Јaс знaм. Немaaт ист сoстaв. Асентрa е sertaline, a елицеa е escitalopram. Зa депресијa се кoристaт и двете.
Мојот пост би звучел слично како на Елени....кога би имала време поопширно да опишам..после повеќе од 11 год,борба со анкс јас сум на најгорно скалило..фала му на Бога
srcka gledam geka si bila so ankcioznost vo bremenosta ? kako se spravi ? piese nesto ? dali mozi heleks da se pie ?
Здраво девојки би сакала тука да се приклучам и јас.бремена сум 5 недела среќна сум.меѓутоа поради лоша случка станав и анксиозна примав и терапии меѓутоа веќе не.како се справивте со анксзизност во бременост како реагирате јас сум многу плашлива и од вчера сум со кнедла во грло.хелп може
Најпрво нека ти е со среќа и со лесно бременоста. Јас сум девети месец и 6 години се борам со анкс само што не примам никаква терапија. Примав само 6 месеци на почетокот пред едно 4-5 години но решив дека не сакам да се трујам со апчиња и од тогаш се немам напиено никакво апче. Бременоста фала му на Бога ми помина супер сеа чекам у секој момент да се породам и да се гушкам со бебушот. Мој совет ти е замислувај си го бебчето како е до тебе како те гледа ти се смешка и колку многу го сакаш и тоа ќе ти даде најмногу сила. Оди си на редовни контроли води се уредна бременост и ќе биде се во ред, опушти се верувај дедо Боже сите не чува.
Дај боже мила се надевам знам дека најбитни се позитивните мисли.сите викаат дека за време на бременост нема ни панични напади па од тој страв само си ја скратувам среќата.но овој пат имам за што да се борам нека ни е со помин и лесен пораѓај ❤❤❤
Не се секирај нема да имаш панични напади од самата помисла дека со тоа му наштетуваш на бебето ќе проработи мајчинското во тебе и самиот организам ќе ги сопре нападите. Верувај дека си многу посилна од тоа што мислиш. Штом успеваме со оваа грда болест да станеме насмеани наутро и да си легнеме да го поминеме денот без терапии и без од страна да не приметат, верувај дека имаме ненормална сила во нас. Дај Боже да си миниш лесна бременост како мојата со уживање и со галење на мешето и уште полесен пораѓај.
Немав типични напади само вознемиреност и веднаш се стопирав. На почетокот само 2-3 пати имав напад ама кај мене не се познава само 2-3 мин трае и имам страв дека ќе се онесвестам ама почнувам со муабет и со смеење и поминува. А тоа беше на почетокот и знаев дека може да му штети на бебето и некако успевав да ги контролирам нападите имав некоја сила. Мене најголем страв ми беше од онесвестување и од земање крв ама фала Богу немав проблрми. Секој месец ми земаа крв а јас цело време мислев на бебето и поминував без проблеми. Знам дека ако се онесвестам меене нема ништо да ми биде ама можам бебушот да го повредам и искрено тоа ми даде најмногу сила и мислам дека гвеќе го надминав стравот од крв вадење.
Оф леле и кај мене има вознемиреност оробувам да се стопирам ама кнедла во грло тресење на раце и нозе секое сабајле ми е вакво не ми се ни збори.се надевам ке пребродам.само што сакав да и де вратам на терапијата направив тест и открив дека сум трудна
Душо златнаа не се нервирај само полошо правиш за бебето. Еве јас да ти се пофалам се породив и ја добив најубавата мома на цел свет и бескрајно сум му благодарна на Бога за тоа, Да ти кажам искрено најголем страв ми беше да не ми се случи нешто на порагај да не се онесвестам и сл/ Ама кога дојде денот немав ама буквално ни трошка паника, Сто пати боцкаат де провокации, де спазмекс де крвна слика и шо да ти кажам. Ама тогаш работеше мајчинското и со Божја помош родив здрава ќерка. Опушти се верувај дека ништп не е поважно од твоето дете размислувај така и ќе видиш како мајчимскиот инстинкт ќе те крепи.
Lele ista sum I jas strav od vadenje krv I sekogas mi pagja premlaka koga mi zimat a uste poloso e sto imam tenki veni I nekogas me buckaat dvapati I uste tolku mi se slosuva. Jas sum 11 nedela bremena a plus imam Anksioznost povrzana so grizi okolu zdravjeto non stop,ne sum primala terapija do sega voopsto osven sto posetuvav psiholog i gore dolu znam nekogas da se spravam so grizite,no sega vo bremenosta se plasam da ne mi se zasilat uste povekje plus strav mi e od poroduvanje I site tie postojani ispituvanja I nez kako ke projdam
Јас да ти кажам искрено бременоста многу ми помогна да ја надминам анксиозноста заради тоа што се фокусирав на бебето и само тоа ми беше важно и Господ ми помогна. Е сеа кога одев за крв земање секогаш си легнував и си замислувам како изгледа бебушот и ниту еднаш не ми се слоши. Е сеа јас немам страв од болки за породување,мене ми беше страв да не ми се слоши на сред пораѓај да не се онесвестам па да се искомпливцира. Фала му на Господ помина се во ред на пораѓајот и супер бевме со бебушот. Исто у тие 4 дена ставаат и инекции по 2 на ден и крвни слики прават пред и после пораѓај ама верувај немаш време да мислиш на тоа. Мене еднаш и додека ја доев малата ме боцнаа со инекции, тие се антибиотици за пукнат водењак за раната да не се инфицира. И да ти кажам дека тогаш ја имаш од дедо Боже најголемата сила. Увживај си во бременоста не му префрлај на бебето стресови на бебушот, верувај и се ќе биде во ред. Ти посакувам да имаш прекрасна бременост како мене и супер да помините на пораѓај
Ти благодарам мила многу ми значи твојот совет,и длабоко во себе се надевам дека се ќе пројде како што треба и баш како што кажа ти битно е да се фокусираме само на позитивно ама нели некогаш и стравот си го прави своето. Инаку јас веројатно се плашам од крв затоа и ми е страв кога ми земаат па веројатно и за тоа од самиот пораѓај кога ќе видам крв страв ми е да не се изгубам ама со сила и верба се надевам ќе го пребродам лесно ❤
majki kako se spravuvate so anksioznosta vo bremenosta.jas sum 31 nedela i do sega ete dobro pominav,no eve nekolku dena osekam golema voznemirenost i me strav da ne nesto mu nastetam so ovaa sostojba na bebencata