Многу сакам зебра принт Ама не би носела целосно се да ми е во Енимал принт, да бидам како униформирана.. туку само некое деталче
Не се копира урл-то на сликата, ама добра комбинација на Хајди: http://heidiklum.aol.com/category/look- ... y/6-26-11/
Многу сакам анимал принт, и зебра и леопард. Мислам дека изгледа убаво и привлечно ако се носи само едно вакво парче облека, а не од глава до пети. Тоа не би го носела и не го одобрувам, премногу ми е кич. Инаку, ако е убаво искомбинирано и со мерка, многу ми се допаѓа.
Да.. само да биде на определени парчиња и комбинирано со вкус. А од глава до пети анимал.. нооуу Баш ко анимал ми изгледа.
Повеќе сакам кога некој акцесоар е со анимал принт, а останатата облека да нема ни точка анимал принт. Само чевли, само чанта, марама, хулахопки, суќна е во ред. Но не целосно од глава до пети анимал принт. Или доколку веќе се одлучам фустанче анимал принт, тоа ќе ми биде акцентот во целиот изглед, нема да се трупам со други непотребни трактанци, туку со едноставни штикли само.
НЕ НЕ и НЕ. Никогаш никаде не би носела животински принт. Во мојот шкаф нема ваков материјал, ниту ке има, ниту би купила. Ни детал, ни блуза, хеланка или нешто сл. Мене ова ми личи како рекламирање на животните бре. Јас сум вегетаријанец, а носам животински принт, или пак се бориш за против убивање на животните, а тука по градов ми ги рекламираш. Знам дека не е вистинска кожа, или крзно, ама изгледот.. Не бре, не ми изгледа привлечно, одбивен ми е материјалот, изгледот, абе се‘. Секој со свое мислење и свој став, ама јас големо НЕ би му дала на животинскиот принт.
Едно НЕ и од мене за анимал принт! Знам дека огромен дел е само некоја имитација (односно матерјалче) ама за мене е тоа како да носам мртво животно на мене, а за мене животните се свети.
Абе не го сфаќајте така. Не зборуваме за крзно или нешто слично, туку само обичен принт. Ако носам блуза со слика Мики Маус, би требало да се осеќам како да носам мртов глушец на мене? Глупости. Не велам дека си грешка и дека треба да носиш. И јас немам ниту едно парче анимал принт, ама споредување со мртво животно....
Имам една маичка само 'зебреста'. Имало работи кои ми се допаѓа со ваков принт без разлика дали е зебра,леопард и остало и почесто биле аксесоари. Многу ми се допаѓаше едно фустанче тигресто ептен се осеќав онака равррр ама сепак не го купив, ми беше кичесто некако што знам П.С. Јас сакам животни повеќе од луѓе, ама ова нема никаква врска со тоа, друго е да носиш бунда или кожна јакна, друго е принт.
Убаво е ако е умерено. Не се сложувам со тесни анимал принт фустани бидејќи ме асоцираат на ефтини кичерајски фуфици. А доколку се вколопи во комбинацијата и не изгледа нападно, на пример некоја маичка во неутрални бои, марама, балетанки и слично тогаш може да изгледа фино.
Имам само една маица кој изгледа многу пристојно. од овој принт има некои мн грди парчиња а има и некои сосема нормални и пристојни. Овој принт не е за секого
Со анимал принт ги имам само овие чевли и чанта..ги зедов комплет одеја......па ги изнаносив.. А дали изгледа убаво или не со анимал принт завии на пример овој фустан ми изгледа одлично...би го носела 1000 пати да го имама...
зависи ако е умерено изгледа убаво, но сепак девојка облечена од глава до пети во анимал принт (чевли фустан накит и згора на тоа чанта во анимал принт ) никако не ми изгледа на девојка со стил. следниве парчиња и тоа како ми се допаѓаат