантен тој материјал, тој принт да не го речам. Булбери од крокодил чантата им беше најскапа во колекцијата 4500 евра Воопшто сите се скапи од таа кожа, ама затоа си има еколошка кожа и тоа е добро за замена, а и барем похумано е, знаеш не е убиено крокодилче за тебе Eве ми 90% сличност со мојот новчаник црвен крокодилски, подарок од бојфрендот
Круела е лошка! Jaс имам самојед и гледав емисија на енимал планет каде во одгледувачници на самојади се користи нивното крзно, кое го митарат, се преработува и од него се плете исто како волна од овчички џемперчиња, ракавици, шалче Али друго е влакно, друго е крзно, бљак!
Има и таков Спојлер . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Бу!!!!!!!!
НЕКОГАШ И ЈАС ПОСАКУВАМ ДА СУМ КРАВА Meне омилен принт од крава ми е овој. А синојка пишував за крокодилите и денес случајно видов медест кафен крокодилски саат и си купив наравно, само мојот во средина е со златно Него сакам од принт/кожа и од змиички заборавив да кажам, акцесорис де.
\ Moре росоњерке, ме погоди во срце, болна бев еден период по ваков принт ( и плус крокодилски). Си имав се можно што можеше да се најде (од несесерче маленко за моливчиња до часовници и облека). Ама тогаш бев помала и мајка ми ми ја "задуши" вљубеноста и опседнатоста. Уфффффф, само да идам кај нив, ќе побарам дали нешто има останато.
Марама, чанта, чевли ми е во ред да речеме. Од другоно ми се гади. Особено едни сиви кошулчиња со тигар принт цело Скопје што ги носи на ист начин.
Порано некои анимал принт парчиња ми беа интересни на изглед, многу ми се допаѓа како и стои на Alison Mosshart, и прилега на стилот. Размислував дури и да си набавам нешто... размислував... размислував... ...минаа 2 години од кога почнав да размислувам и не купив Пред некој ден видов една стара тетка (над 50 год), носеше бунда крава принт, тапирана коса, црни штикли со висока платформа, и црна сукња со долги реси. Ми се одмили од секаков анимал принт, не можам да го гледам, уште помалку да го носам
Обожавам да носам анимал принт ... сепак фустаните што се со анимал принт ми се некако одбивни што треба во животни да се претвориме? бетер од карневали инаку ми се допаѓа како стои на пример на панталони и само блузата да биле анимал принт или само некој детал: чанта, обетки... тоа е мое мислење незнам за другите поздрав
Мене само зебра ми се допаѓа а за другите без навреда сепак се работи за вкус , катастрофа ми се никогаш не би купила
Јас се подновив последниот пат со едно фустанче со бледникав анимал принт. Стоев пола саат пред огледало, да се осигурам дека не е ку*вест и дека не е кич. И се убедив на крај и си го купив. Да видите што убаво разбива монотонија со едноставно долго црно палтенце и убава штикла. Мераци! Изгледа ќе горам во пеколот заедно со сите љубителки на принт. Ако ништо друго со Круела ќе се дружам.
Јас кутрата, сум забегана по леопард- принт Дури срамота, во било која продавница да видам, се фаќам за парчето. А не дека го носам. Имам неколку парчиња, ама секојдневни..... Како и да е, интересно ми изгледа, ако не е премногу изразито