Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од sanjasanjuska, 3 август 2010.

  1. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од пораѓај и сл иако имав со првата бременост трагичен крај. Со првата бременост значи еден симптом немав на анксиозност, дури и се чудев ама се тоа што се деси на пораѓањето мислам дека си го зеде данокот и сега сум тука кај што сум со битката :( излегувам не дека не ама дур да соберам храброст ехеее па кога ќе излезам цело време сум со паники и кога доаѓам дома се осеќам како на маратон да сум била. Може нас да не сфати само оној кој поминува низ ова
     
    На Simon4e0507, Baby warrior и ForeverME им се допаѓа ова.
  2. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Женски
    Не се срамам, не се плашам, воопшто. Си одам на психијатар уште и пред бременост. Ама рече дека не гледа потреба кај мене од апчиња и да ги редуцираме сеансите. Од кога останав бремена само еднаш сум била сега ми оди кон средина на месецов пак да одам. Имам закажано термин
     
    На Baby warrior и Elliana им се допаѓа ова.
  3. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.244
    Пол:
    Женски
    Знам,силата ни се зема од анексот,не од бременоста. Мене ми е мачно,од желудник од глава како лошење имам. Се е од анксиозноста за жаал. Не можеш да се опуштиш никако. Мозокот ти работи 24/7 само на банални работи и лоши филмови. Кај мене така..
     
    На Baby warrior и ShtruMfeticka им се допаѓа ова.
  4. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Женски
    Исто. Се мачев и еден период со несоница од што бев преоптеретена. Налеет. Ќе помине, јаки сме :)
     
    На Baby warrior и ForeverME им се допаѓа ова.
  5. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    172
    Jas izleguvav sekoj den I begav od anksioznosta, begav od sebe. Se istoshtuvav bukvalno za da mislam sto pomalku na stravovite I doagjav doma samo za spienje. Jas bi pravela se sto ti e udobno I prijatno vo momentov, ako toa e sedenje doma zosto da ne. Mozes da viknes I prijateli doma, ne znaci deka treba da se izoliras
     
  6. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    172
    Kako da ja opisa mojata bremenost
     
  7. Ordinary Mom

    Ordinary Mom Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2023
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka ima trudnici sto zemale terapija. Ako e netrpeliva sostojbata, podobro taka. Najbitno da si dobro, stom si imala trauma normalno e pojava na anskioznost vo bremenost
     
    На ShtruMfeticka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Јас сум во потрага по добар психолог за разговори и вежби за себе контрола и ептен би била благодарна за препорака ско сте задоволни од некој посебно во Скопје. Ситуацијата кај мене е следна: Во февруари во 18та недела го изгубив моето бебе и се заврши со пукање на водењак и природен пораѓај. Мн тешка бременост со мн крварења и лежење. Болката по загубата беше огромна психички ми беше претешко, посетив психолог онлајн но некако не забележав прогрес бидејќи беше како да разговарам со другарка ми никаков посебен наод со насока што понатаму.
    Така поминуваа месеците и летото и сама работев на себе, селектирав мисли, активности итн. Пред некој ден добив позитивен тест и пресреќна сум што успеавме да дојдеме до втора бременост, ептен сме на почеток сега но анксиозноста ми се враќа, најстресно ми е одењето во тоалет, секое бришење ми е терор да не случајно видам крв пак како минатата бременост. За среќа де е ок но ептен сум на почеток. Ептен ми треба психолог за разговор и насока како да се движам низ вторава бременост и да успеам да ја износам до крај. Затоа женски препораки пишувајте… ептен ќе ми значи
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    7.808
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе ти пуштам една гушка и ќе ти кажам дека позитивните мисли мора да те водат. Многу ми е жал за тоа што ти се случило, и верувај дека овој пат нема да е така. За жал стравот ќе е присутен, ама тоа не значи дека ќе биде нешто лошо и овој пат. Одлично што веднаш реагираш и сакаш да почнеш со психолог, супер одлука. Верувај дека ептен ќе ти помогне. Кога и да ти треба разговор ти стојам на располагање. Не сум психолог, ама сум ја победила анксиозноста и многу добро знам низ што се поминува. Ти праќам гушки и позитивно само.:l:
     
    На Hygge-girl, ForeverME и Baby warrior им се допаѓа ова.
  10. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    4.458
    Пол:
    Женски
    Најпрво најголеми честитки :hug:. Се надевам дека ќе имаш лесна и школска бременост до крај. Многу ми е жал за тоа што си го поминала, некогаш и не сме свесни колку сила има во нас! Да бидеш свесен и да работиш на себе, за да не западнеш во депресија после таква загуба е многу голема работа.

    Јас исто така се борев и уште се борам со голема анкциозност. Позади мене имам 4 неуспешни бремености - 3 спонтани и 1 биохемиска и 3ипол годишна битка за бебче. Моментално сум бремена во 25тата недела. Битката што ја водам сама со себе уште од почеток, не ми е ни најмалце лесна. Се до 13та недела, во ниеден момент не си дозволив да се израдувам ни на секунда, им немавме кажано дури ни на нашите родители. Само чекав нешто да тргне на лошо и да заврши трагично и оваа бременост. До ден денес знам на најмала болка или состојба да се тресам и во мојата глава да си ја претставам х100 полоша од тоа што навистина е. Црни мисли милијарда, но со многу поддршка од сопругот, фамилијата и пријателите буткам ден за ден.
    Додека ја водев мојата битка со стерилитет и спонтаните посетував психолог. На почеток идев кај една помлада девојка (30тина години), но некако не си кликнав. Иако одев подолго време кај нејзе и давав шанса на нејзе и на процесот, не се чувствував дека имам прогрес. После некое време, дојдов до сознание дека различни психолози се специјализирани за различни тематики. Така почнав да барам психолози кои се специјализирани на тема инфертилитет и тешки бремености и дојдов до една прекрасна жена на некои со 50тина години, која премногу ми помогна да си ги средам црните мисли и анкциозноста. Топло ти ја препорачувам, жената со толку емпатија и внимателност работеше со мене, што дури после 2-3 сесии почувствував дека сум многу подобра и посигурна во себе. Доколку си заинтересирана, слободно пиши ми приватна порака и ќе ти го дадам нејзиниот број.

    Ќе биде се во ред, твоето rainbow baby е во мешко, а за помалце од 8 месеци и во твоите прегратки:inlove:.
     
    На Ladyme, beachedd и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Ви благодарм и на двете ептен :inlove: се надевам дека овојпат ќе успеам да износам здраво и живо бебе до крај и дека целата тежина психолошка ќе исчезне кога ќе си го гушнам до мене :l:
     
    На LUCI 99, Simon4e0507, Topcica1990 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Simon4e0507

    Simon4e0507 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Само опушти се срц,се ќе биде во ред ќе видиш.Главата горе и само напред.Поддршка и од мене
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.