Најголемата грешка со принтов е што го носат фуфици од средно што не знаат нос да исекнат, а е наменет за жени. Едната причина заради која не го сакам е таа, а другата е што ме асоцира на Паинер ТВ. Зебра никогаш, тигар никогаш, леопард можеби. Се наоѓа по некое убаво и вкусно парче, ама сега за сега не го сакам, за 10 години не знам.
Не можам никако да го прифатам. Многу ми е одбивен. Без разлика како е искомбиниран, така ми е зацртано во главата. Невкусно и ефтино ми изгледа. Мое мислење..
Не дека многу го сакам онака Зебрестиот е најубав , а гепардскиот не ми се допаѓа особено некои кратки фустанчиња со таков принт
МНОГУ ми се допаѓа! Имам доста анимал принт облека, почнувајки од фустан,суќна, блуза па се до марама Ноктите ми се допаѓаат исто така! само што пусто, неможам да ги направам така како што си имам замислено, едино маникир ми е спасот
неколку???? па и не се баш неколку ако не примети, незнам мене ми е во ред само ако знаеш да го искомбинираш секако не од глава до пети да си зебреста или тигреста но сепак се работи за вкус а за вкусовите не се дискутира
Аууу не! Добро е што не сум била единствена што кога ке се спомне анимал принт, веднаш во глава ми иде слика на жена лавица/тигрица/зебрица а.к.а. српска/бугарска турбо-фолк певица од раните 90ти, во долг, плишан анимал принт фустан, со шпиц ципела, расчупана коса и невкусно црвен кармин 3цм над природната дебелина на усните. Да, теткиците кои го обожаваат а незнаат да го носат се виновни што мозочните вијуги ми се згрчуваат при помислата на анимал и веднаш добивам кич слика. Но, умерено и добро искомбиниран, не ми пречи, напротив, имам леопард шара хеланки кои преубаво изгледаат комбинирани со еднобојни работи. Може и тук таму некоја потенка нараквица, марама, детал на ланче/прстен, тенок ремен итн. Ама од глава до пети бре?! Леопард гаќа + зебра чорапа + тигар фустан?!...Не, не, не...
сум за анимал принт но со мера, значи мал дел да има тигресто, зебрести итн.. но не во целост како што има фустани , чанти... тоа ми е ептен селско
Имам доста работи, и сите се зебрест принт, ама сива боја а не кафена. Имам и маичка и сукња и фустанчиња и марами. Али кога носам само едно нешто е со таков принт, другиот дел од облеката обично е кремаса или црна боја
Во мали количини изгледа убаво,ама кога ќе видам некој од глава до пети во анимал принт,фустан,ташна,штикли со анимал принт во исто време,ми се повраќа Ама јас лично не го носам,зошто тоа на е во мој стил
Го обожавам. За жал дома имам само една марама со леопард принт и толку. Но ке и дадам апдејт во скоро време.
Епа вака зависи каде,кај нас не знаат да го носат анимал принтот воопшто се облукуваат цели во тигресто кое е одвратно и изгледаат како некои турбо фолкерки,јас лично не би го носела не знам ми се чини дека сите ке зјапаат во мене...Сепак единствено шо би можела да носам е Колор Анимал Принт како сега што ке се носи знаете Со жолто розево и слично ама сепак ке биде само некое деталче можеби...а инаку во мојата гардероба го немам и не сакам да го имам..Овие можам да ги носам ... морам да напоменам дека мразам тигрести нокти тоа е модна катастрофа барем за мене
Никој од дизајнериве не го сака принтов. Michael Kors Alexander Mcqueen Dolce & Gabbana Gucci Christian Louboutin