Здраво на сите! Како се справувате со анксиозноста во бременост? Имам едно детенце сакаме и друго, но премногу се плашам како ќе се одвива се :/
Јас бев бремена, се породив пред 10 дена. Цела бременост ми беше пекол. И претходно поради лоши животни ситуации две години бев за никаде, ама ете си рековме со сопругот детенце да имаме. Претходно пиев пароксетин и хелекс. Кога дознав дека сум бремена ги прекинав на своја рака, ама после една недела ме здрма уште појако анксиозноста, не можев да спијам да јадам, нагони на повраќање (од анксиозност) други беа мачнините од бременоста. Не можев да издржам и само црни мисли ми минеа низ глава, најлоши сценарија, бев на психолог не помогна разговор и се наканив да одам на психијатар ми препиша прво диазепам ама не помогна иако немав пиено претходно, отидов пак со панични напади и ми препиша Хелекс... цела бременост ја поминав со Хелекс од 0,5 и бев преплашена какво дете ќе родам. Фала му на Господ здраво право бело розевко сега не пијам ништо откако се породив. Тој ми е Хелекс Зборот ми беше, ако се одлучите за бременост посетете си психолог, ако не помага разговор тогаш психијатар, ќе си кажете се отворено, има дозволени седативи, антидепресиви во бременост. Бременоста не е болест или слично, нормална состојба за една жена само што повеќе хормони работат. Исто голема поддршка од блиски и сопруг!!! Среќно!!!
Девојки јас бев и на гинеколог, и на психолог и психијатар и ми ги дозволија елицеа. Значи може да се пијат, но нормално зависи од ситуацијата на секој човек. Сите ми го кажаа истото, и анксиозноста и депресијата е состојба која мора да се третира и лечи, а не да се остави сама на себе...
Здраво девојки. Дали некоја мака мачи со анксиозност??? Јас и пред да забременам борба водев. Пиев цитрам со консултација на психијатар. Рече не гледам потреба повеќе да си на терапија, ќе те оставам сега за сега така... после месец, два забременив ама воопшто не се осеќам добро. Страв ми е од дома да излезам, само дома сакам да сум да лежам и ништо да не правам, страв ми е да не накалемим депресија Со мм излегувам, као посигурно се осеќам со него ама не е тоа тоа. Не сакам да сум зависна, сакам да сум слободна да излагам сама да шетам и сл. Пробувам сама ама одма почнуваат панични, такихардии, лошење, заматен вид. КАТАСТРОФА!!
Исто така жал ми е и за бебчето. И тие се осеќаат, нашето расположение се префрла на нив јас цело време под стрес и тоа душиче си трпи
Jas so prvata bremenost, uzas.. ne sedev doma voopsto, gledav da sum non stop izlezena i megu luge. Vtorata mi bese patoloska bremenost, 7 meseca od.krevet ne stanav, bev mnogu relaksirana. Ama citav biblija...mi pomagase taa literatura.
Ako ti sozdava anksioznost ne izleguvaj, sekako ke pocne i zagaduvanje sega.. sedi si doma gledaj si filmovi
Како да не излегувам? Што ако западнам во тешки депресии? и до кога рака да седам дома и да се кријам ?
Твоето друго е. Си морала да си дома. Јас фаламу на Бога до сега имам уредна бременост кај што ништо не ми е забрането. Ама со години се мачам со анксиозност а сега више ми е пикот
Штом и претходно си имала анксиозност, сега во бременост со хормони плус, уште толку ти е засилена…и некои чувства се посилни од тебе… Ако ти е полесно со сопругот, со него излегувај за почеток, седни си на кафе, па викнете некој со вас, ќе смениш муабет и нема да мислиш на тоа цело време. Има многу убави книги за бременост кои можеш да си ги читаш, пушти си серија, некоја комедија. Знам дека звучи клише сето ова, ама ете почни од некаде.
А што ако не биде ништо? Што ако баш убаво си поминеш? Анксиозноста се храни само вака. Ќе си ставиш во глава позитивна мисла само и така ќе гледаш нс работите. И така нема да ја храниш анксиозноста.
Тоа све е ок. Све е пробано. Читам книги, обожавам да Читам. Бо последно имам проблем што Читам колку да се чита.... концентрација 0, некако ништо нема што ме исполнува. Незнам што се дешава периодот, како сега не било никогаш....
И јас сум како тебе,пиши ми лп ако сакаш. Инаку гледам да излегувам што е можно повеќе,ама гадното чувство е секогаш во мене. Некогаш си мислам дека нема да можам да се породам.
Хормоните уште толку си имаат влијание плус. А да разговараш со психолог? Има многу што работат со трудници, башка ептен честа појава стана, нема ништо страшно. Подобро така отколку да се мачиш секој ден.